Пристигнување (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Пристигнување“
Https---i.ebayimg.com-images-g-HKIAAOSwB-1YsJAp-s-l300.jpg
РежисерДени Вилнев
Настапуваат
МузикаЈохан Јохансон
Макс Рихтер
КинематографијаБредфорд Јанг
МонтажаЏои Вокер
ДистрибутерParamount Pictures Sony Pictures Releasing (Меѓународно)
Премиера1 септември 2016 (2016-09-01) (Венецијански филмски фестивал)
11 ноември 2016 (2016-11-11) (САД)
Времетраење116 минути[1]
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$47 милиони[2][3]
Бруто заработка$191.3 милиони[3]

Пристигнување (англиски: Arrival) е научно-фантастичен филм од 2016 година режиран од Дени Вилнев и адаптиран од Ерик Хајсерер, заснован на кратката приказна од 1998 година, Приказна за твојот живот од Тед Чанг. Главните улоги во филмот ги играат Ејми Адамс, Џереми Ренер, Форест Витакер, Мајкл Сталбарг и Ци Ма.[4]

Пристигнување светска премиера имал на Венецијанскиот филмски фестивал на 1 септември 2016 година, и бил издаден во САД и во Канада на 11 ноември 2016 година во IMAX од Paramount Pictures. Филмот имал заработка од 191 милион долари во светски рамки и бил пофален за својата приказна, атмосфера и изведбата на Адамс. Американскиот филмски институт го вброил во најдобрите десет филмови во годината,[5] и бил номиниран за бројни награди, вклучувајќи осум номинации за Оскар на 89. доделување на наградите, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио. На крајот, филмот добил еден Оскар, и тоа за најдобра монтажа на звук. Пристигнување добил номинации за Златен глобус за најдобра глумица за Адамс и најдобра музика.[6]

Содржина[уреди | уреди извор]

Лингвистката Луиз Бенкс (Адамс) се грижи за својата ќерка тинјџерка Хана, која умира од неизлечива болест.[7] Додека предава на универзитетот, дванаесет вонземјански вселенски летала слетуваат на различни страни од светот. Полковникот на американската војска, Вебер (Витакер) бара од Луиз да се здружи со физичарот Ијан Донели (Ренер) за да го дешифрираат нивниот јазик и да дознаат зошто тие слетале на Земјата. Тимот е донесен во американскиот воен камп во Монтана, каде едно од леталата слетало, и тие отстваруваат контакт со два вонземјани со седум екстремитети во леталото. Тие ги нарекуваат вонземјаните „седмокраки“, и Ијан им доделува прекари Абот и Костело. Луиз дознава дека тие имаат напишан јазик од комплицирани кружни симболи, и започнува да учи симболи кои одговараат на основен речник на зборови. Како што станува постручна, таа започнува да гледа и сонува јасни слики од себеси и својата ќерка.

Кога Луиз ги прашува вонземјаните што сакаат, тие одговараат: „нуди оружје“. Сличен превод „користи оружје“ е протолкуван на едно од другите места каде што тие слетале. Стравот од можна опасност од вонземјаните ги принудува другите земји да ја прекинат комуникацијата на проектот, и некои од земјите ги подготвуваат своите војски за напад. Сепак, Луиз смета дека симболот протолкуван како „оружје“ можеби има алтернативен превод, како „алатка“ или „технологија“.

Подоцна војници тајно поставуваат експлозив во вселенското летало. Несвесни за тоа, Луиз и Ијан повторно влегуваат во леталото. Вонземјаните им даваат многу поголема и посложена порака. Абот ги исфрла двјцата од леталото кога се случува експлозијата, и тие ја губат свеста. Луиз и Ијан се враќаат во кампот во кој војската се подготвува за евакуација, додека пак во исто време леталото се искачува повисоко во воздухот. Ијан дознава дека симболите се однесуваат на концептот на време, и дека тоа е една дванаесеттина од целониот „подарок“; тие заклучуваат дека вонземјаните бараат од земјите да соработуваат меѓусебно.

Во меѓувреме, Кина соопштува на светот дека нејзината војска планира да го нападне леталото кое се наоѓа на нејзина територија. Луиз брза да се врати во леталото, кое праќа помало летало да ја собере. Таа комуницира со Костело, кој и соопштува дека Абот умира. Луиз прашува за нејзините визии во кои се појавува ќерка, и Костело и објаснува дека таа гледа во иднината, откривајќи ѝ дека нејзините „визии“ се настани кои се случуваат во иднина. Костело исто така ѝ соопштува дека тие се дојдени да му помогнат на човештвото споделувајќи го нивниот јазик, кој е „оружје“ бидејќи ја менува перцепцијата на умот за времето. Вонземјаните знаат дека по 3.000 години, тие ќе бараат помош од луѓето за возврат. Тие бараат од неа да го користи „оружјето“ — нејзината способност да гледа во иднината.

