Ѓаволот носи Прада (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Ѓаволот носи Прада
(The Devil Wears Prada)“
РежисерДејвид Франкел
ПродуцентВенди Финермен
СценаристЛорен Веисбергер (роман)
Главни улогиМерил Стрип
Ен Хетавеј
Емили Блант
Стенли Туци
Жанрдрама, комедија
МузикаТеодор Шапито
КинематографијаФлоријан Балаус
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера30 јуни 2006
Времетраење106 мин.
Земја САД
Јазиканглиски

Ѓаволот носи Прада е комедија-драма од 2006 година, слободна филмска адаптација на истоимениот роман од 2003 година на Лорен Вајсбергер. Ен Хатавеј се појавува во улога на дипломецот Андреа Сакс која се сели во Њујорк и работи како лична асистентска на познатата уредничка на едно модно списание Миранда Присли (Мерил Стрип). Во споредни улоги како првата асистентка Емили Чарлтон и уметнички директор ги гледаме Емили Блант и Стенли Тучи.

Адријан Грениер, Сајмон Бејкер и Трејси Томс се во главните споредни улоги. Филмот е под режисерката палка на Дејвид Франкел, продукција на Венди Фајнмени дистрибуција на 20th Century Fox. Стрип во изведба на Миранда доби многу позитивни критики и номинации за награди вклучувајќи ја и нејзината рекордна 14 номинација за Оскар, како и за Златен Глобус за најдобра глумица во комедија или мјузикл. Филмските критичри беа наклонети и кон многу други вклучени во производството на филмот а Емили Блант доби многу номинации за нејзината изведба како Емили.

Филмот беше добро прифатен како од филмските критичари така и од публиката со што стана изненадувачки летен филмски хит на бокс-офисот по неговото прикажување во Северна Америка. Успехот и критиките што ги доби изведбата на Стрип продолжија и на странските пазари правејќи го филмот највисоко буџетен филм за месец октомври. Американското ДВД-издание исто така беше најмногу изнајмувано за гледање во текот на декември. Заработи над 300 милиони американски долари на меѓународно ниво и во 2006 година се најде меѓу првите дваесет најбуџетни филмови во САД и странство. Иако дејството на филмот е сместено во светот на модата многу модни дизајнери и други угледни личности не сакаа да се појават јавно стравувајќи дека ќе ја разочараат уредничката на Американскиот "Вог", Ана Винтур, која многумина веруваат дека е инспирација за ликот на Миранда Присли. Многу дизајнери дозволија нивната облека и модни додатоци да се употребат за снимањето на филмот правејќи го филм со најскапа костимографија во историјата. Винтур подоцна го надмина својот скептицизам изјавувајќи дека и се допаднал филмот а посебно улогата на Стрип.

Заплет[уреди | уреди извор]

Адреа "Енди" Сакс (Ен Хатавеј) е неодамнешно дипломирана амбициозна новинарка од "северозападниот Универзитет" во САД. И покрај тоа што ја исмева површноста на модната индустрија таа добива работа како помлад асистент на Миранда Присли (Мерил Стрип), ладнокрвната главна и одговорна уредничка на "Писта", работа за која " многу девојки би направиле се за да ја добијат". Енди го трпи бизарното и понижувачко однесување на Миранда надевајќи се дека ќе најде работа како новинар или писател на друго место.

На почетокот Андреа е неспретна во работата и тешко се вклопува во друштвото на нејзините модерни колеги кои постојано озборуваат, особено првата асистентка на Миранда, Емили (Емили Блант). Сепак со помош на уметничкиот директор Најџел (Стенли Тучи) таа постепено учи кои се нејзините обврски во фирмата и почнува да се облекува помодерно. Се запознава со младиот и згоден писател Кристијан Томпсон (Симон Бејкер) кој ќе се понуди да и помогне во кариерата.

Поради тоа што поминува многу време на работа и е целосно на располагање на Миранда, почнуваат нејзините проблеми со пријателите и нејзиното момче Нејт (Адријан Грениер), готвач кој е на почетокот на неговата кариера. Еднаш, Енди ќе ја спаси Миранда од засрамувачки скандал кој го приредува Емили на една добротворна акција а за возврат Миранда ќе и понуди патување со неа на есенската Париска модна недела, наместо Емили. Енди се двоуми дали да ја прифати понудата но на крај ќе мора да се согласи бидејќи Миранда и се заканува со отказ.Подоцна Емили ќе има сообраќајна незгода а Енди се соочува со предзвикот да и ја каже лошата вест на Емили дека нема да оди во Париз со Миранда.

Кога Андреа му кажува на Нејт за патувањето во Париз, тој е налутен бидејќи Андреа не признава дека самата таа станува "она" што некогаш го исмеваше и раскинуваат. Миранда и се доверува на Енди дека и е страв од последиците што претстојниот развод со споругот ќе ги има врз нејзините керќи. Енди конечно паѓа на шармот на Кристијан и откако ќе ја помине ноќта со него, ќе дознае дека уредничкото место на Миранда во "Писта" ќе го преземе Жаклин Фолет. И покрај проблемите што ги доживеа поради Миранда, таа се обидува да ја предупреди за ова.

