Мачорот се врати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мачорот се врати
Neko no ongaeshi logo.jpg
猫の恩返し (Неко но Онгаеши)
РежисерХиројуки Морита
ПродуцентТошио Сузуки
Нозому Такахаши
НастапуваатЧизуру Икеваки
Јошихико Хакамада
Тетсу Ватанабе
Јосуке Саито
Аки Маеда
Тетсуро Тамба
МузикаЈуџи Номи
КинематографијаКентаро Такахаши
МонтажаМегуми Учида
СтудиоСтудио Џибли
ДистрибутерТохо
Премиера20 јули 2002 година
Времетраење75 минути
ДржаваЈапонија
ЈазикЈапонски
Буџет$20 милиони
Бруто заработка$54 милиони[1][2]

Мачорот се врати (猫の恩返し, Неко но Онгаеши, бук. „Мачорот се раздолжува“) е јапонски анимиран фантастичен филм[3] од 2002 година во режија на Хиројуки Морита, во продукција на Тошио Сузуки и Нозому Такахаши, по сценарио на Реико Јошида, базиран според мангата од 2002 година напишана од Аои Хираги, со музиката на Јуџи Номи, и анимиран од Студио Џибли.

Во него играат Чизуру Икеваки, Јошихико Хакамада, Тетсу Ватанабе, Јосуке Саито, Аки Маеда и Тетсуро Тамба. Ова е првиот и единствен филм на Хиројуки Морита досега како режисер на Студио Гибли.

Познат како "спин-оф" на Шепот на срцето, во кино салите за првпат бил објавен во Јапонија на 20 јули 2002 година преку Тохо и во 2005 година во САД преку Walt Disney Home Entertainment.[4] Добил награда за извонредност на Фестивалот на јапонската медиумска уметност во 2002 година.

Приказна[уреди | уреди извор]

Хару Јошиока е тивка и срамежлива средношколка која има способност да зборува со мачките, но никогаш не сфатила за тоа. Еден ден, таа спасува обичен мачор на зафатен пат од удар на камион. Мачорот што го спасува и прозборува и и открива дека е Лун, принцот на Кралството на мачките. Како благодарност, мачките и даваат на Хару глувци и билки од коча (catnip) како подароци, како и раката на принцот во понуда за брак. Нејзиниот неодлучив одговор го сфаќаат како потврден.

Не сакајќи ништо од ова, Хару наслушнува љубезен, женски глас, кој и кажува да го бара Мута, голем бел мачор и да бара од него упатства како да стигне до Бирото на мачките. Кога ќе го сретне, Мута ја води кај Бирото и таму се среќава со Барон (истиот карактер Барон од филмот Шепот на срцето), кој е всушност фигура од мачка, чијшто живот му го вдахнал неговиот креатор-уметник, и Тото, гавран обликуван од камен, кој оживува исто како Баронот. Наскоро откако се среќаваат со нив, Хару и Мута се насилно однесени во Кралството на мачките, што ги остава Тото и Баронот во човечкиот свет. Баронот и неговиот пријател Гавран патуваат воздушно и го наоѓаат влезот во Кралството на мачките од човечкиот свет — пет езера кои формираат шепа на мачка.

Хару е почестена со гозба во замокот на Кралството на мачките, и започнува полека да се претвора во мачка со тенки шепи, уши, нос, опашка, мустаќи и само за момент добива и песјаци, но сепак се уште останува воглавно човек, па останува несоодветна невеста за принцот. На гозбата, Барон (маскиран) танцува со Хару како дел од забавата и и открива дека колку повеќе ќе остане во кралството, толку повеќе ќе станува мачка, и дека мора да го открие своето вистинско јас. Но, кога Барон е откриен и принуден да се бори со чуварите, на него и Хару им помага Јуки, бела мачка која работи како слуга во палатата и која се обидела да ја предупреди Хару да го напушти Кралството на мачките пред да биде однесена во замокот. Откако Јуки им покажува тунел за бегство, Хару, Баронот и Мута се движат низ лавиринт кон кула која содржи портал кон човечкиот свет. Кралот Мачор минува низ низа напори да ги задржи во Кралството на мачките доволно долго за Хару да остане заробена во форма на мачка и да ја добие за снаа.

