Престиж (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Престиж“
Prestigeposter.jpg
Режисер Кристофер Нолан
Продуцент Ема Томас
Арон Рајдер
Кристофер Нолан
Настапуваат Хју Џекмен
Кристијан Бејл
Мајкл Кејн
Скарлет Јохансон
Ребека Хол
Енди Серкис
Давид Боуви
Музика Давид Џулиан
Кинематографија Воли Пфистер
Монтажа Ли Смит
Дистрибутер Buena Vista Pictures Distribution
Warner Bros. Pictures (International)
Премиераоктомври 17 2006 (2006-10-17) (Ел Капитан театар)
октомври 20 2006 (2006-10-20) (САД)
ноември 10 2006 (2006-11-10) (Обединетото Кралство)
Времетраење 130 минути
Држава САД
Обединетото Кралство
Јазик англиски
Буџет $40 милиони
Бруто заработка $109.7 милиони

Престиж е американски филм од 2006 година, во режија на Кристофер Нолан. Главните улоги ги толкуваат: Хју Џекмен, Кристијан Бејл, Скарлет Јохансон, Дејвид Боуви и Мајкл Кејн. Филмот е снимен според романот на Кристофер Прист.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Лондон, на почетокот на 20 век. Двајца магионичари Роберт Енгија и Алфред Борден работаат за постар магионичар Милтон и тие не се во толку добри односи, бидејки на Борден не му се допаѓа Енгија и тој го мисли него за лош магионичар. Еден ден, кога го праваат познатиот трик на Милтон во резервоарот за вода и каде и учествува жената му на Роберт, Џулија, како асистентка. Борден ѝ ги врзува рацето со појак јазол, затоа Џулија не успева да го лизне јазолот и се удавува. Ова трагедија го скршува Енгија и тој планира да му се одмазди на Борден, започнувајќи едно долготрајно непријателство. Енгија и Борден се разделуваат, започнувајќи сопствени магични кариери и се натпреваруваат меѓу себе. Борден, за разлика од Енгија, води успешен љубовен живот со тоа што се оженува со една жена која се вика Сара, која подоцна му раѓа ќерка. Тој исто така создава еден магичен трик кој тој го нарекува "Транспортираниот Човек". Енгија слушнува за трикот на Борден и одлучува да го украде за себе. Енгија нема појма како се прави трикот и тој го ангажира Рут да биде негов двојник за да може да го направи трикот. Енгија знае дека Борден чува некои тајни и затоа ја ангажира својата асистентка, Оливија, да го шпионира Борден и да ги открие неговите тајни. Наместо тоа, Оливија одлучува да му биде асистентка на Борден и да му помогне, бидејќи таа се заљубува во него. Сепак, Оливија му дава копија од дневникот на Борден на Енгија. Енгија, со дневникот, успева да ја открие тајната за успех на Борден - Никола Тесла. За таа цел, Енгија отпатува за Америка за да се сретне со научникот Никола Тесла со цел да добие една машина која ќе му овозможи успех. Врската помеѓу Алфред и Сара очигледно се влошува, и Сара извршува самоубиство. Тесла му открива на Енгија дека нема создадено било кавов уред за Борден, но создава една дупликанстка машина која е способна да дуплицира ствари. Незадоволен од својата машина, Тесла го советува Енгија да ја уништи машината. Енгија сега го прави трикот Транспортниот Човек поуспешен од кога било со помош на новата машина. кога успева да исчезне и после да се појави на врвот на балконот на задната страна на салата. Борден, во една прилика, го гледа трикот и една вечер, оди зад сцена за да сведочи како Енгија паѓа во резерворот за вода и се удавува, иако Борден се обидува да го спаси. Катер, сценскиот инженер, исто така е сведок на оваа сцена и Борден е уапсен. Борден е потоа прогласен за виновен за убиството и осуден на смрт. Во затвотот, агент на Лорд Калоу го посетува Борден, кој нуди да се грижи за ќерката на Борден, ако Борден ги открие сите свои магични трикови. Борден отпрвин одбива да ги открие своите магични трикови, но потоа се согласува и посетен од страна на Лорд Калоу, кој открива дека е самиот Роберт Енгија. Борден го моли Енгија да го спаси, но Енгија го игнорира и одлучува да го остави да умре. Борден е осуден на смрт и умира. Во еден театар, Катер разговара со Енгија, но кога Катер излегува од театарот, влегува еден непознат човек кој личи токму на Борден и го застрелува Енгија. Непознатиот човек открива дека е брат-двојник на Борден и дека тие го делаат идентитетот "Алфред Борден", на тој начин го правеле и трикот "Транспортираниот Човек". Енгија трагично умира во театарот.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дуел на маестрални магионичари“, Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 3.