На ручек, подоцна тој ден Миранда кажува дека Најџел ќе си оди од "Писта" и ќе работи во "Холт". Миранда и објаснува на сè уште шокираната Енди дека знаела за ситуацијата со Жаклин и дека за да ја задржи работата морала да го жртвува Најџел и се заблагодарува за предупредувањето. Задоволна од нејзината лојалност и кажува дека во многу наврати и постапки Енди личи на неа. Таа одбивно и вели дека никогаш не би можела да направи некому такво нешто како што таа му приреди на Најџел, првенствено бидејќи тој и беше ментор на Енди. На сето ова Миранда и одговара дека веќе некому сторила нешто лошо, со тоа што го прифатила патувањето во Париз на местото на Емили. Кога расправијата ќе заврши Енди го фрла мобилниот во Place de la Concorde оставајќи ја Миранда, "Писта" и модата зад себе.

Кога ќе се врати во Њујорк оди на појадок со Нејт, кој прифатил понуда во еден познат ресторан во Бостон да работи како помошник готвач. Но сепак Нејт и вели дека сè уште има шанса за нив двајца. Во завршетокот на филмот таа е на едно интервју за работа во еден весник. Водителот на интервјуто и кажува на Енди дека добил препорака од Миранда во која вели дека Енди била нејзиното најголемо разочарување но би бил идиот ако не ја вработи. Во последната сцена, постилски облечената Енди ја гледа Миранда како влегува во автомобилот од другата страна на улицата. Двете се погледнуваат а Миранда и се насмевнува пред на влезе внатре.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Ен Хатавеј како Андреа "Енди" Сакс, неодамнешен дипломец на северозападниот Универзитет и надежен новинар која и покрај тоа што не се разбира од мода, работи како помлада лична асистентка на моќната и строга уредничка на модното списание "Писта", Миранда Присли.
  • Мерил Стрип како Миранда Присли, главна и одговорна уредничка на "Писта" , жена од која сиот персонал како и многу модни следбеници се плашат и која само со еден збор може да откаже некоја фотосесија и е толку моќна што може да натера еден дизајнер да обнови цела колекција. Истовремено е грижлива мајка.
  • Емили Блант како Емили Чарлтон, вообразената прва асистентка на Миранда која ја трпи суровоста и навредите од својата шефица само за да отиде на есенската модна недела во Париз.
  • Стенли Тучи како Најџел, уметничкиот директор на "Писта" и едниствената личност во фирмата на кој Андреа може да му верува и покрај неговите жестоки забелешки во врска за нејзиниот изглед.
  • Симон Бејкер како Кристијан Томпсон, писател со кој Андреа се впушта во авантура, тој нуди помош за нејзините стремежи како новинар а во тоа се докажува кога и помага да го најде првото издание на книгите за Хари Потер кога Миранда ги побарува за нејзините керќи.
  • Адријан Грениер како момчето на Андреа, готвач во ресторан на Менхетен но на крај тие ќе раскинат поради притисокот кој го врши пренатрупаниот работен распоред на Андреа.
  • Трејси Томс, блиска пријателка на Андреа која има уметничка галерија.
  • Рич Сомер како Даг, пријател од факултет на Андреа, Лили и Нејт кој работи како корпоративен истражувачки аналитичар.
  • Даниел Сунјата како Џејмс Холт, иден моден творец.
  • Дејвид Маршал Сакс, како таткото на Андреа
  • Тибор Фелдман како Ирв Равиц (измислен лик на "Conde Nast"), претседател на одборот на компанијата "Елиас-Цларке" која го објавува списанието "Писта".
  • Ребека Мејдер како Жоселин.
  • Жизел Бундшен како Серена, вработена во редакцијата на списанието и пријателка на Емили.
  • Алис Сатерленд како "дрдорка", вработена во редакцијата на списанието
  • Инес Риверо како дрдорката од лифтот
  • Стефани Зостак како Жаклин Фолет

Кратко појавување на други познати личности[уреди | уреди извор]

Продукција[уреди | уреди извор]

Режисерот Дејвид Френкел и продуцентот Венди Фајнмен првично ја прочитале "И Ѓаволот носи Прада" како предлог книга. Тоа ќе биде првиот долгометражен тетарски обид на Френкел. Сценографот Флоријан Балхаус и костимографката Патриша Филд имаат големо искуство од снимањето на серијата Сексот и градот.

Предпродукција[уреди | уреди извор]

Снимање[уреди | уреди извор]

Хатавеј за време на снимање во центарот на Менхетен

За главното снимање беа потребни 57 дена во Париз и Њујорк во периодот октомври-декември 2005 година. Буџетот за снимањето беше 35 милиони американски долари.

Балхаус снимил колку што е можно повеќе снимки и од екстериери и од ентериери, со цел да се пренесе барем делумно атмосферата на раздвижените Њујоршки улици на тв екраните, но и возбудата од чувството како е да се работи во една гламурозна индустрија во Њујорк. Тој користел пренослива рачна камера во некои од сцените со позафатените бизнис состаноци на Миранда и слоњ мотион (бавно движење) во сцените кога Андреа влегува во канцеларијата откако ќе се случи нејзинота модна трансформација. Некои снимки се компјутерски обработени, тоа се оние сцени како на пр. надворешноста зад прозорците и прозорецот од мерцедесот во кој се возат Миранда и Андреа.

Глума[уреди | уреди извор]

Стрип донесе свесна одлука да не ја глуми вистниски Винтур и не употребуваше англиски акцент. "Мислам дека тоа беше премногу ограничувачки и таа не сакаше воопшто луѓето да ги помешаат ликот на Присли и Винтур" - рече Френкел. "И заради тоа уште на почетокот на снимањето таа се одлучи да има поинаков изглед и поинаков пристап кон самиот лик". Некои фрази како : тоа е се, оди додевај му на некој друг но и постапките кога Миранда го фрла капутот на работната маса на Андреа како тоа да е закачалка и фрлањето на месото од ручекот, се оригинално земени од романот. Стрип за оваа улога се подготвуваше преку читање на една книга на штитеничката на Винтур, Лиз Тилбериз како и мемоарите на уредничката на "Вог", Дијана Вриланд. За време на снимањето на филмот таа многу ослабе па сета облека мораше да се стеснува.

