Филип Сејмур Хофман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филип Сејмур Хофман
Philip Seymour Hoffman 2011.jpg
Хофман во 2011 година
Занимањеглумец, режисер
Активен1991-2014
СопружникМими Одонел (1999-2014; до неговата смрт)

Филип Сејмур Хофман (англиски: Philip Seymour Hoffman; 23 јули 1967 - 2 февруари 2014[1]) — американски глумец, добитник на Оскарот за најдобар главен глумец, за улогата во филмот „Капоти“, од 2005 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

На 2 февруари 2014 година, Филип Сејмур Хофман бил пронајден мртов во својот дом во Њујорк, поради предозираност со хероин. Претходно, во текот на долги години, тој се лечел од зависноста од дрогата, но третманите на рехабилитација не дале резултати и тој повторно им се враќал на старите навики.[2]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Врвот на кариерата на Хофман се случил во 2005 година, кога за својата улога во филмот „Капоти“ ја добил наградата „Оскар“ во категоријата „главна машка улога“. За „Оскарот“, тој бил номиниран уште трипати, за улогите во филмовите „Учителот“, „Сомнеж“ и „Војната на Чарли Вилсон“. Инаку, тој редовно соработувал со режисерот Пол Томас Андерсон и играл во повеќе негови филмови, како: „Ноќи исполнети со буги“, „Магнолија“ и „Опиени од њубов“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Award-winning Actor Philip Seymour Hoffman Found Dead in Manhattan Apartment“. The Wall Street Journal. 2 февруари 2014. Посетено на 2 февруари 2014.
  2. 2,0 2,1 Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2 јануари 2015, стр. 13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]