Прејди на содржината

Дензел Вашингтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дензел Вашингтон
Вашингтон во февруари 2000 годин, на Берлинскиот интернационален филмски фестивал.
Роден(а)Дензел Хејс Вашингтон Џуниор.
28 декември 1954(1954-12-28)(69 г.)
Маунт Вернон, Њујорк, САД
ЖивеалиштеБеверли Хилс, Калифорнија, САД
ЗанимањеГлумец, режисер, продуцент
Активен период1974 година–сегашност
СопружникПолета Вашингтон

Денезел Хејс Вашингтон Џуниор (анг. Denzel Hayes Washington, Jr.; роден на 28 декември 1954 година) — американски глумец, режисер и продуцент. Тој има добиено многу пофалби за неговата работа во филмската индустрија од 90-тите години, вклучувајќи ги и неговите интерпретации на вистински личности како Стив Бико, Малколм Икс, Рубин „Ураганот“ Картер, Мелвин Б. Толсон, Френк Лукас и Херман Бун. Вашингтон често се појавува во филмови продуцирани од Џери Брукхајмер и беше чест соработник на покојниот Тони Скот.

Вашингтон има добиено два Златни Глобуса, а еднаш ја доби наградата Тони. Исто така има добиено и два Оскари. Еден за споредна улога во „Слава“ (1989 година) и еден за најдобра машка главна улога во „Ден за Обука“ (2001 година).

Ран живот и образование

[уреди | уреди извор]

Вашингтон е роден во Маунт Вернон, во близината на Њујорк, Њујорк на 28 декември 1954 година. Мајка му Ленис „Лин“, била сопственичка на салон за убавина и е родена во Џорџија, а била израстена во Харлем. Татко му, свештеникот Дензел Хејс Вашингтон Сениор потенува од округот Бакингем, Вирџинија и служел како пентекосталски свештеник.

Дензел учел во граматичко училиште во основото училиште Пенингтон-Грајмс во Вернон до 1968 година. Кога имал 14 години, неговите родители се развеле и мајка му го испратила во приватната воена академија Оукленд во Њу Винзор, Њујорк. „Таа одлука ми го смени животот“, изјавил Вашингтон подоцна, „бидејќи немаше да преживеам по тој пат по кој тргнав. Луѓето со кои се дружев во тоа време сега имаат отслужено вкупно 40 години во затвор. Тие беа добри луѓе, ама улицата ги уништи“. После Оукленд, Вашингтон учел во јавното средно училиште Меинленд во Дејтона Бич, Флорида од 1970 до 1971 година. Вашингтон сакал да се запише во Тексашкиот технолошки универзитет: „Пораснав во Машкиот клуб во Маунт Вернон, а ние бевме „Ред Рајдерс“. Кога бев во средно, сакав да одам на Тексашкиот технолошки универзитет во Лубок, само бидејќи тие беа нарекувани „Ред Рајдерс“ и нивите униформи личеа на нашите“. Вашингтон зел диплома по Драма и новинарство во универзитетот Фордам во 1977 година. Во Фордам тој играл и кошарка под тренерот П.Џ. Карлесимо. После периодот на нерешителност на кој магистерски студии да се запише и откако пропуштил еден семестар на колеџ, Вашингтон работел како креативен режсер во летниот камп УМСА во Лејквил, Конектикат. Учествувал во шоу за таленти за камперите и некој колега му предложил да се обиде со глумецството.

Кога се вратил во Фордам со нова цел и фокус, се запишал во Линколн Центар за да студира глума и добил важни улоги во „Императорот Џонс“ од Јуџин О’Нил и „Отело“ од Шекспир. Отако дипломирал, работел во Американскиот конзервативен театар во Сан Франциско, каде што останал една година пред да се врати во Њујорк за да започне професионална глумечка кариера.

Почетоци

[уреди | уреди извор]
Вашингтон на 62-рото доделување на Оскари, каде освоил Оскар за најдобра машка споредна улога во филмот „Слава“.