Додека пак Хатавеј ја подготвуваше својата улога така што една седмица волонтерски работеше во една аукциска куќа. Френкел изјави : "таа беше преплашена пред да ја започне првата сцена со Стрип".Постарата глумица го започна својот работен однос со помладата колешка велејќи и : "Мислам дека си совршена за оваа улога и драго ми е што заедно ќе работиме" а потоа ја предупреди дека тоа ќе биде последното љубезно нешто што ќе и го каже.Оваа филозофија Стрип ја применуваше со секого на сетот одржувајќи дистанца со целата филмска екипа.

Таа исто така ја предложи воведната сцена од филмот (редакцискиот состанок), кој всушност не го навестува заплетот, туку ја покажува Миранда на бизнис состанок без присуство на Андреа. Нејзина беше и идејата да ја видиме Миранда без шминка во сцената кога и се доверува на Андреа во врска со нејзиниот развод и озборувањата што ќе избувнат во градот. За своите улоги многу килограми изгубија и Хатавеј и Блант : "Емили Блант и јас плачевме бидејќи бевме многу гладни".

Костими[уреди | уреди извор]

Франкел, кој и претходно работел со Патриша Филд, на неговото филмско деби "Мајами рапсодија" и "Сексот и градот", знаеше дека она што глумците ќе го носат на сетот ќе биде од најголемо значење за модната индустрија. Подоцна се пошегува : "Сакав само да и ја дадам задачата и да си заминам од просторијата". Иако не се појавија во филмот, дизајнерите многу му помагале на Франкел. Буџетот за костимите кој изнесува 100 илјади американски долари бил надополнет и со помош од пријатели и познаници од целата модна индустрија. На крајот на краиштата, самата костимографка верува дека облеката која била искористена за потребите на филмот е вредна барем 1 милион американски долари, со што станува најскапо костимиран филм во историјата. Единственото најскапо нешто бил ѓерданот "Фред Лејтон" вреден 100 илјади американски долари кој го носеше Стрип.

"Шанел" побараа да ја облекуваат Хатавеј за филмот, а во помошта се вклучија и "Долче и Габана", "Келвин Клајн" и Либанскиот дизајнер Жорж Чакра. Иако Филд настојуваше да не ја направи Стрип налик на Винтур таа ја облече во прекрасните дизајни на "Прада" (самата проценува дека 40% од чевлите кои ги носи Стрип во филмот се Прада). Таа додаде и дека широката јавност не ја познава доволно Винтур и дека "Мерил воопшто не изгледа како Ана, така да дури и да сакав да ја копирам Ана, невозможно е". Но, Филд исто како Винтур и нејзината претходничка во "Вог", Дијана Вриленд, сфати дека на Миранда и треба свој личен потпис во изгледот како што е белата перика со црното праменче и облеката на која и двете посветуваат многу време.

Таа ги разликува Емили и Андреа, така што на Андреа и дава едно посебно чувство за стил во кој нема многу да ризикува со облеката, нешто како "прирачник" кој би го имала при рака кога има некое снимање. Голем дел од модерната гардероба е Шанел и Келвин Клајн. Додека пак Блант "стоеше толку блиску на работ што и за малку би паднала". За неа Филд избра парчиња на Вивиен Вествуд и Рик Овенс да го зачини со малку помодерен и андерграунд стил на облекување.

Тучи ја пофали Филд дека нејзината вештина да ги комбинира модерните и стилски парчиња му помогнало и да го изгради карактерот на неговиот лик. - Таа само ќе седеше таму со нејзината коса пушејќи цигара, ќе извлечеше некое парче ќе го искомбинираше со неко друго парче- и тоа е тоа. "Ајде Пет, зарем ова одговара да го носам со ова?" Таа ќе кажеше: "Само облечи го". "А кога ќе го облечеш тоа, не само што ќе биде складно и ќе биде убаво на толку различни начини што дури и ќе се зачудиш кој е тој лик во огледалото." Тие комбинации беа точно она што сакав да го постигнам. Има некоја пренатрупаност, постои реален ризик да згрешиш во изборот на аутфит, но кога ќе влезам во просторијата не изгледа толку нападно. Всушност многу е суптилно, погледнуваш и си заминуваш. " Таа кошула, со таа вратоврска, оваа јакна?, овој елек? Што?" Но сепак некако се е складно.

Тој нашол некоја вратоврска од Dries van Noten што му се допаднала за време на снимањето на филмот и си ја задржал за себе.

Сценографија[уреди | уреди извор]

Откако разгледа неколку вистински канцеларии на некои модни списанија, Џес Гончор одлучи да ги искористи белите, неутралните, чисти тонови за канцелариите на "Писта" за тие да ја доловаат онаа компактност на вистинските канцеларии. Канцеларијата на Миранда во филмот има некои сличности со вистинската канцеларија на Ана Винтур, почнувајќи од осумаголното огледало на ѕидот во вид на дијамант па сеа до фотографиите и цвтените аранжмани на масата (откако оваа сличност ја забележала и самата Винтур, по излегувањето на филмот си ја преуредила својата канцеларија). Списанието само по себе е многу слично на "Вог" а во филмот покажуваат почит кон "Вог" така што насловното издание на списанието од месец август 2004 година стои врамено како слика и е закачено на ѕидот од канцеларијата.

