Прејди на содржината

Џо Хисаиши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џо Хисаиши
Животописни податоци
Родено имеМамору Фуџисава
Роден(а)6 декември 1950(1950-12-06)(74 г.)
ПотеклоНагано, Јапонија
ЖанровиФилмска музика
ЗанимањаДиригент, Композитор, Аранжер
ИнструментиВиолина, Пијано, Клавијатура
Период на активност1974–денес
Мреж. местоhttp://www.joehisaishi.com/

Мамору Фуџисауа (藤澤 守, [Фуџисауа Мамору] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help), роден на 6 декември 1950 г.), професионално познат по името Џо Хисаиши (久石 譲, [Хисаиши Џоо] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)), е јапонски композитор, диригент и режисер познат по над 100 саундрак изданија и соло албуми почнувајќи од 1981.[1] Хисаиши е исто така познат по неговите дела за пијано.[2] 

Поседувајќи посебен стилски звук, музиката на Хисаиши е позната и по тоа што истражува и вклучува различни жанрови, вклучувајќи минималистичка, експериментална електронска, европска класична и јапонска класична музика. Помалку познати се неговите други музички улоги; тој е транскрипор, автор, аранжер и диригент.

Обично се поврзува со аниматорот Хајао Мијазаки за чии филмови компонирал музика од 1984 година, меѓу кои спаѓаат: „НАУСИКАА ОД ДОЛИНАТА НА ВЕТРОТ“ (1984 г.), „ЛАПУТА: ЗАМОК НА НЕБОТО“ (1986 г.), „ТОТОРО“ (1988 г.), СЛУЖБА ЗА ИСПОРАКА НА КИКИ (1989 г.), ПОРКО РОСО (1992 г.), ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ (1997 г.), ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ (2001 г.), ПОДВИЖНИОТ ЗАМОК НА ХАУЛ (2004 г.) и ПОНЈО (2008 г.).

Тој добил и признанија за саундтраците што ги создал за режисерот Такеши Китано, вклучувајќи ги филмовите СЦЕНА ОД МОРЕТО (1991 г.), „СОНАТИНА (1993 г.), ДЕЦАТА СЕ ВРАТИЈА (1996 г.), ХАНА-БИ (1997 г.), КИКУЏИРО (1999 г.), и КУКЛИ (2002 г.), како и за серијалот видео игри „НИ НО КУНИ. Тој бил студент на аниме композиторот Такео Уатанабе.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Хисаиши е роден во Накано, Нагано, Јапонија, како Мамору Фуџисауа (藤澤 守, [Фуџисауа Мамору] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)). На четиригодишна возраст, кога започнал да учи виолина во Виолинското училиште Сузуки Шиничи, тој ја пронашол својата страст во музиката. Од оваа возраст, тој исто така започнал да гледа по 300 филмови годишно со неговиот татко, кој влијаел на неговата кариера.[3] Сфаќајќи ја својата љубов, тој го посетувал Музичкиот колеџ Кунитачи во 1969 година на насоката за специјализација на музичка композиција. Хисаиши соработувал со минималистички уметници како транскриптор, напредувајќи со своето искуство во музичкиот свет.

Прв успех во бизнисот имал во 1974 година кога ја компонирал музиката за аниме серијалот ГИАТРУС. Ова и другите рани дела се создадени под неговото родено име. Во овој период, тој компонирал и за „САСУГА НО САРУТОБИ“ („Нинџа академија“) и ФУТАРИ ДАКА („Последна брзина“).

Во 1970-те години, јапонскиот поп, електронската музика и њу ејџ музиката зацветале; овие жанрови, како и Yellow Magic Orchestra (јапонски електронски бенд од 1978–1983 г.), влијаеле на композициите на Хисаиши. Тој ја развил својата музика од минималистичките идеи, проширувајќи се кон работа со оркестар. Околу 1975 година, Хисаиши го претставил својот прв јавен настап, ширејќи го своето име околу неговата заедница. Исто така, од 1978 година, тој долго работел на композиции за лимени инструменти. Неговиот прв албум, „MKWAJU“, бил издаден во 1981 година, а албумот „Information“ бил објавен една година подоцна. Неговите први големи аниме саундтрак дела беа за ГИАТРУС (1974 г.) и „РОБОКО БЕЕТОН“ (1976 г.).