Вашингтон го поминал летото 1976 година во Сент Мерис Сити, Мериленд, во летен театар изведувајќи ја „Крила на утрешнината“, која била преправена за него за да има афроамерикански лик/раскажувач. Исто така, снимил и неколку реклами за Fruit of the Loom. Откако дипломирал на Фордам, Вашингтон го имал своето глумечко деби во телевизискиот филм „Вилма Парпл“ од 1977 година и првпат се појавил на холивудски филм во „Копија“ од 1981 година. Вашингтон ја добил наградата за Оби за Неверојатна заедничка изведба за улогата на војникот Мелвин Питерсон во претставата „Војничка претстава“, чија премиера била на 20 ноември 1981 година.

Голем напредок во кариерата имал кога почнал да го глуми д-р Филип Чендлер во телевизиската серија „Сент Елсвер“ која трала од 1982 година до 1988 година на каналот NBC. Тој бил еден од неколку Афроамериканци кои се појавувале во серијата во сите шест сезони. Вашингтон исто така добил улоги во филмовите „Војничка Приказна“ (1984), „Тешки лекции“ (1986) и „Моќ“ (1986).Во 1987 година, Вашингтон го глумел јужноафриканскиот политички активист Стивен Бико во „Повик за слобода“ на Ричард Атенборо, за која улога добил номинација за Оскар за најдобра машка споредна улога. Во 1989 година, Вашингтон го добил Оскарот за најдобра машка споредна улога за толкувањето на поранешен затвореник и војник во филмот „Слава“. Таа година се појавил и во филмот „Моќниот Квин“ и како лудиот Рубен Џејмс, британски војник кој, и покрај истакнатата воена кариера, се враќа на нормалниот цивилен живот каде што расизмот и градскиот живот води до вандализам и насилство во „За кралицата и татковината“.

Деведесеттите години од 20 век

[уреди | уреди извор]
Податотека:Denzel.JPG
Потписот на Вашингтон пред Кинескиот театар Граумен

Во 1991 година, Вашингтон го глумел Блик Гилиам во „Подобар блуз“ на Спајк Ли. Во 1992 година го глумел Деметриус Вилијамс во романтичната драма „Мисисипи Масала“.Вашингтон повторно соработувал со Ли и ја одиграл една од неговиоте најфалени улоги во филмот „Малколм Икс“ од 1992 година. Со неговата изведба како црн националистички водач, заслужил нова номинација за Оскар за Најдобра машка улога. Следната година, го играл адвокатот на геј тип со ХИВ во филмот „Филаделфија“. До среднината на 90-тите година, Дензел се појавил во неколку успешни трилери, вклучувајќи ги „Пеликановото писмо“ и „Пурпурна плима“, како и во комедијата „Многу врева за џабе“. Во 1996 година, го глумел американскиот офицер, очаен поради смртоносната грешка што ја направил, кој ја истражува женската хеликоптерска наредничка во „Храброст под оган“ со Мег Рајан. Истата година, глумел со Витни Хјустон во романтичната драма „Жената на проповедникот“.

Во 1998 година, Вашингтон повторно глумел во филм на Спајк Ли т.е. „Тој знае да игра“. Вашингтон глуми татко кој отслужува шестгодишна казна во затвор и излегува на условно за да го убеди својот син-кошаркар (Реј Ален) да потпише за Биг Стејт, тимот на гувернерот. Овој филм ја означува третата соработка на филм на Спајк Ли и Дензел Вашингтон.

Во 1999 година, Дензел добил улога во „Ураганот“, филм за боксерот Рубин „Ураганот“ Картер чие осудување за тројно убиство било отфрлено дури откако поминал 20 години во затвор. Еден поранешен новинар кој бил лут бидејќи видел дека Картер е прикажан како невин, и покрај отфрлената пресуеда, почнал кампања за да ги притисне гласачите на Оскарите да не го наградат филмот. Сепак, Вашингтон добил Златен Глобус и Сребрена Мечка на Берлинскиот интернационален филмски фестивал за таа улога.

Во 2000 година, Вашингтон се појавил во филмот на Дизни „Запамтете ги Титаните“ кој заработил над 100 милиони долари на Американскиот бокс-офис.

Кога Вашингтон добил Златен Глобус за Најдобар глумец во 2000 година, тој изјавил: „Ниту еден Афроамериканец нема добиено Златен Глобус за најдобар глумец од Сидни Потие, сѐ до мене“. Така станал првиот црн глумец кој ја примил таа награда после 36 години.