Таа дури избра и различни компјутерски позадини со цел да се потенцираат различните карактери на Хатавеј и Блант, како на пример: Ајфеловата кула во Париз асоцира на желбите на Блант (односно Емили Чарлстон) да оди на Париската модна недела а цветните дезени на компјутерската позадина на Хатавеј (односно Енди) е показател на нејзиниот природен и скромен карактер кој го покажува уште на самите почетоци во фирмата. За фотографијата на Андреа со родителите, Хатавеј се сликаше со нејзината вистинска мајка и Дејвид Маршал Грант. Парите што беа собрани од продажбата на "наводните" ракописи на Хари Потер во филмот заедно со дел од облеката која се користеше за снимањето на филмот беа продадени на e-bay за 586 американски долари, и беа дадени во добротворната организација "Dress for success" која им снабдува деловна облека на жените кои почнуваат со работа во некоја фирма.

Инвентар[уреди | уреди извор]

Покрај облеката и модните додатоци во филмот се забележуваат и некои други познати брендови како:

  • "Ејпл" компјутерите кои се искористени во канцелариите на "Писта" се користат и во канцелариите во издавачките куќи во реалноста.
  • Италијанската минерална вода "Сан Пелегрино".
  • Кафето кое го пие Миранда во филмот од Старбакс.
  • Андреа има Danger Hiptop 2 (or a T-Mobile Sidekick 2) мобилен телефон, а Миранда и Најџел имаат сребрен RAZR V3 мобилен телефон.
  • Честопати во филмот гледаме како двете се возат во Lincoln Town Cars и Mercedes-Benz S-Class S550 седани без регистарски таблички.
  • Во една сцена од филмот Ен Хатавеј вози Porsche 911 Carrera Cabriolet.
  • Андреа на својот пријател му подарува Bang & Olufsen мобилен телефон.
Зградата каде што се наоѓа компанијата Elias-Clark

Локации[уреди | уреди извор]

Њујорк[уреди | уреди извор]
  • Зградата на The News Corporation што се наоѓа на Шестата Авенија е всушност надворешноста и лобито на компанијата Elias-Clarke.
  • Дел од канцелариите во филмот се од соседната зграда на Fox а дел се од самата сценографија.
  • Кафетеријата на Elias-Clarke е кафетеријата "Ројтерс" на Менхетен.
  • Станот на Нејт и Андреа се наоѓа во долен Менхетен
  • Ресторанот каде што работи Нејт ( и каде што Енди, Даг и Лили еднаш ќе одат на вечера) се наоѓа во Трибека.
  • Ресторанот и кујната на The Smith & Wollensky.
  • Продажниот салон на Келвин Клајн.
  • Студиото на Холт е искористено како ателје од страна на вистински дизајнер.
  • местото каде што се случува добротворниот настан во музејот е "Американскиот музеј за природни науки" а за внатрешноста е искористено лобито на една од судниците на плоштадот Foley.
  • Куќата на Присли во градот се наоѓа во горен Менхетен а вистинскиот сопственик е пријател на Фајнмен.
  • Возот Амтрак за којшто зборуваат керќите на Миранда поминува покрај реката Хадсон и заливот Хаверстоу.
  • Во една од сцените Стрип излегува од својата лимузина и се наоѓа во Париз на 77 улица и во Central Park West.
  • редакцијата на New York Mirror каде што Андреа на крајот од филмот ќе се вработи е всушност редакцијата на New York Sun.
Париз[уреди | уреди извор]

Филмската екипа освен Стрип, беше два дена во Париз каде се искористија само надворешни кадри.

  • Фонатаната каде Енди го фрла својот мобилен телефон е всушност Place de la Concorde.
  • St. Regis на Менхетен ја доловува внатрешноста на сите хотели во филмот.
  • Модните ревии се снимени во студио во Квинс, а хотелот во кој престојува Кристијан е the Times Square W Hotel

Постпродукција[уреди | уреди извор]

Монтажа[уреди | уреди извор]

Марк Ливолси сфати дека филмот е најдобар кога се фокусира на односот Андреа-Миранда и затоа исече некои преодни сцени од филмот како што е разговорот за работа на Андреа и патувањето на вработените во "Писта" во студиото на Холт. Тој исто така исекол сцена во која Андреа добива комплименти од Миранда. По рецензијата за ДВД изданието на филмот, Френкел призна дека воопшто не ги имал видено овие сцени бидејќи ги немало во ниту една копија од филмот кои Ливолси ги пратил на режисерот.

Френкел беше многу задоволен од Ливолси бидејќи ги изработил четирите клучни монтажи на филмот односно најавната шпица (лицата инволвирани за главната реализација на филмот), сцената каде Миранда го фрла своето палто на работната маса на Андреа и претставувањето на работата во Париз. Третата монтажа беше посебен предизвик бидејќи вклучуваше многу пречки при трансформацијата на Андреа. Некои снимки, како што е рецепцијата на музејот беа создадени во монтажната соба каде Ливолси со помош на дополнителна снимка или B-roll го илустрираше текот на главната приказна.