Бидејќи неговите дела станувале добро познати, Хисаиши создал алијас инспириран од Квинси Џоунс, американски музичар и продуцент. Запишан на јапонски, „Квинси Џоунс“ станал „Џо Хисаиши“ („Квинси“ се изговара „Куиншии“ на јапонски јазик, па може да се запише со користење на истиот канџи како што се пишува „Хисаиши“; „Џо“ потекнува од „Џоунс“.)[4]

1981–98 година: Аниме филмска индустрија

[уреди | уреди извор]

Во 1981 година, Хисаиши, со своето ново име, го издал својот прв албум со уметничка музика, „MKWAJU“, а во 1982 година го издал електропоп-минималистичкиот албум „Information“. Потоа, во 1983 година, Хисаиши бил препорачан од Токума, кој му го издале последниот албум, да создаде албум со слики за анимираниот филм „НАУСИКАА ОД ДОЛИНАТА НА ВЕТРОТ. Хисаиши и режисерот на филмот Хајао Мијазаки станале одлични пријатели и соработувале на многу идни проекти.

Во 1985 година, тој го основал своето студио за снимање — „Чудесната станица“. Соработката со Мијазаки била споредена со онаа на Стивен Спилберг и Џон Вилијамс. Оваа голем пробив довел до огромен успех за Хисаиши како композитор на филмски дела. Во 1986 година, „ЛАПУТА: ЗАМОК НА НЕБОТО“ бил првиот филм што ќе се појави под името на Студио Гибли, а неговиот нежен, лесно меланхоличен тон ќе стане познат заштитен знак за голем дел од подоцнежните изданија на студиото.[5] Подоцна, во 90-тите години, ПОРКО РОСО и ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ биле издадени. Како што Хисаиши ја зајакнувал својата репутација како еден од најголемите музички соработници во аниме индустријата, неговите композиции (вклучително осум кино филмови и едно ОВА) ќе станат некои од главните белези на раните аниме серии од 1980-те и 1990-те години. Хисаиши компонирал и за ТВ и филмски хитови како „САСУГА НО САРУТОБИ“, „ДВАЈЦА ДОЛУ ПОЛНА БАЗА“, „ТОНДЕ МОН ПЕ“ и анимето ТЕХНО ПОЛИЦИЈА 21Ц (1982 г.), „САСУРАГИ“ (1983 г.), ФУТАРИ ДАКА (1984 г.), АРУПЕН РООЗЕ (1985 г.) и ОЗ НО МАХОТСУКАИ (1986 г.). Тој работел и на научно-фантастичната серија „МОСПЕАДА“ (1983 г.), која подоцна била преработена (без неговата музика) во третиот сегмент од компилацијата на Карл Мачек — „РОБОТЕК“. Други филмови на кои што работел се МОБИЛЕН КОСТУМ ГАНДАМ 2: ВОЈНИЦИ НА ТАГАТА (1981 г.), МОБИЛЕН КОСТУМ ГАНДАМ 3: СРЕДБИ ВО ВСЕЛЕНАТА, (1982 г.), РАЃАЊЕ (1984 г.), АРИОН (1986 г.), РОБОТСКИ КАРНЕВАЛ (1987 г.), ТОТОРО (1988 г.), ГРБОТ НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО и МАИСОН ИККОКУ (1988 г.), ВОЈНИ НА ВЕНЕРА (1989 г.), СЛУЖБА ЗА ИСПОРАКА НА КИКИ (1989 г.), ПОРКО РОСО (1992 г.) и ОКЕАНСКИ РАЈ (2010 г.). Тој исто така правел аранжмани за тематски песни и компонирал музика за почетни, крајни и меѓусценски аниме песни во ЛАЛАБЕЛ (1980 г.), ЗДРАВО! СЕНДИБЕЛ (1981 г.), БЕЛА И СЕБАСТИЈАН (1981 г.), ВОЛТРОН (1981 г.), АИШИТЕ ВИТЕЗ (1983 г.), КРИМИ МАМИ, ВОЛШЕБНИОТ АНГЕЛ: ПОСЛЕДЕН ПОВИК (1986 г.) и КИМАГУРЕ ПОРТОКАЛОВ ПАТ (1988 г.).