Дензел добил Оскар за Најдобар глумец за следниот филм, полицискиот трилер од 2001 година „Ден за обука“ како детективот Алонзо Херис, одметнат и злобен полицаец од Лос Анџелес со сомнителен начин на однесување. Вашингтон беше вториот Афроамериканец кој добил Оскар за Најдобар глумец, после Сидни Портие, кој истата ноќ добил Почесен Оскар. Вашингтон го држи рекордот (шест до сега) за највеќе номинации за Оскар и највеќе победи (две до сега) од глумец или глумица од африканско потекло.

Откако се поавил во успешниот филм од 2002 година „Џон Кју“,Вашингтон го режирал својот прв филм, одличната драма „Ентоан Фишер“ во која толкувал и споредна улога.

Меѓу 2003 и 2004 година, Вашингтон се појавил во неколку трилери кои поминале добро на бокс-офисот, вклучувајќи ги „Без време“, „Телесна стража“ и „Манчурискиот кандидат“. Во 2006 година, глумел во „Човек од внатре“, филм кој се врти околу грабеж на банка, режиран од Спајк Ли, со Џоди Фостер и Клајв Овен во главните улоги, заедно со Дензел. Истата година, излегол и филмот „Дежа Ву“.

Во 2007 година, Вашингтон по вторпат глумел со Расел Кроу во „Американски гангстер“, а истата година ја режирал и глумел во драмата „Големите полемичари“ со Форест Витакер. Вашингтон потоа се појавил во филмот од 2009 година „Заземањето на Пелам 1 2 3“, римејк на трилерот од 1974 година, режиран од Тони Скот, во кој се појавува како соперник на Џон Траволта.

Враќање во театар

[уреди | уреди извор]
Вашингтон после изведбата на „Јулиј Цезар“ цо мај 2005 година

Вашингтон последен пат се појавил во театар во летото 1990 година во главната улога на Шекспировиот „Ричард III“, а после пауза од 15 години, во 2005 година, повторно се појавил во друга драма на Шекспир како Марко Брут во „Јулиј Цезар“ на Бродвеј. Претставата се прикажувала кратко, но за сите претстави, салата била целосно распродадена.

Од 2010 година до сега

[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, Вашингтон глумел во филмот „Книга на Искупувањето“, пост-апокалиптична драма сместена во блиска иднина. Истата година, го глумел искусниот железнички инженер во филмот „Несопирлив“, за неуправуваниот товарен воз кој носел опасен товар. Филмот бил режиран од Тони Скот и ја претставува нивната петта и последна сорботка, после „Пурпурна плима“ (1995), „Телесна стража“ (2004), „Дежа Ву“ (2006) и „Заземањето на Пелам 1 2 3“(2009).

На 13 јуни 2010 година, Вашингтон ја добил наградата Тони за најдобра машка улога во претставата „Огради“. Во 2012 година, Дензел глумел во „Лет“ за кој бил номиниран за Оскар за најдобар глумец, а глумел со Рајан Рејнолдс во „Безбедносна куќа“.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

На 25 јуни 1983 година, Вашингтон се оженил со Полета Пирсон, која ја запознал на снимањето на неговиот прв филм „Вилма“. Тие имаат четири деца: Џон Дејвид (кој потпишал рагби-договор со Сакраменто Маунтин Лајонс во 2006 година и моментално игра за нив во Рагби Лигата), Катја (дипломирала на Универзитетот Јејл во 2010 година) и близнаците Оливија и Малколм (Малколм студира на Универзитетот во Пенсилванија). Во 1995 година,брачниот пар ги обновил нивните свадбени завети во Јужна Африка.

Вашингтон е посветен Христијанин и размислувал да стане свештеник. Во 1999 година изјавил: „Дел од мене сѐ уште вика, ’Дензел, можеби треба да проповедаш.’ Имав можност да толкувам важни луѓе и, преку нивните зборови, да проповедам. Сериозно го сфаќам тој талент и сакам да го користам за добро“. Во 1995 година, тој донирал 2,5 милиони долари за изградба на нова црква во Лос Анџелес.

Вашингтон работи како портпарол за „Американските клубови на момчиња и девојчиња“ од 1993 година. Како таков, се појавил на неколку јавни настани и кампањи за организацијата.