Музика[уреди | уреди извор]

Ѓаволот носи Прада (саундтрак)

За да создаде еден современ и урбан звук композиторот Теодор Шапиро ги комбинираше звуците на гитара и ударни инструменти, во придружба на оркестар. На крајот создаде 35 минутна филмска музика, која ја изведе и сними "Holliwood Studio Symfony", чиј диригент беше Пит Ентони. Делото беше добро усогласено со песните на У2 ("City of Blinding Lights"– сцената кога Миранда и Андреа се во Париз), Мадона ( "Vogue" & "Jump" – сцената на преобразбата на Андреа како и нејзиниот прв ден на работа), KT Tunstall ( "Suddenly I See" –најавната шпица за женските улоги), Аланис Морисет ( "Crazy", -снимањето во Централ Парк), Bitter:Sweet ( "Our Remains,"– кога Андреа оди да ги земе скиците од Џејмс Холт по наредба на Миранда, Bittersweet Faith -изложбата на Лили), Azure Ray ( "Sleep" - сцената на раскинувањето со Нејт), Jamiroquai ( "Seven Days In Sunny June" - средбата со Кристијан на забавата). Франкел сакал да ја вметне "City of Blinding Lights" уште кога ги монтирал сцените снимени во Париз бидејќи сметал дека совршено оговараат со песната, а Филд ја предложил "Vogue" на Мадона.

Албумот со песни, "Ворнер мјузик" го пуштија во продажба на 11 јули. Ги содржи сите горе споменати песни (освен песната "Jump" на Мадона) како и збирка од музичките теми на Шапиро. Многу обожаватели се разочараа поради тоа што песната "Suddenly I see" не беше вклучена на овој албум. Песната стана популарна откако се појави во филмот иако не успеа да се искачи на Американската топ листа со 40те најслушани синглови. Но сепак стана популарен радио хит.

Предпремиера и рекламна кампања на филмот[уреди | уреди извор]

Секторот за маркетинг на 20th Century Fox даде две клучни решенија за промоција на филмот. Првото е шеговитиот постер за филмот на кој има црвена потпетица чија штикла е во вид на ѓаволска вила. Беше толку успешна и делотворна и според зборовите на Фајнмен, речиси "исконска", што беше искористена за вистинскиот постер на премиерата. Станувајќи бренд, секој медиум кој беше инволвиран или спомнат во филмот го користеше овој постер а тука се вбројуваат сите печатени копии од книгата, саундтракот и ДВД изданието на филмот.

Студиото исто така објави и трејлер со слики и сцени само од првите три минути од филмот, во кој Андреа се запознава за првпат со Миранда, кој ќе се користи на промоции и филмски фестивали сè додека не направат постандарден трејлер со сцени од целиот филм. Но сепак првичниот трејлер беше толку успешен што остана да биде главен и последен за овој филм, бидејќи ги остава гледачите во исчекување што ќе се случува понатаму во филмот.

Како е прифатен филмот[уреди | уреди извор]

Ѕвездите од филмот,на премиерата на филмот во Венеција

Критика[уреди | уреди извор]

Мрежното место Метакритик соопшти дека просечната оцена што ја постигнал филмот е 65 % врз основа на 40 прегледи додека на "Rotten tomatoes" одржува нов рејтинг од 76 % врз основа на 185 прегледи. Првичните оцени на филмот главно беа за успешната изведба на Стрип односно како успеа еден крајно несимпатичен лик да го направи уште покомплексен отколку што е во романот. "Со нејзината бело-сребрена коса и бледата кожа, нејзиното тивко говорење толку совршено како и нејзиното држење, Миранда одлгумена од г-ѓа Стрип кај луѓето поттикнува умерено засташување и стравопочит"- пишува А.О. Скот во "Њујорк Тајмс". "Оваа жена веќе не е само олицетвориение на злото туку спој на аристократија и несвојствената за неа, намерна љубезност кон другите." Кајл Смит се согласи со оваа изјава во "Њујорк Пост" : "Итрата Стрип мудро одбра да не ја имитира Ана Винтур, која е инспирацијата за книгата, но сепак создаде доволно уверлив лик во филмот". "Самата Винтур треба да е поласкана од интерпретацијата на Стрип" - рече Џек Метјуз во "Дејли Њуз".

Во "Њујорк магазин" Дејвид Еделстејн го оцени филмот како "слаб", но му се допаднала инзвонредната минималистичка изведба на Стрип. Дамнешенниот колега на Еделстејн од "Вилиџ Воис", Ј. Хоберман сметаше дека филмот е мало подобрување на книгата и рече дека Стрип е "најстрашниот и малку посмешен филмски негативец што го имаме видено по нацистичката бела вештерка која ја играше Тилда Свинтон во "Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот" од 2005 г.". Но и Блант беше позитивно критикувана: "Таа ги има некои од најдобрите филмски реплики и е најзабележителна во речиси секоја сцена во која се појавува" - пишува Клифорд Хју во "Хјустон Кроникл" со што се согласуваат и други филмски критичари и обожаватели. Според Роџер Иберт филмот не го заслужил неговото "браво" додека пак Ричард Роуперт даде големо"браво" за истиот. Иако филмските критичари се согласуваа околу изведбите на Стрип и Блант, сепак посочија некои грешки, особено во приказната. Рецезентите кои добро го познаваат романот на Вајсбергер се согласија околу нејзината изјава дека сценариото кое го напиша Мекена значително се подобрило врз основа на романот. Една од ретките исклучоци е Ангела Балдасар од МСН Канада, која чувствува дека на филмот му недостига сета таа подлост за којашто сите зборувале дека преовладува во романот.

