Сара Џесика Паркер
Сара Џесика Паркер | |
---|---|
![]() Кери Бредшо | |
Роден(а) | Sarah Jessica Parker |
Активен | 1977-денес |
Сопружник | Метју Бродерик |
Мреж. место | Страница на обожаватели |
Сара Џесика Паркер (англиски: Sarah Jessica Parker) родена 25 март 1965 е американска глумица и продуцентка, со портфолио на настапи на телевизија, филм и театар. Позната е по својата улога како Кери Бредшо новинар во весник, на рубриката за секс во телевизискиот серијал на HBO Сексот и Градот (Sex and the City); улога за која освои 4 Златни глобуси и 2 Еми награди. Сексот и Градот е популарна американска серија создадена од Дарен Стар. Премиерно е емитувана на HBO од 1998 до 2004, вкупно од шест сезони. Серијата е сместена во Њујорк и се фокусира на четири женски ликови. Сметана е за ситком, но има серијализирани приказни како во сапуница, како и драматични елементи. Серијата е главно снимана во Њујорк, во Силверкап студијата, но и во Менхетен.
Најпозната е по нејзината улога како Кери Бредшо, хероината од популарната ТВ-серија „Сексот и градот“. Но вистинската Сара е многу поразлична од ексцентричната њујорчанка која секогаш е сама и често се чуди со кој маж да ја помине вечерта ( но ако и вие сте мислеле така – одајте и признание на добрите глумечки способности). Упорната работа и тешкото детство ја потиканле да успее во животот. Но, како се вели – тоа, што не те убива само те прави посилен, така и Сара тешкото детство ја мотивирало да стане голема ѕвезда. Крајниот резултат е жена создадена специјално за Бродвеј, надарена со трите карактеристики, кои таму се ценат највисоко: пејачки, танцувачки и глумечки. И покрај тоа што нема потреба од пеење и танцување, благодарение на се попризнаените глумечки способности, и интересни улоги нејзиниот статус на одлична глумица веќе е потврден.
Животопис[уреди | уреди извор]
Раниот живот и кариерата[уреди | уреди извор]
Паркер е родена во Нелсонвил, Охајо, како ќерка на Барбара, која била оператор и учителка во градинката, и Стивен Паркер кој бил стопанственик и новинар. Татко ѝ бил родум од Бруклин и бил Евреин, со оригинално семејно презиме „Баркан“ (син на коен). Паркер за себе кажала „Јас секогаш се сметав себеси за Еврејка“. Нејзините родители се развеле кога таа била мала, а мајка ѝ се премажила за Пол Форст. Паркер пораснала со мајка си, очувот и седумте полубраќа и сестри. Како мало девојче, таа вежбала пеење и балет и набргу добила улога во „Невините“ во продукција на Бродвеј. Нејзиното семејство се преселило во Синсинати, Охајо, а потоа во Добс Фери, Њујорк, каде што Паркер ја развивала својата кариера како дете глумец. Во 1977 година, семејството се преселило во новоотворената општина на Рузвелт Ајленд, на Ист Ривер меѓу Менхетен и Квинс, а потоа се преселиле и во самиот Менхетен. Нејзините родители подоцна се преселиле во Инглвуд, Њу Џерси каде што таа одела во средното училиште Двајт Мороу. Паркер одела во училиштето за креативна уметност и настап, во училиштето на американскиот балет и училиштето за деца-професионалци, а подоцна во средното училиште Двајт Мороу. Таа и четирите полубраќа се појавиле во римејкот „Звукот на музиката“, а подоцна Паркер заминала во новиот мјузикл на Бродвеј „Ени“ од 1977 до 1981. На почетокот ја имала малата улога на Џули, а потоа ги достигнала Андре Мекардл и Шели Брус со главната улога на храброто сираче од времето на Депресијата, во времетраење од една година дена почнувајќи од 6 март 1979.
Во 1982, Паркер ја добила споредната улога во серијата Сквер Пигс на CBS телевизијата. Серијат траела само година дена пред да биде повлечена од мрежата, но изведбата на Паркер од страна на критичарите била добро оцената. Во следните три години таа играла во четири филма од кои најзначани биле Футлуз во 1985, во кој играла и Хелен Хант. Во истата година започнала врска со глумецот Роберт Дауни Џуниор, кого го сретнала на снимањето на филмот Првородениот. Со него живеела до 1991. Во текот на врската Дауни имал проблем со дрогата, а Паркер дала коментар: „Мислам дека јас бев личноста што го држела прибран“.
