Станувајќи Џејн
„Станувајќи Џејн“ | |
---|---|
Податотека:Станувајќи Џејн.jpg Постер за филмот | |
Режисер | Џулијан Џеролд |
Продуцент | Грам Бродбент Роберт Бернстајн Даглас Ри |
Сценарист | Писма: Џејн Остин Сценарио: Кевин Худ Сара Вилијамс |
Главни улоги | Ен Хетавеј Џејмс Мекавој Џули Волтерс Џејмс Кромвел Меги Смит |
Музика | Адријан Џонстон |
Кинематографија | Ајџил Брајлд |
Монтажа | Ема Е. Хикокс |
Дистрибутер | Мирамакс Филмс |
Премиера | 9 март (Обединето Кралство) 16 март (Ирска) 29 март (Австралија) 3 април (САД) |
Времетраење | 112 минути (1 час и 52 минути) |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Буџет | 12,500,000 € |
Станувајќи Џејн (англиски: Becoming Jane) е историски филм од 2007 година, режиран од Џулијан Џеролд. Инспириран е од раниот живот на писателката Џејн Остин (портретирана од Ен Хетавеј), и нејзината врска со Томас Ленглоис Лефрој (толкуван од шкотскиот глумец Џејмс Мекавој). Во филмот исто така се појавуваат Џули Волтерс, Џејмс Кромвел и Меги Смит. Филмот беше продуциран во соработка со неколку компании, вклучувајќи ја и ББЦ Филмс и Ајриш Филм Боард. Филмот заработил 37 милиони долари ширум светот според Бокс Офис Моџо.
Сценографијата беше работа на Гајл Стивенс и Џилијан Рејнолдс, костимографијата на Ајмер Ни Маолдомнаиј, а оригиналниот саундтрак беше композиран од Адријан Џонстон. Иако филмот прикажува непотврдена врска помеѓу Остин и Лефрој, оригиналните сцени беа инспирирани од вистински случувања, што беа хронолошки дадени во книгата Станувајќи Џејн Остин од Џон Спенс, кој беше историски консултант на филмот. Всушност, како факт за книгата на Спенс, биограферите Радовичи и Томалин исто така дознале за врска помеѓу Џејн Остин и Томас Лефрој. Во правењето на филмот беше консултирана и книгата на Томалин.
Заплет
[уреди | уреди извор]Џејн Остин (Ен Хетавеј) е најмладата ќерка на парохот Остин и неговата жена (Џули Волтерс) и сѐ уште треба да најде пригоден маж. Таа посакува да биде писателка, на незадоволство на нејзината мајка и гордото задоволство на нејзиниот татко (Џејмс Кромвел).
Томас Лефрој (Џејмс Мекавој) е ветувачки љубовник со лоша репутација, што тој ја опишува како „типична“ за врсниците во таа доба. По лошиот прв впечаток што го добива за него сретнувајќи го за првпат, Џејн не може да го поднесе арогантниот Ирец. Таа ги одбива ласкањата од многу мажи, вклучувајќи го и братичот на лејди Грешам (Меги Смит), господинот Висли (Лоренс Фокс). Висли и предлага брак, но Џејн го одбива ладнокрвно. Немирниот Том - подоцна инспирација за господин Дарси од Гордост и предрасуди - продолжува по свое и Џејн почува да ја сфаќа сериозно идејата за брак. Двајцата се запознаваат добро, меѓутоа, на крајот се вљубуваат еден во друг.
Том, Џејн, Хенри (братот на Џејн, толкуван од Џо Андерсон) и богатата братучетка-вдовица на Џејн, грофицата Елајза, успеваат да добијат покана од вујкото и добродетелот на Том, лордот Главен Судија Ланглоис од Лондон, за богатата „Мадам Грофица“ и нејзините пријатели. Оваа посета треба да биде направена брзо на пат кон братот на Џејн, Едвард. Оваа би требало да биде прилика за судијата подобро да ја запознае Џејн пред да им го даде благословот за венчавање со неговиот братич Том. Меѓутоа, судијата Ланглоис добива писмо во кое е известен за сиромаштијата на фамилијата на Џејн, и одбива да му го даде благословот на Том велејќи дека повеќе би сакал Том да биде курваџија со можност за поправање, отколку заробен во лош брак со сиромашна жена. Том и вели на Џејн дека не може да се ожени со неа, и таа скршена, не знаејќи за состојбата на Том, дека тој е единствената надеж за издржувањето на неговото семејство, се враќа дома. Кога ќе се врати дома, таа го прифаќа предлогот за брак од господин Висли, што порано го одби. Подоцна, Том Лефрој дознава дека не може да живее без Џејн, доаѓа во Хемпшир и вели дека би требало да избегаат заедно. Џејн се согласува, и тие заминуваат, за чие заминување знае само сестрата на Џејн, Касандра. На патот кон Лондон, Џејн наоѓа писмо од мајка та на том, и ја дознава неговата ситуација. Таа му вели на Том дека таа не може да го стори тоа, не со толку многу луѓе што зависат од него. Тој инсистира на тоа да се ожени со Џејн, како што вели тој „Никогаш нема да се откажам од тебе“. Тој вели дека ќе заработува пари, но Џејн, знаејќи дека тоа е невозможно, му вели дека тоа не би било доволно и дека никогаш нема да заработува многу пари со судијата на Високиот Суд (вујко му) како негов непријател и со жена која нема ни скршена пара. Том е неодлучен и ја прашува Џејн дали го сака, и таа одговара: „Да, но ако нашата љубов ја уништи твојата фамилија, тогаш таа сама ќе се уништи во едно долго, бавно деградирање од вина и каење и обвинување.“ Наскоро потоа таа станува и заминува дома. Последниот поглед што го фрла Џејн кон Том е додека заминува со кочијата, а тој оди по неа за момент, а потоа застанува.
Дваесет години подоцна, Џејн, придружувана од нејзиниот брат Хенри и неговата сегашна жена Елајза, наидуваат на Томас Лефрој повторно на социјална функција. Џејн прави нешто многу ретко, и чита јавно. Сцената многу веројатно се одвивала помеѓу 1810 и 1815 година, според интервју со Ен Хетавеј.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Ен Хетавеј во улога на Џејн Остин
- Џејмс Мекавој во улога на Томас Лефрој
- Џули Волтерс во улога на госпоѓа Остин
- Џејмс Кромвел во улога на господин Остин
- Меги Смит во улога на Лејди Грешам
- Џо Андерсон во улога на Хенри Остин
- Луси Џу во улога на Елајза де Флуид
- Лоренс Фокс во улога на господин Висли
- Ана Максвел Мартин во улога на Касандра Остин
- Лео Бил во улога на Џон Ворен
- Џесика Ешворт во улога на Луси Лефрој
- Кристофер Мекхалем во улога на господин Куртис
- Ијан Ричардсон во улога на судијата Ланглоис
- Софи Вавасор во улога на Џејн Лефрој
|