Колку повеќе Хисаиши работел во аниме индустријата, неговата кариера растела. Како што започнал соло кариера, започнал да произведува музика и создал своја сопствена етикета (Wonder Land Inc.) во 1988 година. Една година подоцна, Хисаиши го издал својот соло албум „Pretender“ како прв албум под новата етикета.

1998–2004: Светски успех

[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, Хисаиши го обезбедил саундтракот за Зимските параолимписки игри во 1998 година. Следната година, тој ја компонирал музиката за третиот дел од серија за популарни компјутерски анимирани образовни филмови за човечкото тело. Во истата 1999 година, тој ја компонирал музиката за филмот на Такеши Китано, „КИКУЏИРО, а насловната песна „Лето“ станала една од најпрепознатливите композиции на Хисаиши.

Во 2001 година, Хисаиши ја продуцирал музиката за новиот филм на Китано, „БРАТ“, и анимираниот филм на Хајао Мијазаки, ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ. Тој исто така служел како извршен продуцент на „Движење Ноќна фантазија 4“ на Јапонското експо во Фукушима во 2001 година. На 6 октомври, Хисаиши дебитирал како филмски режисер во „КВАРТЕТ“, дополнително пишувајќи ја музиката и сценариото. Филмот добил одлични критики на Филмскиот фестивал во Монтреал. Неговиот прв саундтрак за странски филм, „Л' Пети Пусе“ („Малиот Палчко“), бил објавен истата година.

Хисаиши во Краков (2011 г.)

Друг филм од Мијазаки, ПОДВИЖНИОТ ЗАМОК НА ХАУЛ, за кој Хисаиши ја компонирал музиката, бил објавен на 20 ноември 2004 година во Јапонија. Од 3 до 29 ноември 2004 година, Хисаиши ја започнал својата турнеја „Џо Хисаиши слобода – приказни за пијано 2004“ со канадски музичари. Во 2005 година, тој го компонираше саундтракот за корејскиот филм, „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ДОНГМАКГОЛ (웰컴 투 동막골) Тој исто така го компонирал саундтракот за корејската, историски обележана, големо буџетска, драмска серија на МБЦ ЛЕГЕНДАТА (태왕사신기, „Приказната за четирите богови на првиот крал“), објавена во 2007 година. Хисаиши има голема обожавателска база во Кореја поради популарноста на филмовите од Мијазаки.

2006–2013 година

[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Хисаиши го издал студискиот албум, „Asian X.T.C“,[6] чии композиции демонстрирале значително еклектичен и современ источен стил. Ерху музичарката од кинескиот бенд 12 Girls Band, Жан Ли Џун свирела концерт со музика од овој албум. Следната година, тој го компонирал и снимил саундтракот за филмот на Фредерик Лепаж, „САНИ И СЛОНОТ и филмот на Мијазаки, ПОНЈО, двата објавени во следната 2008 година, како и музиката за филмот на Џианг Уен, СОНЦЕТО ИСТО ТАКА ИЗГРЕВА (太阳照常升起).[7]

Во 2008 година, Хисаиши го компонирал саундтракот за филмот ЗАМИНУВАЊА, добитник на Оскар за Најдобар странски филм,[8] и за „РАДО БИ СТАНАЛ ШКОЛКА“ (私は貝になりたい, [Уаташи уа Каи ни Наритаи] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)), филмска драма за судењата на воените злосторства по Втората светска војна, која се заснова на романот на Тетсутаро Като од 1959 година, а во моментов се преработува во нов филм во режија на Катсуо Фукузауа, во кој ќе играат Масахиро Накаи и Јукие Накама.