Дејвид Денбај во неговото преоценување на филмот во "Њујоркер" заклучи дека "Ѓаволот носи Прада" раскажува една веќе позната приказна која никогаш не кажува нешто подлабоко од она површинското, основното. Но сепак, добра основа!". Реакциите пак за изведбата на Хатавеј не беа така едногласни како за останатите нејзини колеги од филмот. Според Денбај таа "само со еден накосен поглед успева да го долови она што Вајсбергер го опишува на многу страници ". Од друга страна пак, за Балдасар таа "едвај може да се справи со нејзините проблеми ".

Претставување на модната индустрија[уреди | уреди извор]

Некои медиумски куќи им дадоа дозвола на нивните сегашни или претходни модни репортери да пишуваат за тоа колку е реален овој филм. Имаше многу различни одговори. Бут Мур во "Лос Анџелес Тајмс" ја критикуваше Филд за тоа што "измислил еден мал, фин свет на модата кој нема врска со реалноста" еден свет кој ни прикажува што аутсајдерите мислат за модата воопшто, наместо да покаже каква е вистински оваа индустрија. Според неа, за разлика од филмот, во реалноста помала е веројатноста модните следбеници дека ќе употребуваат толку многу шминка, а верува дека повеќе би го ценеле позабавниот стил на облекување (кој не вклучува прстени за ножните прсти). "Ако сакаат да гледаат документарец нека пуштат History Channel" - возврати Филд. Модниот репортер на "The Guardian" Хедли Фримен го изрази нејзиното незадоволство дека филмот бил преплавен со сексизам и клишеа, што според неа, е одлика на сите филмови за модата воопшто.

Чарла Крап, извршниот уредник на SHOP. INC. вели: Тој е прв филм кој добро ги поврзал сите нешта, политиката и тензијата, предавниците и подлизурковците. Јоана Кол, уредничката на американското издание на "Marie Claire" појаснува: "Филмот брилијантно дава една искривена слика за одреден тип девојка која ја живее, дише и мисли модата повеќе од се друго" ... оние млади девојки кои се подготвени и да умрат отколку да излезат без најновата "Мјуз" чанта на "Ив Сен Лоран", која што чини трипати повеќе отколку што тие заработуваат месечно. А дава и јасна слика за односнот меѓу главниот уредник и нејзиниот асистент.

И поранешната модна репортерка за "Њујорк Тајмс", Џиниа Белефанте, се согласи велејќи: "филмот едноставно е најреалната слика за модната култура откако тој цонцепт го видовме во филмот "Откопчано", и му ги признава сите заслуги бидејќи го прикажува начинот на кој модата се смени од раниот 21 век. Нејзината колешка Рут ла Ферла наиде на различни мислења од страна на некои внатрешни членови на индустријата по една специфична филмска проекција. Повеќето од нив увидоа дека модата во филмот е премногу безопасна, убавината се преовеличува, а оваа филозофија повеќе се вклопува со модата од 1980ите отколу со 2000те години. На што Филд одговори: "Мојата работа е да претставам забава, еден мал свет кој ќе можат луѓето да го посетат."

Хомосексуалноста на Најџел[уреди | уреди извор]

Стенли Тучи изјави за геј списанието "Аут" дека без никакво двоумење ја прифатил улогата негрижејќи се за тоа дека ликот кој го игра е хомосексуалец. Притоа, многу гледачи, и хомосексуалци и хетеросексуалци, го делеа мислењето дека ништо во филмот директно не укажува на неговата сексуална ориентација, освен во сцената кога упатува еден краток поглед што кон еден убав човек. Во романот, тој како и другите хомосексуалци кои се вработени во "Писта", се горди хомосексуалци и често се опишани како екставагантни, слободно си разговараат за својот сексуален живот а понекогаш дури и си се меркаат меѓусебно. Но, во филмот не е така.

Наместо тоа, Најџел и кажува на Андреа дека кога бил дете ги лажел неговите родители дека оди на фудбал кога тој всушност одел на часови по шиење, и дека навечер кришум го читал " Писта" покриен под ќебе. Фајнмен изјавува дека за време на Најџеловата прва сцена во филмот, кога оди во хотелската соба на Андреа за да го прослават неговото "неизбежно" унапредување, сè уште немале одлучено колку екстравагантна неговата улога би требало да биде. Филмот исто така не најавува дали Најџел е во брак со маж/жена или пак дека има љубовна врска со жена. Гледачот Дејвид Поланд, забележал и дека двајцата хомосексуалци во романот Џефи и Џејмс, се изоставени во филмот, и на неговиот блог "The Hot Button" напиша дека овој детал е дел од општата десексуализација која го навела да го нарече филмот "No Sex in the city". Квир Бејкон го опиша портретирањето на Тучи како пријатно и без претерани стереотипи додека пак друг геј блогер го искажа неговото незадоволство велејќи дека еден филм за модната индустрија која е добро позната по отвореноста на хомосексуалците се чинеше дека решително ја одбегнува таа тема.

И покрај сета таа контроверзност, читателите на мрежното место Gay.com го изгласаа филмот за најдобар филм во 2006 година. Вилијам Малтиз од мрежното место AfterElton.com, вели дека "интересно е тоа што шегите во филмот не се на сметка на Најџел или неговата хомосексуалност". А спомнато е и дека тој е главниот виновник за трансформацијата на Енди од грдото пајче во убавиот лебед кој полека сè повеќе се истакнува во втората половина од филмот.

Квир Бејкон исто така се двоумел дали можеби и Даг е геј, бидејќи тој е повеќе свесен за тоа колку Миранда е важна во светот на модата, отколку што е свесна Андреа. А и во сцената кога Лили сака да го "запознае со некоја интересна личност" во галеријата, не откривајќи го притоа полот на личноста. Сомер напиша дека на Даг според сценариото не е хомосексуалец бидејќи едноставно е спомнат во филмот како лик, бидејќи во реалноста и е пријател на Мекена.