Во средината на 2004 година, Вашингтон го посетил Воениот медицински центар Брук во Форт Сем, Хјустон, каде што учествувал во церемонијата за давање „Пурпурно Срце“ на тројца војници кои се опоравувале во болницата од повредите кои ги здобиле за време на војната во Ирак. Исто така, Дензел има донирано и еден милон долари на Детскиот Фонд во Јужна Африка.

Револуционерните вооружени сили на Колумбија го именувале Вашингтон за еден од тројцата луѓе (другите се режисерите Оливер Стоун и Мајкл Мур) со кои би сакале да преговараат за ослободувањето на тројцата безбедносни договарачи кои групата ги држеше како заложници од 2003 фо 2008 година.

На 18 мај 1991 година, Вашингтон дбил почесен докторат од универзитетот Фордам. Во 2011 година, тој донирал 2 милиони долари за драмската катедра, како и 250 000 долари за драмски стипендии на Фордам. Исто така, бил награден и со почесен докторат за хуманитарни науки од колеџот Морхаус на 20 мај 2007 година.На 16 мај 2007 година, добил почесен докторат од Универзитетот во Пенсилванија.

Во 2008 година, Вашингтон го посетил Израел со делегација од афроамерикански глумци во чест на 60-тиот роденден на државата.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

1977 г. „Вилма“ – Роберт Елдриџ

1979 г. „Кориолан“ – Едил/ Римјанин

1981 г. „Копија“ – Роџер Портер

1982 г. „Дозвола за убивање“ – Мартин Сор

1984 г. „Војничка приказна“ – Војник Мелвин Питерсон

1984 г. „Приказната на Џорџ Мекена“ – Џорџ Мекена

1986 г. „Моќ“ – Арнолд Билингс

1987 г. „Повик за слобода“ – Стив Бико

1989 г. „Моќниот Квин“ – Хавиер Квин

1989 г. „За кралицата и татковината“ – Рубен Џејмс

1989 г. „Слава“ – Војник Трип

1990 г. „Срцева болест“ – Наполеон Стоун

1990 г. „Подобар блуз“ – Блик Гилиам

1991 г. „Залутан куршум“ – Николас Стајлс

1992 г. „Мисисипи Масала“ – Деметреус Вилијамс

1992 г. „Малколм Икс“ – Малколм Икс

1993 г. „Многу врева за џабе“ – Дон Педро од Арагонија

1993 г. „Пеликановото писмо“ – Греј Грентам

1995 г. „Пурпурна плима“ – Наредник Рон Хантер

1995 г. „Виртуозност“ – Наредник Паркер Барнс

1995 г. „Ѓавол во син фустан“ – Изи Ролингс

1996 г. „Храброст под оган“ – Полковник Натаниел Серлинг

1996 г. „Жената на проповеднкот“ – Дадли

1998 г. „Паднат“ – Детектив Џон Хобс

1998 г. „Тој знае да игра“ – Џејк Шателсворт

1998 г. „Опсада“ – Специјален агент Ентони „Хаб“ Хабард

1999 г. „Собирач на коски“ – Линколн Рајм

1999 г. „Ураганот“ – Рубин „Ураганот“ Картер

2000 г. „Запамтете ги Титаните“ – Тренерот Херман Бун

2001 г. „Ден за обука“ – Детектив Алонзо Херис

2002 г. „Џон Кју“ – Џон Квинси Арчибалд

2002 г. „Ентоан Фишер“ – Д-р Џером Девенпорт

2003 г. „Без време“ – Полициски началник Матијас Ли Витлок

2004 г. „Телесна стража“ – Џон Криси

2004 г. „Манчуринскиот кандидат“ – Градоначалник Бен Марко

2006 г. „Човек од внатре“ – Детектив Кит Фрејзер

2006 г. „Дежа Ву“ – Специјален агент Даг Карлин

2007 г. „Американски Гангстер“ – Френк Лукас

2007 г. „Големите полемичари“ – Мелвин Б. Толсон

2009 г. „Заземањето на Пелам 1 2 3 “ – Волтер Гарбер

2010 г. „Книга на Искупувањето“ – Илај

2010 г. „Несопирлив“ – Френк Барнс

2012 г. „Безбедносна куќа“ – Тобин Фрост

2012 г. „Лет“ – Капетан Вип Витакер