Натали Портман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Натали Портман
Портман во 2013
Роден(а) Натали Хершлаг
9 јуни 1981 (1981-06-09) (37 г.)
Ерусалим, Израел
Државјанство Израел Израелско
САД Американско
Алма матер Харвард
Еврејски универзитет во Ерусалим
Занимање
  • глумица
  • продуцент
  • режисер
Активен период 1992–сеуште
Сопружник Бенжамин Милпје (в. 2012)
Деца 1

Натали Портман (хебрејски: נטלי פורטמן‎) (Ерусалим, 9 јуни 1981) родена како Натали Хершлаг, е израелско-американска глумица номинирана за Оскар и добитничка на Златен глобус.

Како девојче, Натали ги поминува училишните распусти посетувајќи театарски кампови, кадешто ја развива љубовта спрема глумата. По искуството во еден мјузикл, на 12 години добила улога во филмот „Леон“ (издаден во САД како „Професионалецот“). Во средината на девеесеттите Натали играла помали улоги во филмовите „Жештина“, „Сите велат те сакам“ и „Марс напаѓа!“, како и една поголема улога во „Убави девојки“.

Во доцните девеесетти, таа била избрана за улогата на Падме Амидала во новата трилогија на „Војна на ѕвездите“. Таа глумела во филмовите „Секаде освен тука“, „Мојот живот во Гарден Стејт“, „Поблиску“ и „О за Одмазда“. За филмот „Поблиску“ таа била наградена со Златен глобус и била номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка во споредна улога.

Во 2010, Портман ја имала главната улога во психолошкиот филм Црн лебед. Нејзината изведба добила позитивни критики и таа ги добила својот прв Оскар за најдобра актерка во главна улога, вториот Златен глобус, првата БАФТА награда, како и наградата на здружението на филмски работници.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Портман е родена во Ерусалим, Израел.[1][2][3] Таа е единственото дете на Шели,[4] американска домаќинка која работи како Агент на Натали, и Авнер Хершлаг, израелски гинеколог.[5] Нејзините баба и дедо од мајкина страна, Бернис и Артур Стивенс[4] (чие презиме првично било "Елдестајн"),[6] биле од еврејски имигрантски семејства од Австрија и Русија.[7] Нејзините баба и дедо од таткова страна, Маниа (Портман) и Зви Јехуда Хершлаг, биле еврејски имигранти во Израел.[8] Дедото на Натали, Зви бил роден во Полска во 1914, и во 1938 се преселил во тогашниот Британски мандат во Палестина, денешен Израел, каде бил професор по економија. Родителите на Зви починале во Аушвиц.[8] Прабабата на Натали од таткова страна, која била родена во Романија, била шпион за британските тајни служби за време на втората светска војна.[9][10][11] Нејзиното оригинално хебрејско име е "Нета-Ли".[12]

Родителите на Портман се запознале во еврејски студентски центар во универзитетот Охајо, каде нејзината мајка продавала билети. Тие продолжиле да комуницираат кога нејзиниот татко се вратил во Израел и се земале неколку години подоцна, кога нејзината мајка се преселила кај него. Во 1984, кога Портман имала три години, семејството се преселило во САД, за нејзиниот татко да ги усоврши неговите медицински вештини.[7] Портман, која е двоен граѓанин на САД и Израел,[13] изјавила дека: "иако навистина ги сакам САД... моето срце е во Ерусалим. Таму се чуствувам како дома."[9]

Семејството на Портман првично живееле во Вашингтон, но во 1988 година се преселиле во Конектикат за на крај да се преселеат во Џерико, Њујорк, на Лонг Ајленд,[14] во 1990 година.[15][16][17]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kane, Michael. „Portman Bold ... and Bald ... in 'V for Vendetta'“, Fox News Channel, 19 март 2006 (посет. 18 октомври 2007 г).
  2. Crean, Ellen. „A 'Garden State' Of Mind“, CBS News, 30 јули 2004 (посет. 18 октомври 2007 г).
  3. Carle, Chris (15 јули 2005). „Comic-Con 2005: IGN Interviews Natalie Portman“. IGN. архивирано од изворникот на 30 октомври 2013 г.. https://web.archive.org/web/20131030162824/http://www.ign.com/articles/2005/07/16/comic-con-2005-ign-interviews-natalie-portman. посет. 22 јуни 2006 г. 
  4. 4,0 4,1 „Bernice (Hurwitz) Stevens Obituary“. The Cincinnati Enquirer via Legacy.com. 12 октомври 2014. архивирано од изворникот на 3 мај 2015 г.. https://web.archive.org/web/20150503050627/http://www.legacy.com/obituaries/cincinnati/obituary.aspx?pid=172772416. посет. 23 ноември 2014 г. 
  5. Pringle, Gill. „Natalie Portman — more than a woman“, „The Independent“, 29 февруари 2008 (посет. 8 март 2011 г).
  6. Bloom, Nate. „Jewz in the Newz: The Oscars, Part II“, „The American Israelite“, 24 февруари 2011 (посет. 10 март 2011 г).
  7. 7,0 7,1 Dickerson, p. 22.
  8. 8,0 8,1 Who's who in Israel and in the work for Israel abroad. Bronfman & Cohen Publications. 1978. http://books.google.ca/books?id=ISRbAAAAIAAJ&q=%22HERSHLAG,+Zvi+Yehuda%3B+Prof.,+T.A.+U.%3B+Dir.,+Horovitz+Inst.+f.+Res.+of+Devel.+Countr.%22&dq=%22HERSHLAG,+Zvi+Yehuda%3B+Prof.,+T.A.+U.%3B+Dir.,+Horovitz+Inst.+f.+Res.+of+Devel.+Countr.%22&hl=en&sa=X&ei=R2JSUrGAJInEyQHch4H4Ag&redir_esc=y. посет. 20 ноември 2013 г. 
  9. 9,0 9,1 Heath, Chris. „The Private Life of Natalie Portman“, „Rolling Stone“, 20 јуни 2002 (посет. 4 јули 2015 г).
  10. Ethan White. „Natalie Portman-The Shy Superstar“. Scholastic Corporation. http://www2.scholastic.com/browse/article.jsp?id=3748415. посет. 30 декември 2010 г. 
  11. To Become A 'Black Swan,' Portman Had To Go Dark“, 30 ноември 2010 (посет. 13 август 2013 г).
  12. Salonim, Nir. „(Hebrew) ברבורה: כל מה שצריך לדעת על זוכת פרס / A swan: All you need to know about the Oscar winner Natalie Portman“, Mako.co.il, 28 февруари 2011 (посет. 28 февруари 2011 г). Translated from the original.
  13. Pfefferman, Naomi. „'Star Wars' actress helps defend Israel“, 14 април 2002 (посет. 4 јануари 2011 г).
  14. Polsky, Carol. „Portman was ever the swan growing up on LI“, „Newsday“, 26 февруари 2011 (посет. 21 март 2013 г).
  15. "Natalie Portman". Inside the Actors Studio. Bravo. November 21, 2004. No. 1101, season 11.
  16. Thernstrom, Melanie. "The Enchanting Little Princess", The New York Times, November 7, 2004. Page 2 of online version.
  17. Forrest, Emma. „Natalie Portman on Britney, good deeds and Scarlett Johansson's breasts“, „The Times“, 24 февруари 2008 (посет. 5 март 2011 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]