Реклама[уреди | уреди извор]

На неговата премиера филмот се прикажуваше на 2 847 екрани и заработи 27 милиони американски долари и додатни 13 милиони во првата недела, со што стана втор по својата заработка веднаш по "Враќањето на Супермен". Уште 35 екрани беа поставени од страна на "Фокс" наредната недела и тоа беше најголемата дистрибуција што овој филм ја имаше. "И Ѓаволот носи Прада" беше во првите 10 најдобри филмови во месец Јули, иако никогаш не се најде на списокот на филмови со најголема заработка во текот на една недела. Неговото театрално прикажување продолжи до 10 декември, кратко пред неговото ДВД издание.

Успешен беше и во кинотеките каде вкупната заработка беше речиси 125 милиони американски долари во Соединетите Американски Држави и Канада, а над 325 милиони американски долари ширум светот. Тоа значеше голем успех и за Мерил Стрип, сè до 2008та година кога се појави "Мама Миа" и го надмина овој нејзин успех, и за Ен Хатавеј која беше поуспешна со улогата во "Алиса во семјата на чудата" од 2010 година, (како и во "Стани паметен" од 2008та г. на домашно ниво).

Ана Винтур[уреди | уреди извор]

Ана Винтур на премиерата на филмот беше облечена во "Прада". Нејзината пријателка Барбара Амиел откри дека Винтур кажала дека филмот веднаш ќе сними и ДВД издание. Она што ја изненади јавноста на денот кога се пушти ДВД изданието, во разговорот со Барбара Волтерс, таа изјави дека "филмот е навистина интересен" и дека и се допаднала "одлучната и строга" страна на Стрип. "Се што придонесува за модата да биде забавна и гламурозна и интересна е прекрасно за нашата индустрија. И затоа 100 процентно го поддржувам филмот". Стрип изјави дека Винтур најверојатно повеќе била вознемирена од книгата отколку од филмот.

Успех на меѓународно ниво[уреди | уреди извор]

Романот на Вајсбергер е преведен на 37 јазици што го зголемува бројот на гледачи на филмот во странство. Во крајна линија тоа би ја зголемило заработката на филмот за 60 проценти.

Откако добро поминаа премиерите на филмот во септември во Океанија и Латинска Америка, "И Ѓаволот носи Прада" се искачи на врвот на топ листите по неговата прва најголема премиера во Европа, викендот на 9 ноември. Ќе биде филм со најголема заработка тој викенд во Британија, Шпанија и Русија со вкупно 41,5 милиони американски долари. Својата прва премиера во Кина филмот ја доживеа на 28 февруари 2007 г.

Повеќето странски филмски критики покажуваа како филмот е прифатен во домашната земја, преку позитивните коментари за изведбата на Стрип и на другите глумци, но го нарекуваа филмот "предвидлив". Питер Бредшо од "The Guardian" смета дека филмот е "умерено интересен", навредувајќи ја Хатавеј со зборовите: "вистинско разочарување... здрвена и чудна". Ентони Квајн за "The Independent" кажа: "Стрип овде можеби создаде класика" и додаде дека филмот како целина е "лесен и сочен како нова гума за џвакање".

Поголемот дел од пазарот не го сменија името на филмот; со тоа што или се користеше англиската верзија на насловот или пак се преведуваше на мајчиниот јазик. Исклучоци беа: Аргентина, Чиле, Колумбија, Еквадор, Мексико и Венецуела со следните наслови: El diablo que viste Prada и El diablo se viste a la moda. Во Полска: Diabeł ubiera się u Prady што грубо би се превело: И Ѓаволот се облекува (сам) во Прада. Во Турција филмот беше насловен : "Şeytan Marka Giyer" што значи : Ѓаволот се облекува само во брендирана облека. Во Романија : "Diavolul se îmbracă de la Prada" што во превод значи: Ѓаволот сам се носи од Прада а истиот беше и Францускиот наслов : "Le Diable s'habille en Prada". Јапонската верзија на насловот е : "プラダを着た悪魔" преведено значи Ѓаволот носејќи Прада.

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Три месеци по премиерата на филмот во Северна Америка (во октомври 2006 г.), Франкел и Вајсбергер заеднички ја примија првата награда Quill Variety Blockbuster Book to Film Award. Одбор составен од вработените на магазинот ги правеа номинациите и го избраа победникот. Уредникот Питер Барт ги поздрави и двете дела; и романот и филмот.

"И Ѓаволот носи Прада" е толку енергично режиран филм каде се е вклопено како што треба, но рејтингот на бокс-офисот ги изненади многумина од филмската индустрија. Филмот, исто како и истоимениот роман на Вајсбергер кој сè уште добро се држи меѓу најпродаваните книги, ја воодоошеви земјата.

Филмот доби признание и од "Националниот одбор за филмска критика" како еден од 10те најдобри филмови на годината. Слично признание доби и од Американскиот филмски институт. Кога на 14 декември 2007 година беше номиниран за Златен Глобус, филмот привлече големо внимание кај "Холивудското Здружение на Странски Дописници". Беше во трката за најдобар филм (комедија/мјузикл) и најдобра споредна женска улога(за Блант). Подоцна Стрип освои Златен Глобус за најдобра глумица во категоријата мјузикл/комедија.