Лун и неговите чувари се враќаат во Кралството на мачките за да објаснат дека Кралот Мачор не дејствувал во негово име и дека тој не сака да се ожени со Хару; наместо неа, тој всушност ја сака Јуки. Тука, се открива дека Мута е Реналдо Мун, озлогласен криминалец во Кралството (што успеал да изеде цело езеро риби во едно јадење), а Јуки била мистериозниот глас кој ја советувал Хару да оди во Бирото на мачките. Кога била дете, Хару ја спасила Јуки од глад, давајќи и крекери во форма на рипчиња, па Јуки сега и се оддолжува на нејзината добрина.

„Ја почитувам жената што се залага за себе“, и вели Мута на Хару, откако таа го отфрла предлогот за брак од Кралот, и продолжува да и помага за да избега од војниците на Кралот.

На крајот, Барон, Хару и Мута бегаат од царството на мачки, со помош на принцот Лун и Тото, а Хару го открива нејзиното вистинско јас и му кажува на Барон дека и се допадна. Тој и враќа дека вратите на Бирото на мачките ќе бидат отворени за неа. Хару се враќа во човечкиот свет со поголема самодоверба во себе; таа на крајот дознава од нејзината пријателка, Хироми, дека нејзината симпатија раскинал со неговата девојка, на што таа едноставно одговара со „веќе не е важно“.

Улоги[уреди | уреди извор]

Карактер Јапонски гласовни актери Англиска синхронизација
Хару Јошиока
吉岡ハル
Чизуру Икеваки Ен Хатавеј
Барон Хумберт фон Гикинген
フンベルト・フォン・ジッキンゲン
Јошихико Хакамада Кери Елвес
Мута/Реналдо Мун
ルナルド・ムーン
Тетсу Ватанабе Питер Бојл
Тото
とと
Јосуке Саито Елиот Гулд
Кралот Мачор
猫の上森
Тетсури Танба Тим Кари
Принцот Лун
子あ
Такајуки Јамада Ендру Бевис
Јуки
彦き
Аки Маеда Џуди Грир
Натори
仁とリ
Кента Сатои Рене Обержоноа
Натору
二とリ
Мари Хамада Енди Рихтер
Наоко Јошиока
吉岡直子
Кумико Окае Кристин Сатерленд
Хироми
マ子中
Хитоми Сато Кристен Бел

Продукција[уреди | уреди извор]

Во 1995 година, Студио Џибли објавиле филм под наслов Шепот на срцето, базиран на мангата од Аои Хираги, за девојче кое пишува фантастичен роман. Иако животот на девојчето нема волшебни елементи, во филмот се прикажани кратки фантастични сцени кои прикажуваат дека девојчето пишува за Баронот, лик од нејзиниот роман, кој станува толку популарен со што е направено ова индиректно продолжение, во кое учествуваат Баронот и друга девојка средношколка, по име Хару. Карактерот Мута е исто така дел од двата филма. Мачорот се враќа започнал како „Проект за мачки“ во 1999 година. Студио Џибли добило барање од еден јапонски тематски парк да создаде 20 минутен краток филм со мачки во главните улоги. Хајао Мијазаки сакал три клучни елементи да се појават на кратко — тоа биле Баронот, Мута (Мун) и мистериозната антикварница. Хираги била назначена да го создаде манга еквивалентот на краткиот филм, кој го нарекува Барон: Мачорот се враќа (バロン 猫の男爵, Барон: Неко но Даншаку, бук. „Барон: Мачорот благородник“). Мангата е објавена на англиски јазик од страна на Viz Media. Тематскиот парк подоцна се откажува од проектот. Мијазаки потоа ја преземал постојната работа направена од „Проект за мачки“ и ја искористил како тест за идните режисери на Џибли — краткиот филм сега требало да биде 45 минути. Одговорноста ја добил Хиројуки Морита, кој започнал како аниматор во 1999 година за анимираниот филм Моите соседи Јамада. Во период од девет месеци тој ја прераскажал приказната за Баронот на Хираги на 525 страници показателни хамери што потоа ќе се претвори во Мачорот се врати. Мијазаки и Тошио Сузуки одлучиле да направат долгометражен филм целосно базиран на приказната на Морита; тоа делумно било така затоа што Хару, главниот лик, давала „реалистична појава“ за нејзиниот карактер. Станал вториот кинематски филм (трет целокупно) создаден од Студио Гибли, а да е во друга режија, освен на Мијазаки или Исао Такахата.