Подоцнежна кариера[уреди | уреди извор]
До раните 90-ти, кариерата на Паркер добила на значење. Во 1991 таа се појавила во споредна улога во романтичната комедија Приказна од Лос Анџелес. И таа и филмот добиле позитивни критики. Наредната година таа одиграла значајна улога во инаку добро прифатениот филм Меден месец во Вегас, во кој играл и Николас Кејџ. Во 1993 година филмот Хокус Покус имал поголема заработка, но нејзината улога добила негативни критики. Следната година таа се појавила во филмот Рапсодија во Мајами со кој се вратила на позната територија со примеси на комедија и тоа во главна улога. Таа се појавила во уште еден филм на режисерот Тим Бартон Марс Напаѓа!, Клубот на првите жени и Содржината на оганот, од 1996, во кој повторно ја одиграла својата театарска улога од 1991.
Во 1997 таа се појавила како Франческа Ленфилд, пропадната бивша дете-актер во комедијата Додека ти беше тука. Подоцна истата година и било испратено сценариото за серијата Сексот и градот, која била и драма и комедија во продукција на HBO. Креатотот на серијата Дарен Стар била одлучна да ја земе Паркер во серијата. И покрај сомнежите да прифати телевизиска улога на подолг период, Паркер се согласила. Првата сезона од серијата се покажа како огромен успех, издигајќи ја Паркер на повисок статус. И покрај зголемената провокативност во серијата, Паркер цврсто останала на клаузата од својот договор – без голотија во текот на сите шест сезони од серијата. Таа стана и продуцент на серијата почнувајќи од третата сезона. Во 2004 Паркер освои Еми награда за својата главна улога (после пет неуспеси). Многу кладилници престанале да земаат облози за нејзината Еми победа, бидејќи било општоприфатено мислењето дека таа треба да ја освои наградата. Оттогаш Паркер изјавила дека никогаш нема да игра во телевизиска серија иако ќе се појави како ко-продуцент во новата серија на HBO, заснована на Вашингтон, но нема да се појави во истата.
Откако заврши Сексот и градот во 2004, се ширеа гласини за филмска верзија. Беше откриено дека сценариото за тој проект е завршено. Како и да е Паркер коментираше дека тој никогаш нема да се реализира. Но, две години подоцна подготовките за филмот започнале и HBO во моментот се во преговори со извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг и екипата од Сексот и градот вклучувајќи ја и Паркер за реализирање на игран филм под истото име. Покрај нејзината работа на филмот и телевизијата, Паркер е и почитувана театарска глумица, која ја одиграла одлично критикуваната главна улога во бродвејската претстава Силвија, покрај својот маж Метју Бродерик во претставата „Како да успееш во бизнисот без многу да се трудиш“. Номинирана е за наградата Тони за улогата во „Си беше еднаш еден душек како принцезата Виниферд Вобегон“. Во декември 2005 по неколку години Паркер се појавила во својот прв театарски филм Семејниот камен. За таа улога беше номинирана за Златен глобус во категоријата најдобра глумица во комедија . Нејзиниот следен филм, романтична комедија „Неуспешно лансирање“ во која играше до Метју Меконаги беше прикажан на 10 март 2006. Филмот беше на првото место во северноамериканските билетари со заработка од 24 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето и покрај средните оцени на критичарите. Нејзината работа како продуцент продолжи со независниот филм „Вртеќи се во путер“ заснован на драмата на Ребека Гилман, чие прикажување е закажано за 2006 во кој и таа ќе се појави. Нејзиниот последен потврден проект е Слемер. Музичка комедија која се случува во затвор, режирана од Адам Шенкмен и треба да биде прикажан во 2007. Улогата на затворен издавач кој иницира затворски мјузикл ќе ја врати Паркер на нејзините музички корени, кои допрва треба да бидат истражени во нејзината работа на телевизијата и филмот. Паркер беше дел од глумечката екипа во филмот Одмор, заедно со нејзиниот колега од филмот Семеен камен, Лук Вилсон, но ја откажала улогата поради подобрите понуди што ги добивала. Улогата ја доби Кејт Бекинсејл.