А на 4 јануари 2007 година, нејзините колеги кои се членови на Здржението на Глумци ја номираа Стрип за наградата за најдобра глумица. Четири дена подоцна на наградите на "Националното Друштво на Филмски Критичари" таа ја зема наградта за најдобра глумица за филмот "И Ѓаволот носи Прада"и "Домашниот пријател од прерија". На 7 јануари 2007 година Мекена ја зема наградата од "Здружението на Писатели на Америка" за најдобра адаптација на сценарио. Следниот ден, "Британската Академија за Филмски и Телевизиски Уметности" ги објави имињата на номинираните меѓу кои се најдоа Блант, Филд, Мекена и Стрип како и шминкерот Ники Ледермен и фризерот Ангел де Анџелис. На 23 јануари 2007 година Стрип по 14ти пат беше номинирана за Оскар за најдобра глумица,со што го надмина нејзиниот рекорд со 13 номинации за Оскар, а тоа досега ниту еден машки или женски глумец го нема доживеано.

Додека Филд беше номинирана за најдобра костимографија. Иако не победија, Блант и Хатавеј ги најавија имињата на номинираните глумци за претходно споменатата награда и накратко ја забавуваа публиката импровизирајќи сцена од филмот, нервозно се прашуваа која од нив две купила капучино за Стрип. А таа пак им се придружи погледнувајќи ги остро, впрочем исто како Миранда пред да се насмее.

Предлог за снимање на телевизиска серија[уреди | уреди извор]

Поради големиот успех филмот доби предлог да се снима и телевизиска серија но тоа не се реализираше. Американската хумористична серија требаше да се прикажува на тв екраните во периодот 2007-08 г. на тв "Fox".

Серијата требаше да биде во производство на "Fox Television Studios" снимена врз основа на романот и филмот (кој беше продуциран од Fox Television Studios)во 2006 година но со прилагодување на содржината на традиционалната получасовна или едночасовна драмедија (комедија-драма) со само едно поставување на камера. Директорката на телевизијата "Фокс" Ангела Шапиро-Мачес за [["]Variety"]] изјави: "Тв серијата нема да биде точно како романот и филмот. Причината поради која ви се допадна филмот и книгата е тоа дека на вас ви беа важни овие ликови кои живеат во еден свет за кој вие сакате да научите нешто повеќе". Не можете да ја прочитате книгата и да не чувствувате дека тоа се тие ликови кои би сакале да ги следите и понатаму. Лесно ве фасцинираат. Но овој пилот-проект се одложи и никогаш не се сними.

Домашна медиумска покриеност[уреди | уреди извор]

Во прилог со филмот, ДВД изданието го содржи следново:

  • Аудио коментари од Френкел, уредникот Марк Ливолси, Филд, Ајлин Брош Мекена, Венди Фајнмен и Флоријан Балхаус.
  • Пет минутна снимка со смешни филмски грешки меѓу кои и паѓањето на Хатавеј поради високите потпетици кои ги носи, одењето по писта на еден дебел член од филмската екипа облечен во широки алишта и снимка од снимањето на сцената на ручекот во Париз каде Стрип вели дека има "голи фотографии кои треба да им ги покаже". За разлика од некои други филмски грешки, овие не се збир од последователни сценски грешки туку забрзана снимка со музика од филмот која вклучува и многу слики од настаните што се случувале позади камерите и сето тоа прикажано на поделена слика на екранот каде што гледачите паралелно ќе можат да ја видат вистинската сцена на едната страна и филмската грешка на другата страна. Рич Сомер вели: "Кога глумците намерно ќе се почешаат по носот тоа го прават само за да направат смешка"
  • Пет кратки документарни филмови
    • "Патот до големото платно" - дванаесет минутен преглед на филмската пред-продукција, дискусиите за кои измени ќе се направат од романот и за тоа како Фрекнел беше избран за режисер
    • "Њујорк и модата"- преглед на вистинската модна сцена на Њујорк и на тоа како е прикажана во филмот
    • "Модниот Визионер Патриша Филд"- профил на костимографката
    • "Да го земеме Валентино"- приказ на тоа како го убедувале дизајнерот да се појави во филмот во улога на себеси
    • "Пеколен шеф"- кратко видео каде се прикажува како е да се има тежок и кошмарен претпоставен како што е Присли во филмот
  • Петнаесет избришани сцени со коментарите на Френкел и Ливолси
  • Филмскиот трејлер и рекламните спотови за албумот со музика од филмот

Има и превод на Француски и Шпански јазик. ДВД изданието е достапно и со широкоекранска апликација и снимка на целиот екран. На корицата беа додадени и слики од филмската екипа и слоганот "Пекол на потпетици". Во Британија беше објавен на 5 февруари 2007 година. Истовремено со ДВД изданието беше издаден и Blu-ray диск.

Прифаќање на изданието[уреди | уреди извор]

Веднаш по неговото објавување на 12 декември, ДВД изданието на филмот стана најизнајмуван филм во САД. На првото место се задржа до крајот на годината и го зголеми буџетот на филмот за 25 милиони американски долари. До денес филмот има заработено 95.886.194 американски долари само од продажбата на ДВД ЦД то. Следната недела за првпат се најде на списокот на филмски ДВД продажби на и котираше на третото место.

Избришани сцени од филмот[уреди | уреди извор]

Избришани се сцените кои даваат повеќе информации во врска со самата приказна на филмот заедно со мислењата на уредникот и режисерот. Повеќето сцени ги избриша Ливолси без знаење на Френкел, со цел вниманието да се насочи кон конфликтниот однос на Миранда и Андреа.