Сомнеж (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Сомнеж
(Doubt)“
DoubtPoster.jpg
официјален постер
РежисерЏон Патрик Шенли
ПродуцентСкот Рудин
СценаристПриказна:
Џон Патрик Шенли
НастапуваатМерил Стрип
Филип Сејмур Хофман
Ејми Адамс
Виола Дејвис
Џозеф Фостер
Жанрдрама
ДистрибутерMiramax Films
Премиера25 декември 2008
Времетраење104 мин.
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$25,000,000

Сомнеж (англиски: Doubt) е американски драмафилм на Џон Патрик Шенли од 2008 година. Филмот е адаптација на истоимената драмска претстава. Напишана од Џон Патрик Шенли, а продуцент е Скот Руди. Во актерската екипа се појавуваат Мерил Стрип, Филип Симор Хофман, Ејми Адамс и Виола Дејвис. Светската премиера на филмот била на 25 декември 2008 година.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1964 година, харизматичниот свештеник отец Брендан Флин (го игра Филип Сејмор Хофман) се обидува да внесе промени во правилата на католичкото училиште, каде што директорка е сестрата Алојзиус Бувие (ја игра Мерил Стрип). Таа верува дека правилниот начин на воспитување е со строгата дисциплина и всадувањето страв кај учениците. Почнуваат политички промени, кои секаде се прифаќаат, а во училиштето е примен првиот црн ученик Доналд Милер (го игра Џозеф Фостер). Но, кога сестрата Џејмс (ја игра Ејми Адамс) наивно ќе ѝ ги каже своите сомнежи на сестра Алојзиус, дека отецот Флин премногу внимание му посветува на Доналд, таа започнува со опасна битка решена да ја открие вистината и да го избрка Флин од училиштето. Без трошка морал и решена по секоја цена да ја истера работата до крај, истовремено и да го уништи отецот Флин, сестра Алојзиус прави сè што може. Но, нејзината лична борба постепено зазема поголеми размери и се заканува да донесе непријатни последици.[1]

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

66 издание на Златен Глобус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 831, 30.5.2014, стр. 14.