Личен стил[уреди | уреди извор]
Паркер стана многу влијателна во светот на модата. Во 2005 таа беше домаќин на MTV филмските награди и се пресоблече дури 15 пати во текот на шоуто. Таа стана заштитно лице на многу од светските модни брендови со својата работа и низ многу рекламни кампањи. Паркер потпиша неверојатно добро платен договор со Гарниер. Таа се појави и во нивните реклами на телевизијата и во печатот, промовирајќи ги Нутрис производите за коса. Во 2004 таа започна меѓународна кампања за Геп, но нејзиниот договор со овој гигант во светот на облеката беше наеднаш раскинат во пролетта 2005, во корист на британската соул пејачка Џос Стоун. Еден нејзин пријател за печатот коментираше: „Нејзината пролеттна кампања за Геп само што започна и да се објави нејзината смена во истата недела кога излегуваат новите реклами е малку невкусно“. Како додаток на нејината работа во рекламирањето е и излегувањето на нејзиниот сопствен парфем во 2005 со име Прекрасна-невина пародија во самото себе. Во март 2007 Паркер лансираше своја модна линија со име Гризнато, во партнерство со ланецот на облека Стив и Бери која се продава по дисконтни цени. Линијата која содржи стотици парчиња облека и додатоци, сите по цена помала од 20 долари беше лансирана на 7 јуни 2007, искучиво во продавниците на Стив и Бери. Во јуни 2007 по огромниот успех на Прекрасна, Паркер го пушти во продожба својот втор парфем Ковет.
Личен живот[уреди | уреди извор]
Откако нејзината кариера продолжи цути во 90-тите, таа го запозна новинарот Џон Кенеди Џуниор и се забавуваше со него неколку месеци. Пред тоа таа беше во сериозна врска со Роберт Дауни Џуниор. Таа беше поврзана и со кант авторот Џошуа Кадисон во раните 90-ти, кој нивната бурна врска и нивната мачка Мојсеј ги опиша во песната Џеси од албумот Обоена пустинска серенада. На 19 мај 1997 година таа се омажи со Метју Бродерик со кога ја запознал нејзиниот брат. Двојката се венчала со општинска церемонија во историската синагога на Лоцер Ист Сајд во Менхетен, која веќе не се користи како свето место. И двајцата се сметаат за Евреи од културолошки аспект. Нивното прво дете, синот Џејмс Вилки Бродерик се роди на 28 октомври 2002. Бил крстен по таткото на Бродерик, истакантиот ирско-американски глумец Џејмс Бродерик. Бидејќи Паркер силно ги поддржува јавните училишта, советниците за избор на училиште се нестрпливи да видат дали Паркер ќе го одржи ветувањето дадено во 2004, дека Џејмс Вилки ќе влезе во јавните школски системи во 2007-та кога ќе наполни пет години. Паркер и Бродерик живеат во Њујорк и се постојани посетители на настаните од уметноста.
Паркер е истакнат член на Холивудскиот женски политички Комитет и претставник на УНИЦЕФ за уметнички настани.Во 2006 патуваше во Либија како амбасадор на УНИЦЕФ, при што коментираше: „Ова е место кое добива малку или никакво внимание, па ние ќе се обидеме да го свртиме вниманието“. Во моментот е амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ за САД. Од 2007 живее во Њујорк со својот сопруг и син.
Награди[уреди | уреди извор]
- 2005: Номинација: Најдобра глумечка изведба во Филм: Мјузикал или Комедија - Семејниот камен
- 2005: Номинација: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2004: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2003: Номинација: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2002: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2001: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2000: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 1999: Номинација: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2004: Добитник: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2004: Номинација: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
- 2003: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2003: Номинација: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
- 2002: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2002: Номинација: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
- 2001: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2001: Добитник: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
- 2000: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 1999: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
Филмографија[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Биографија Архивирано на 9 јули 2008 г. на Во глумецското студио
- Максима ја именува за "Пет најсекси живи глумици " Архивирано на 8 декември 2007 г. на Максима
- Биографија на Плакат
- Биографија на Сексот и градот' Архивирано на 19 септември 2018 г.
- Архива на оригинални Сексот и градот новинарки колумни
- Сара Џесика Паркер го праќа синот во јавно училиште Архивирано на 15 октомври 2007 г.
- "Прекрасна-Невина" страница за парфеми
- "Ковет" страница за парфеми
Интервју[уреди | уреди извор]
- „Живот по утрешниот ден“ 2006
- ЊуЈорк Новости интервју, 8 март 2006
- BBC Интервју (декември 2005)
- FemaleFirst.uk интервју (13 декември 2005)
- Темни хоризонти интервју Архивирано на 17 февруари 2006 г. (8 декември 2005)
- Сара Џесика паркер интервју Архивирано на 6 септември 2009 г.
|