Том Харди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Том Харди
Роден(а)Едвард Томас Харди
15 септември 1977 (1977-09-15) (42 г.)
Лондон, Англија
ЖивеалиштеЛондон, Англија
Занимање
  • Актер
  • сценарист
  • продуцент
СопружникСара Вард (в. 1999; раз. 2004)
Шарлот Рајли (в. 2014)
ПартнерРејчел Спид (2004–2009)
Деца2

Едвард Томас "Том" Харди [1] (роден на 15 септември 1977 г.)[2] — англиски глумец, сценарист и продуцент.

Првата филмска улога тој ја добил во акциониот филм Падот на црниот јастреб (2001). Други значајни филмски улоги Харди толкувал во научно-фантастичниот филм Ѕвездени патеки: Немезис (2002), криминалниот филм Рокенрола (2008), биографско-психолошката драма Бронсон (2008), научно-фантастичниот трилер Почеток (2010), спортската драма Војник (2011), шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011), криминалната драма Без закон (2012), драмата Опасен повик (2013), криминалната драма Валкана испорака (2014), и во биографскиот вестерн-трилер Повратник (2015), за кој бил номиниран за Оскар за најдобар спореден глумец. Тој исто така го глумел Бејн во суперхеројскиот филм Подемот на мрачниот витез (2012), "Лудиот" Макс Рокатански во пост-апокалиптичниот филм Лудиот Макс: Пат на бесот (2015), и браќата Креј во криминалниот трилер Легенда (2015).

Телевизиски улоги Харди играл во минисериите Браќа по оружје (2001), Кралица девица (2005), Оркански височини (2008), Превземање (2009), како и во британската криминално-историска ТВ серија Пики Блајндерс (2013).

Харди исто така глумел во британски и американски театарски претстави. Тој бил номиниран за наградата Лоренс Оливије во 2003 година за најдобар новајлија за неговата улога на Сканк во претставата Во Арабија сите ние би биле кралеви, а бил награден со наградата Ивнинг Стандард за најдобар новајлија за неговите изведби во Во Арабија сите ние би биле кралеви и за улогата на Лука во Крв. Во 2007 година тој глумел во претставата Човек со убави манири и добил позитивни критики за неговата изведба во претставата Долга црвена патека режирана од Филип Сејмур Хофман во 2010 година.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Харди на Канскиот филмски фестивал во 2015 година

Во 1999 година, Хари се венчал со Сара Вард, продуцентка, но бракот завршил со развод во 2004 година поради неговата зависност од алкохол и кокаин. Тој има син, Луис Томас (роден во 2008 година),[3] со тогашната девојка Рејчел Спид, асистент режисер, која ја запознал на снимањето на Кралица девица. Тие се разделиле во 2009 година.[4]

Во 2009 година, Харди започнал врска со глумицата Шарлот Рајли, која ја запознал на снимањето на Оркански височини. Парот се верил во 2010 година и се венчал во јули 2014 година.[5][6] Тие имаат две кучиња, двете спасени, од кои едното се појавило со Харди во реклама за промовирање на посвојувањето на миленичиња.[7] Во октомври 2015 година, парот го добил своето прво дете.[8][9]

Во 2010 година, Харди станал амбасадор на „Prince's Trust“, водечка британска младинска хуманитарна организација која спроведува тренинг, личен развој, подршка при почнување бизнис, менторство и советување.[10] Во 2012 година, тој и Рајли станале покровители на добротвортната истражувачка организација „Bowel Cancer UK“.[11]

Тој има многу тетоважи: неколку племенски тетоважи, знамето на Обединетото Кралство, театарска маска, чавка и две фрази на италијански јазик: „figlio mio bellissimo“ („мојот убав син“) на десната рака, и „padre fiero“ („горд татко“) под клучната коска.[12][13]