Кога Луиз се враќа од леталото, кампот е евакуиран. Таа има визија од себеси на прием на Обединетите Нации, каде ѝ се заблагодарува кинескиот генерал Шанг заради тоа што таа успеала да го убеди да го запре нападот. Тој ѝ објаснува дека таа го повикала на неговиот приватен мобилен телефон. Тој ѝ го покажува неговиот број. Во сегашноста, Луиз краде сателитски телефон и се јавува на Шанг, но сфаќа дека не знае што да му каже. Нејзината визија продолжува, така што Шанг објаснува дека таа го убедила кажувајќи ги последните зборови на неговата жена на мандарински јазик, кој тој ѝ ги кажува на Луиз. Ова го убедува Шанг во сегашноста, кинескиот напад е откажан и земјите ја продолжуваат меѓусебната комуникација, при што вонземјанските летала исчезнуваат од Земјата.

При подготовките да го напуштат кампот, Ијан признава дека е заљубен во Луиз. Тие разговараат за животни одлуки, и дали би ги смениле доколку ја знаат иднината. Луиз гледа визии дека Ијан ќе биде татко на нејзината ќерка Хана, чие име е палиндром, и дека ќе ја напушти откако ќе дознае дека нивната ќерка ќе почине на млади години. Иако таа гледа дека Ијан ќе ја напушти откако таа ќе ја открие иднината на ќерка им, кога тој ја прашува дали сакаат да имаат бебе, таа се согласува.

Улоги[уреди | уреди извор]

Прифаќање[уреди | уреди извор]

Заработка[уреди | уреди извор]

До 3 февруари 2017 година, Пристугнување заработил 98.7 милиони долари во САД и Канада и 92.6 милиони долари во други земји за вкупна заработка од 186.2 милиони во светски рамки, наспроти објавениот буџет од 47 милиони долари.[3]

Пристигнување бил издаден на 11 ноември 2017 година заедно со филмовите Речиси Божиќ и Заточеничка, и првично се очекувало да заработи околу 17 милиони долари од 2,317 кина во првата недела на прикажување, додека пак студиото очекувало првична заработка од 12–15 милиони долари.[2] Филмот заработил 1.4 милиони долари од ноќното прикажување на денот пред премиерата во 1,944 кина и 9.4 милиони долари на првиот ден на прикажување, пришто проекциите за заработка пораснале на 24 милиони долари. На крајот на првата недела, филмот заработил 24.1 милиони долари, завршувајќи на третото место.[8] Во втората недела, филмот заработил 12.1 милиони долари (пад од 49.6%), а во третата недела 11.5 милиони долари (пад од само 5.6%).[9] По добивањето на осумте номинации за Оскар, филмот се вратил во 1,221 кино на 27 јануари 2017 година и заработил 1.5 милион долари.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Arrival (12A)“. British Board of Film Classification. 19 септември 2016. http://www.bbfc.co.uk/releases/arrival-film. посет. 19 септември 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 „'Doctor Strange' to hold off 'Arrival' and 'Almost Christmas' at the box office“. Los Angeles Times. http://www.latimes.com/business/hollywood/la-fi-ct-movie-projector-20161107-story.html. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Arrival (2016)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=arrival2016.htm. посет. 29 јануари 2017 г. 
  4. Dargis, Manohla. „Review: Aliens Drop Anchor in ‘Arrival,’ but What Are Their Intentions?“, „New York Times“, 10 ноември 2016 (посет. 11 ноември 2016 г).
  5. Hipes, Patrick (8 декември 2016). „AFI Awards: Best Of 2016 List Includes 'Silence', 'Hacksaw Ridge' & More“. Deadline.com. архивирано од изворникот на 16 јануари 2017 г.. https://web.archive.org/web/20161222192150/http://deadline.com/2016/12/afi-awards-film-2016-list-silence-sully-zootopia-1201867080/. посет. 8 декември 2016 г. 
  6. „Golden Globes 2017: The Complete List of Nominations“. The Hollywood Reporter. 12 декември 2016. http://www.hollywoodreporter.com/lists/golden-globes-nominees-2017-list-955075. посет. 12 декември 2016 г. 
  7. „Grief is at the center of the season's strongest dramas, including 'Arrival' and 'Manchester by the Sea'“. 2 јануари 2017. http://www.latimes.com/entertainment/movies/la-et-mn-manchester-arrival-grief-20161227-story.html. посет. 8 февруари 2017 г. 
  8. „'Doctor Strange' Repeats at #1 as 'Arrival', 'Almost Christmas' & 'Shut In' Hit Theaters“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/news/?id=4241&p=.htm. 
  9. D'Alessandro, Anthony (24 ноември 2016). „‘Moana’ Rings Up $81M+ & Ranks As 2nd Best Thanksgiving Debut After ‘Frozen’“. http://deadline.com/2016/11/moana-fantastic-beasts-tuesday-box-office-thanksgiving-1201859220/. посет. 27 ноември 2016 г. 
  10. „Is Controversy Impacting ‘A Dog’s Purpose’ At The Box Office?“. Deadline.com. http://deadline.com/2017/01/dogs-purpose-split-resident-evil-gold-box-office-1201895463/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]