Маѓепсаната Ела (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Маѓепсаната Ела (англиски: Ella Enchanted) е американско-британско-ирски филм од 2004 година, во режија на Том О'Хевер. Главните улоги ги толкуваат: Ен Хатавеј и Хју Денси.

Содржина[уреди | уреди извор]

Ела живее во магичен свет, во кој сите деца, во моментот кога ќе се родат, добиваат „подарок“ од кумата-самовила. На своето раѓање, Ела добила подарок - послушност, кој истовремено е и нејзиното проклетство. Како последица на тоа, Ела не може да одбие никаква наредба, поради што често запаѓа во немилост на разни бескрупулозни личности.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Маѓепсаната Ела“, Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 16.
  2. „Маѓепсаната Ела“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 21.
  3. „Маѓепсаната Ела“, Антена, број 870, 25.2.2015, стр. 26.