Фати ме ако можеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фати ме ако можеш е американски филм, во режија на Стивен Спилберг. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Том Хенкс, Кристофер Вокен, Ејми Адамс и Мартин Шин. Филмот е снимен според вистинска приказна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Френк Абегнејл (го игра Ди Каприо) е тинејџер чиј татко (го глуми Вокен) има проблеми со даночните органи, така што мора да се преселат од пространата куќа во мал стан. Истовремено, тој е сведок дека неговата мајка има врска со друг маж. Гледајќи ги финансиските проблеми на својот татко, Френк се впушта во серија измами, мислејќи дека така ќе собере доволно пари за да го спаси семејството кое се распаѓа пред неговите очи. Затоа, тој се преправа дека е пилот и започнува да фалсификува чекови, а кога полицијата му влегува во трагата, тој се преправа во лекар, а потоа и во адвокат. На денот на неговата свадба, во куќата на неговата невеста упаѓа полицијата, но Френк во последен миг успева да побегне. Сепак, најпосле, тој е уапсен на југот на Франција (во родното место на мајка му) и детективот (го глуми Хенкс) со авион го носи во САД. Додека слетува авионот, Френк успева да побегне и оди во куќата каде што живее неговата мајка, која има нов маж и девојче. Френк сфаќа дека нема надеж да го обедини неговото семејство и се предава. Откако е затворен, еден ден, тој му помага на детективот да фати еден фалсификатор на чекови и оттогаш, тој работи за полицијата.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Потера по најголемиот измамник во светот“, Антена, број 845, 5.9.2014, стр. 3.
  2. „Фати ме ако можеш“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 15.
  3. „Биографска приказна за генијалниот измамник-тинејџер“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 3.