Во август 2008 година, тој аранжирал и настапил на концерт диригирајќи со World Dream Symphony Orchestra,[9] притоа и свирејќи на пијано по повод за 25 годишнината од работата со анимираните филмови на Хајао Мијазаки.[10] На овој концерт учествувале над 1,200 музичари и бил распродаден светски познатиот Будокан.[11]

На почетокот на 2009 година, тој издал соло албум со песни од филмовите РАДО БИ СТАНАЛ ШКОЛКА и ЗАМИНУВАЊА.

Во 2010 година, тој станал поканет професор на Јапонскиот национален музички колеџ.[12]

Во 2013 година, Хисаиши ја компонирал музиката за документарниот филм за диви животни, „ЛЕГЕНДИ НА ДЛАБОЧИНИТЕ: ЏИНОВСКАТА ЛИГНА (世界初撮影! 深海の超巨大イカ),[13][14] со првата снимка од ова притаено суштество.[15]

На 28 јуни 2013 година, Хисаиши бил помеѓу поканетите да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки. Оваа чест им е укажана на оние „кои се истакнале со својот придонес во театарските филмски записи“.[16]

Во 2016 година, тој беше поставен како уметнички директор на Музејот на уметност во Нагано.[17]

Во 2017 година тој извел три концерти во Париз засновани на концертот од 25-годишнината од соработката со Гибли, изведувајќи во Palais des Congrès de Paris.[18]

Во мај 2018 година, Хисаиши настапил на пет распродадени концерти во своето деби во Северна Америка во Калифорнија, САД во Центарот за изведувачка уметност во Сан Хосе со симфонијата „Силициумска Долина“.[19]

Тој исто така го компонирал саундтракот за анимираната драма „ВО ОВОЈ АГОЛ ОД СВЕТОТ.[20]

2020 година - сегашност

[уреди | уреди извор]

На 21 февруари 2020 година, бил објавен албумот „Песни од соништата: Суштински Џо Хисаиши“.[8][21] Албумот вклучува 28 композиции објавени во текот на неговата кариера.

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Како резултат на неговата работа низ годините, Хисаиши е седумкратен добитник на наградата на Јапонската академија за Најдобра музика — во 1992 г.,[22] 1993 г,[23] 1994 г.,[24] 1999 г.,[25] 2000 г.,[26] 2009 г.[27] и 2011 г.[28] Тој, исто така, ја добил 48-та Новодојденец награда во 1997 година од Министерството за образование (Оддел за јавна забава) меѓу бројни други награди, признаен како влијателна фигура во јапонската филмска индустрија. Во 1998 година, тој ја освоил Наградата за уметност за нов изведувач (Оддел за популарни изведувачки уметности). Во 2005 година, тој ја освоил 31-та музичка награда од Здружението на филмски критичари во Лос Анџелес, за ПОДВИЖНИОТ ЗАМОК НА ХАУЛ. Во 2008 година, ја добил 10-та награда на Меѓународната асоцијација на филмски музички критичари од Телевизискиот оддел за најдобра оригинална музика, за корејската драма „КРАЛИЦАТА ШИКИГАМИ“.

Во ноември 2009 година, тој бил награден со Почесен медал со виолетова лента од страна на Владата на Јапонија.[29][30]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Одбрани дела