Харди се осврнал на Гери Олдман како „најдобриот глумец кој некогаш живеел“,[14] и го опишал Олдман како негов херој, додавајќи „секој [во драмското училиште] се обидувал да го цитира него во сите негови филмови.“[15] Од страна на GQ магазинот Харди бил именуван во 50. најдобро облечени британски мажи за 2015 година.[16]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2001 Падот на црниот јастреб Ланс Тумбли
2002 Ѕвездени патеки: Немезис Шинзон
2003 Ден на пресметка Стро
2003 Точка на И Том
2003 СД 50 смртоносна доза Мет
2004 Во пресрет на злосторството Кларки
2006 Минотаур Тео
2006 Марија Антоанета Рамон
2006 Сцени од сексуална природа Ноел
2007 Поплава Зак
2007 Пресметка на смртта Пјер Џексон
2007 Наследство Татко
2008 Ненадеен удар Родерс
2008 Рокенрола Згодниот Боб
2008 Бронсон Чарлс Бронсон/Мајкл Петерсон
2009 Интимни пријатели Детектив Мајклс
2009 Совршено Доктор Краткометражен филм
2010 Почеток Ејмс
2011 Наредник масакр, мојот постар брат Дан Краткометражен филм
2011 Мислител, кројач, војник, шпион Рики Тар
2011 Војник Томи Риордан Конлон
2012 Ова значи војна Так Хансен
2012 Подемот на мрачниот витез Бејн
2012 Без закон Форест Бондјурант
2013 Опасен повик Иван Лок
2014 Валкана испорака Боб Сагиновски
2015 Дете 44 Лео Демидов
2015 Лудиот Макс: Пат на бесот Макс Рокатански
2015 Лондонски пат Марк
2015 Легенда Роналд Крај и Реџиналд Крај
2015 Повратник Џон Фицџералд
2017 Денкирк Фериер, пилот на спитфајер Постпродукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2001 Браќа по оружје Џон Јановек 3 епизоди
2005 Колдиц Џек Роуз 2 епизоди
2005 Кралица девица Роберт Дадли 3 епизоди
2005 Ќерката на Гидеон Ендрју ТВ филм
2006 А за Андромеда Џон Флеминг ТВ филм
2006 Свини Тод Метју ТВ филм
2007 Рт на гневот Џек Донели 5 епизоди
2007 Оливер Твист Бил Сајкс 5 епизоди[17]
2007 Стјуарт: Живот наназад Стјуарт Шортер ТВ филм
2008 Оркански височини Хитклиф 2 епизоди
2009 Превземање Фреди 4 епизоди
2013 Ловење војни Себеси 2 епизоди; исто така извршен продуцент
2014–сè уште Пики Блајндерс Алфи Соломонс 7 епизоди

Театар[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Театар
2003 Во Арабија сите ние би биле кралеви Сканк Театар Хампстед[18]
2003 Модернистите Винсент Театар Крусибл[19][20]
2003 Крв Лука Театар Ројал Корт[21]
2004 Прослава Мајкл Театар Алмеида[22]
2007 Човек со убави манири Доримант Кралски национален театар[23]
2010 Долга црвена патека Семи Театар Гудман

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hadfield, Tom (25 August 2011). „Tom Hardy timeline“. Telegraph. конс. 15 January 2014. 
  2. „Tom Hardy biography - Celebrity A-Zs GLAMOUR.com“. Glamour.com UK. конс. 30 June 2013. 
  3. „Tom Hardy 'wasn't a fan of school'. Belfast Telegraph. 14 March 2014. конс. 3 May 2014. 
  4. Davies, Serena. „Interview: Tom Hardy, from East End gangster to romantic hero“, Telegraph Media Group Limited, 11 јуни 2009.
  5. Katy Forrester (21 September 2014). „Tom Hardy 'secretly married' fiancée Charlotte in France TWO months ago - they kept that quiet“. Mirror. конс. 21 October 2014. 
  6. Lauren Smith (22 September 2014). „Tom Hardy got married in secret - two months ago“. Glamour. конс. 21 October 2014. 
  7. Rebecca Macatee, "Tom Hardy Gets a Kiss From His Dog Woodstock in Pro-Adoption Campaign for PETA—See the Pic!" EOnline.com, 28 April 2015.
  8. Flint, Hannah. „Tom Hardy and Charlotte Riley welcome their first child“. 
  9. „Tom Hardy Expecting Second Child!“. конс. 3 September 2015. 
  10. „Hollywood star Tom Hardy has paid a special visit to the capital to meet disadvantaged young people supported by The Prince's Trust“. конс. 16 July 2015. 
  11. Actors Tom Hardy and Charlotte Riley become patrons of Bowel Cancer UK“, 13 јули 2012 (посет. 16 јули 2015 г).
  12. Buon compleanno Tom Hardy! 8 cose che (forse) non sapevi di lui“, 15 септември 2015 (посет. 15 мај 2016 г).
  13. Tom Hardy exposed... what do the star's tattoos really mean?“, 14 февруари 2016 (посет. 15 мај 2016 г).
  14. Stern, Marlow. "Gary Oldman Talks 'Tinker, Tailor, Soldier, Spy,' 'Batman' Retirement". The Daily Beast. 8 December 2011. Retrieved 1 February 2012.
  15. 'Tinker, Tailor, Soldier, Spy' Tom Hardy: "Gary Oldman is my hero"“, Digital Spy, 7 октомври 2015.
  16. 50 Best Dressed Men in Britain 2015“, „GQ“, 5 јануари 2015.
  17. An Oliver for our times“, The Daily Telegraph, 15 декември 2007 (посет. 25 јуни 2015 г).
  18. Billington, Michael (28 April 2003). „The Guardian: In Arabia, We'd All Be Kings“. Guardian. конс. 2 August 2012. 
  19. BBC - South Yorkshire Stage - Review: The Modernists“, 13 јуни 2003.
  20. The Guardian: The Modernists“, 17 јуни 2003.
  21. „Blood at the Royal Court Theatre“. Royal Court Theatre. 2003. конс. 3 May 2014. 
  22. The Guardian: Festen“, 28 март 2004.
  23. From rehab to Restoration comedy“, The DailyTelegraph, 3 февруари 2007 (посет. 20 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]