Хајао Мијазаки
Хајао Мијазаки | |
---|---|
Роден(а) | јануари 1941 (воз. 83 г.) Бункјо,Токио, Јапонија |
Занимање | Аниме режисер Аниматор Сценарист Мангака |
Активен | 1963–денес |
Познат(а) по | Наусикаа од долината на ветрот Принцезата Мононоке Авантурите на малечката Чихиро Подвижниот замок на Хоул |
Сопружник | Акеми Ота |
Хајао Мијазаки (宮崎 駿 , Мијазаки Хајао, роден на 5 јануари 1941) — јапонски манга-уметник и истакнат режисер и аниматор на многу популарни аниме-долгометражни филмови. За време на својата долга, 50-годишна кариера, Мијазаки има постигнато меѓународно признание како создател на долгометражни анимирани филмови, и заедно со Исао Такахата го создале Студио Гибли, анимацијско студио и продукциска компанија. Успехот на филмовите на Мијазаки предизвикал споредби со амерканскиот аниматор Волт Дизни, британскиот аниматор Ник Парк и Робер Земекис, и е именуван за еден од највлијателните луѓе во светот од Time магазинот.
Мијазаки ја започна својата кариера во Тоеи Аниматион како помошен уметник за Gulliver's Travels Beyond the Moon каде ги постави своите идеја кои евентуално беа искористени како крај на филмот. Мијазаки продолжи да работи во различни улоги во анимациската индустрија во текот на десет години, сè додека не доби можност да го режисира својот прв долгометражен филм Lupin III: The Castle of Cagliostro кој излезе во 1979. По успехот на неговиот следен филм, Наусикаа од Долината на ветрот, го ко-основа Студио Гибли каде продолжи да продуцира многу долгометражни флмови сè до Принцезата Мононоке по што се привремено пензионираше.