Ејми Адамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ејми Адамс
Адамс на филмскиот фестивал во Торонто во 2016 година
Роден(а) Елми Лу Адамс
20 август 1974 (1974-08-20) (воз. 43 г.)
Виченца, Венето, Италија
Националност Американка
Занимање
  • Глумица
  • пејачка
Активен период 1995–сè уште
Сопружник Дарен Ле Гало (в. 2015)
Деца 1

Ејми Лу Адамс (родена на 20 август 1974 г.) — американска глумица и пејачка. Таа била именувана во списокот 100 највлијателни луѓе во светот кој го објавува списанието Тајм во 2014 година, и е една од највисоко платените глумици во светот.[1] Таа добила два Златни глобуси и била номинирана за пет Оскари и шест БАФТА награди.

Адамс својата кариера ја започнала во претстави кои се изведувале во ресторани и својата прва филмска улога ја имала во филмот Цркни убавице (1999). Откако се преселила во Лос Анџелес, таа главно играла улоги во телевизиски серии и во ниско буџетни филмови се до 2002 година кога глумела во биографскиот филм Фати ме ако можеш. Адамс направила пробив во 2005 година со улогата во независниот филм Јунска бубачка, во кој за изведбата на млада бремена девојка добила номинација за Оскар за најдобра споредна глумица. Во 2007 година, таа играла улога на принцеза во комерцијално успешниот музички филм на Дизни, Маѓепсани.

Адамс уште три пати била номинирана за Оскар и тоа за изведбите во филмовите Сомнеж (2008), Боксер (2010) и Мастер (2012). Таа ја играла улогата на Луис Лејн во суперхеројскиот филм Човек од челик (2013) и играла улога на уметник измамник во Американски измамници (2013); за вториот, таа добила Златен глобус за најдобра глумица во комедија или мјузикл и била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Таа добила втор последователен Златен глобус за изведбата во драмата Големи очи (2014). Во 2016 година, Адамс ја повторила улогата на Луис Лејн во Бетмен против Супермен: Зора на правдата, и добила пофалби за изведбите во научно-фантастичниот филм Пристигнување и трилерот Ноќни животни.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The World's Highest-Paid Actresses 2016“, „Forbes“ (конс. 30 ноември 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]