Објавување[уреди | уреди извор]

Бокс-офис[уреди | уреди извор]

Филмот бил објавен на 19 јули 2002 година како домашен (јапонски) филм со најголема заработка во јапонскиот бокс-офис во 2002 година[5] и вкупно 7-ми филм со најголема заработка во годината (во Јапонија).[6] Од 5 јануари 2015 година, станал 86-ти најпрофитабилен филм во Јапонија, со ¥6.460.000.000 (3,257,799,752 ден).[7]

Критички прием[уреди | уреди извор]

Филмот има позитивна оцена од 90% од 21 критичар и просечна оценка од 6,9/10 според Rotten Tomatoes. Во „консензусот од критичарите“ се вели: „Слатко шармантен и прекрасно анимиран, „Мачорот се врати“ нуди аниме авантура погодна за младите и младите во душата.[8] Мајкл Бут од „Денвер Пост истакнал дека режисерот Морита „има малку посурово, пореално чувство за светот и неговата лабилност отколку Мијазаки, и можете да забележите како „Мачорот се врати“ се движи во своја насока дури и кога му оддава почит на големиот мајстор за анимација на Јапонија (за Мијазаки)“.[9]

Домашни медиуми[уреди | уреди извор]

Филмот бил синхронизиран на англиски јазик од Волт Дизни Пикчрс со гласовите на Ен Хатавеј, Кери Елвес, Питер Бојл, Елиот Гулд, Тим Кари, Џуди Грир и Кристен Бел, за да се објави на ДВД на 22 февруари 2005 година заедно со Наусикаа од Долината на ветрот и Порко Росо. Walt Disney Studios Home Entertainment го објавиле филмот на Blu-ray во САД на 16 јуни 2015 година. GKIDS повторно го објавиле филмот на ДВД и Blu-ray на 16 јануари 2018 година.

Манга[уреди | уреди извор]

Барон: Мачорот се врати
Барон: Неко но Даншаку
(バロン 猫の男爵)
ЖанрФантазија
Манга
Креатор Аои Хираги
Издавање Мај 2002 година
Бр. изданија1 том

Филмот е базиран според мангата Барон: Мачорот се врати (バロン 猫の男爵, Барон: Неко но Даншаку) од 2002 година напишана од Аои Хираги и објавена од Токума Шотен (лат. Tokuma Shoten).

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Аниме

  • Arnold, Adam (March 2005). „The Cat Returns“. Animefringe. 6 (3). стр. 18.
  • Jones, Tim. „Tim's Top 20 Favorite Anime of the 00's“. T.H.E.M. Anime Reviews.
  • Luther, Katherine (24 December 2011). „Favorite Family Anime“. About.com. The New York Times Company.
  • Non, Sergio (28 January 2005). „The Cat Returns“. IGN. Ziff Davis.
  • Santos, Carlo (31 March 2005). „The Cat Returns DVD“. Anime News Network.
  • Stanton, Hannah (26 August 2004). „The Cat Returns“. T.H.E.M. Anime Reviews. Архивирано од изворникот на 11 October 2004.
  • „Cat Moves“. The Official Schoolgirl Milky Crisis Blog. Jonathan Clements. 31 December 2008.
  • „Top 25 Animated Movies of All Time“. IGN. Ziff Davis. 11 March 2008. стр. 1.

Манга

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Neko no ongaeshi (The Cat Returns) (2002)“. boxofficemojo.com.
  2. „Neko no ongaeshi (The Cat Returns)“. boxofficemojo.com.
  3. „The Cat Returns Art Books & More“. Viz Media. Посетено на December 18, 2019.
  4. "Neko No Ongaeshi". www.bcdb.com, May 13, 2012
  5. 2002年(平成14年)興収10億円以上番組 (PDF). www.eiren.org (Japanese). Motion Picture Producers Association of Japan, Inc. Посетено на January 9, 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „2002 Japan Yearly Box Office Results“. www.boxofficemojo.com.
  7. 歴代興収ベスト100. www.kogyotsushin.com (Japanese). Kogyo Tsushinsha. January 5, 2015. Посетено на January 9, 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „The Cat Returns (2002)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Посетено на May 27, 2020.
  9. Michael Booth (2007-06-19). "Cat Returns" is gentle anime“. The Denver Post.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]