[уреди | уреди извор]
  1. Joe Hisaishi film score concerts – People's Daily Online Архивирано на 6 јануари 2014 г.. English.peopledaily.com.cn (23 July 2013). Retrieved on 12 May 2014.
  2. Bosier, Jen. „Joe Hisaishi Discusses Soundtrack for 'Ni No Kuni: Wrath of the White Witch'. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на 12 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
  3. Japanese, Love (2018-08-12). „Joe Hisaishi - The Composer Behind Studio Ghibli Songs & Music“. Love Japanese - Japanese Language & Culture Blog (англиски). Посетено на 2020-02-24.
  4. Joe Hisaishi// Who's Who // Архивирано на 28 ноември 2013 г.. Nausicaa.net. Retrieved on 2015-08-18.
  5. „Looking back at Laputa: Castle In The Sky“. Den of Geek (англиски). Архивирано од изворникот на March 12, 2018. Посетено на 2018-03-11.
  6. „UPCI-1051 | Asian X.T.C. / Joe Hisaishi - VGMdb“. vgmdb.net. Посетено на 2020-02-24.
  7. „A Flight Through the Music of Joe Hisaishi“. bachtrack.com (англиски). Посетено на 2020-02-24.
  8. 8,0 8,1 https://plus.google.com/110686239645171179005. „Joe Hisaishi Announces Dream Songs: The Essential Joe Hisaishi (Feb 21, Decca Gold)“. Shore Fire Media (англиски). Посетено на 2020-02-24.
  9. „World Dream Orchestra“. New Japan Philharmonic. New Japan Philharmonic. Архивирано од изворникот на 5 August 2017. Посетено на 17 June 2017.
  10. „Joe Hisaishi Special Gala Concert“. The Film Festival For Popular Asian Cinema. Centro Espressioni Cinematografiche. Архивирано од изворникот на 5 August 2017. Посетено на 17 June 2017.
  11. „Joe Hisaishi“. www.seattlesymphony.org. Посетено на 2020-02-24.
  12. „Joe Hisaishi's Music Future - Programs | National Kaohsiung Center for the Arts (Weiwuying)“. www.npac-weiwuying.org (англиски). Посетено на 2020-02-24.
  13. „The Giant Squid, Captured on Camera in its Natural Habitat for the First Time Ever!“ (PDF). NHK. 9 January 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 October 2013. Посетено на 11 July 2015.
  14. 幻の深海巨大生物. NHK. NHK. Архивирано од изворникот на 9 January 2013. 音楽・久石譲 演奏・東京ニューシティ管弦楽団。
  15. BBC Two – Natural World, 2013–2014, Giant Squid: Filming the Impossible – Natural World Special Архивирано на 27 март 2014 г.. Bbc.co.uk (23 March 2014). Retrieved on 12 May 2014.
  16. Academy Invites 276 to Membership Архивирано на 1 јули 2013 г.. Oscars.org. Retrieved on 12 May 2014.
  17. „Studio Ghibli Concert Program“. Issuu (англиски). Посетено на 2020-02-24.
  18. „Joe Hisaishi Symphonic Concert“. Overlook Events. Архивирано од изворникот на 18 June 2017. Посетено на 17 June 2017.
  19. „Joe Hisaishi Symphonic Concert - Music from the Studio Ghibli Films of Hayao Miyazaki - San Jose Theaters“. sanjosetheaters.org (англиски). Посетено на 29 May 2018.
  20. „In This Corner of the World Gets Live Action Series“. MANGA.TOKYO. 8 May 2018. Посетено на 8 May 2018.
  21. Twitter, Gary Graff ggraff@medianewsgroup com; @GraffonMusic on. „New Music: Royce 5'9", Ozzy Osbourne, Chainsmokers, Grimes and more...“. The Oakland Press (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-02-24.
  22. 第15回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на February 21, 2011. Посетено на January 23, 2011.
  23. 第16回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на February 21, 2011. Посетено на January 23, 2011.
  24. 第17回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на February 22, 2011. Посетено на January 23, 2011.
  25. 第22回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на July 14, 2014. Посетено на January 23, 2011.
  26. 第23回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на October 31, 2014. Посетено на January 23, 2011.
  27. 第32回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на July 14, 2014. Посетено на January 23, 2011.
  28. 第34回日本アカデミー賞優秀作品. Japan Academy Prize. Архивирано од изворникот на May 15, 2011. Посетено на May 20, 2011.
  29. „678 individuals, 24 groups awarded Medals of Honor“. Mainichi Shimbun. 3 November 2009. Архивирано од изворникот на 3 November 2009. Посетено на 26 October 2015.
  30. „Ghibli Composer Joe Hisaishi Awarded Medal of Honour“. Anime News Network. 3 November 2009. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 26 October 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]