Патување со душите

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Патување со душите“
РежисерХајао Мијазаки
ПродуцентТошио Сузуки
Главни улогиРуми Хираги
Мију Ирино
Мари Нацуки
Бунта Сугавара
МузикаЏо Хисаиши
КинематографијаАцуши Окуи
МонтажаТакеши Сејама
СтудиоСтудио Гибли
Премиера7 јули, 2001 г.
Времетраење125 минути
ЗемјаЈапонија
ЈазикЈапонски
Буџет¥1.9 милијарди
$19 милиони
930 милиони мкд
Бруто заработка¥27,492,509,500
($274,925,095)

Патување со душите (јапонски: 千と千尋の神隠し), познат и како Авантурите на малечката Чихиројапонски анимиран фантастичен филм од 2001 година, напишан и режиран од Хајао Мијазаки и во продукција на Студио Гибли. Со овој филм Мијазаки го освоил својот прв (и досега единствен) Оскар за најдобар анимиран филм. Филмот ја раскажува приказната на Чихиро Огино, мрзливо десет-годишно девојче, кое запаѓа во свет на духови и чудовишта. Откако нејзините родители се претворени во свињи од страна на вештерката Јубаба, Чихиро започнува да работи во јавна бања со цел да најде начин да се спаси себеси и своите родители, и да се врати во човечкиот свет.

По објавувањето Патување со душите станал најуспешниот филм во јапонската историја со заработувачка поголема од $274 милиони и позитивни критики, надминувајќи го Титаник на јапонскиот бокс-офис. На 75-тото доделување на Оскарите, филмот победил во категоријата за Најдобар анимиран филм, како и Златна Мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2002 година. Исто така, се наоѓа на BFI-списокот „Топ 50 филмови што треба да ги погледне секое дете до 14-годишна возраст“.

Приказна[уреди | уреди извор]

Чихиро и своите родители се селат во својот нов дом. Со цел да стигнат побрзо, таткото вози по пократок пат низ шума во која се наоѓаат мали камени куќички во кои живеат духови. Тие предизвикуваат страв во Чихиро. Ненадејно, го губат патот и стигнуваат во таинствен храм што всушност е свет на духовите. Таму, нејзините родители јадат од храната на боговите, и набрзо подоцна се претворени во свињи како казна. Чихиро, која не се послужува од храната, не е казнета. Талкајќи очајно, таа наидува на момчето Хаку што ја советува да се вработи во светот на духовите, за да може да остане таму и да пронајде начин да ги спаси своите родители.

Преку многуте пречки со кои Чихиро се соочува, таа постепено прераснува од разгалено и самоволно детиште во разбрано, силно и верно девојче.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Освоен Оскар за најдобар анимиран филм.
  • Освоена Златна Мечка во Берлин за најдобар филм.
  • Номинација за BAFTA (најдобар странски филм).
  • Освоен New York Film Critics Award (најдобар анимиран филм).
  • Освоена награда Сатурн за најдобар анимиран филм.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Чихиро Огино и Сен — Руми Хираги;
  • Хаку — Мију Ирино;
  • Јубаба, Зениба — Мари Нацуки;
  • Камаџи — Бунта Сугавара;
  • Безличен — Тацуја Гашуин;
  • Рин — Јуми Тамаи;
  • Бо — Рјуносуке Камики;
  • Акио Огино — Такасши Најто;
  • Јуко Огино — Јасуко Савагучи;

Наводи[уреди | уреди извор]