Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана“
Star Wars Episode I.jpg
Режисер Џорџ Лукас
Продуцент Рик МекКалум
Џорџ Лукас
Сценарист Џорџ Лукас
Настапуваат Лиам Несон
Еван МекГрегор
Натали Портман
Џек Лојд
Иан МекДиармид
Семјуел Л. Џексон
Жанр Научна фантастика
Авантура
Музика Џон Вилијамс
Дистрибутер THX
20th Century Fox
Lucasfilm
Премиера 19 мај, 1999
Времетраење 136 минути
Држава  САД
Јазик Англиски
Буџет $115,000,000[1]
Бруто заработка $924,317,558[1]
Претходен Војна на ѕвездите Епизода 6: Враќање на Џедајот
Следен Војна на ѕвездите Епизода 2: Напад на клоновите


Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана (англиски: Star Wars Episode I: The Phantom Menace) е американски филм од 1999 година режиран и напишан од страна на Џорџ Лукас. Тој е четврт филм кој беше издаден во серијата филмови Војна на ѕвездите, и прв според неговата хронологија на настаните. Исто така овој филм беше првиот филм кој Џорџ Лукас го режирал по 22 години, и негов четврт филм севкупно. Филмот ги следи авантуривте на два џедај витези: Квај Гон Џин, и Оби-Ван Кеноби кои одат на планетата Набу за да преговараат со кралицата Амидала со надеж дека ќе пронајдат мирно решение за несогласувањата во трговијата. На враќање тие ќе бидат нападнати, и ќе мораат да застанат на планетата Татуин каде што двајцата џедаи наидуваат на младото момче роб Анакин Скајвокер, дете кое е необично цврсто поврзано со Силата. Тие исто така ќе мораат да се справат и со мистериозното враќање на Сит.

Лукас почнал со продукцијата кога тој почувствувал дека специјалните ефекти напреднале на тоа ниво кое е потребно за правење на овој филм. Снимањето почнало во 1997 на разни локации вклучувајќи ги и и филмските студија во пустините на Тунис. Специјалните ефекти се направени со скапа компјутерска технологија, со која некои ликови и сцени се комплетно дигитализирани.

Фантомската закана беше реализирана на 19 мај, 1999, по околу 16 години од претходниот филм во серијата - Војна на ѕвездите Епизода 6: Враќање на Џедајот. И покрај разновидините критики од страна на критичарите, филмот заработи 924.3 милиони долари низ целиот свет, со што сега е филм со најголема заработувачка во филмската серија Војна на ѕвездите, и деветти филм со најголема заработувачка во светот. По неговата премиера, овој филм стана втор филм со најголема заработувачка во светот (по филмот Титаник), и филм со најголема заработувачка за 1999.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Галактичката Република е во период на распаѓање, со коруптирана бирократија и уништена економија. Како знак на протест поради зголемените даноци, Трговската Федерација прави блокада од борбени вселенски бродови околу малата планета Набу. Со надеж дека ке ја разјаснат ситуацијата, врховниот канселар испраќа два Џедаи, Квај-Гон Џин, и наговиот ученик Оби-Ван Кеноби, во мисија да преговараат со Вице-кралот на Трговската Федерација, Нут Ганреј. Но тие не знаат дека Трговската Федерација е под контрола на злобниот Сит Лорд, Дарт Сидиус, кој им наредува на нив да ја нападнат планетата Набу со голема армија на борбени дроиди, и да ги убијат џедаите. Избегнувајќи ја смртта, џедаите влегуваат во мал брод, и бегаат на Набу. Таму Квај-Гон го спасува локалниот гунган, протераниот Џар Џар Бинкс од сигурна смрт. Тој, во знак на благодарство ги води џедаите во подводен град на гунганите - Орот Гунга, каде што џедаите неуспешно се обидувааат да ги натераат гунганите да се борат, и да им помогнат на луѓето на планетата Набу. Со мал брод кој гунганите им го даваат, Џар Џар и двајцата џедаи испловуваат на површинат

Кралицата на Набу, Падме Амидала е заробена од страна на армијата на Федерацијата, но успешно е спасена и ослободена од страна на џедаите. Кралицата бега од Набу со двајцата џедаи на нејзиниаот персонален вселенски брод, кој при обидот да се помине низ федералната блокада е оштетен. Џедаите и кралицата немаат друг избор и ќе мора да застанат на пустинската планета Татуин. Квај-Гон заедно со кралицата Амидала ја истражуваат планетата и бараат резервни делови за нивниот оштетен брод. Тие се запознаваат со едно младо момче роб, Анакин Скајвокер кој веднаш се заљубува во Падме. По подолго поминато време со Анакин, Квај-Гон чуствува голема присутност на силата во него, и се сомнева дека тој можеби е „Избраниот“, кој ќе се бори со сит, и ќе донесе рамнотежа во силата. Квај гон прави опклада со сопственикот на Анакин, дека ако Анакин ја победи трката со вселенски бродови, тој ќе биде слободен, а ако некој друг ја победи трката, вселенскиот брод на кралицата ќе биде негов. Анакин успева да ја победи трката и се здружува со џедаите во нивното патување. Пред да полетаат, џедаите се нападнати од ученикот на Дарт Сидиус, - Дарт Маул кој бил испратен да ја зароби краалицата. По кратка борба со џедаите, тие успеваат да избегаат.

Џедаите ја испраќаат кралицата на Републиканската планета Корускант за да може да се изјасни на Галактичкиот Сенат. Во меѓувреме, Квај-Гон се обидува да го натера Џедајскиот совет де го превземе Анакин во своја надлежност и де почне да го тренира за да стане џедај. Тие одбиваат, со образложение дека Анакин е прмногу стар за да го почне тренингот, и дека има многу приврзувања, што би можело да го пренесе на темната страна од силата. Во сенататот, сенаторот Палпатин ја убедува кралицата да побара гласање недоверба во Врховниот Канцелар, со што сенатот би избрал нов, посилен Канцелар кој би помогнал да се разреши недоразбирањето. Таа исфрустрирана од недовербата на Сенатот, одлучува да се врати назад на Набу, и да ги превземе работите во свои раце.

На Набу, Падме ги убедува гунганите да се борат заедно со неа против Трговската Федерација. Додека Џар Џар ја води армијата на гунганите против армијата на дроидите, кралицата и џедаите одат да го заробат Вице-кралот Ганреј. Џедаите по пат се сретнуваат со Дарт Маул, и се борат со него двајца против еден. Квај-Гон умира во борбата, но Оби-Ван успева да го убие сит ученикот. Во последните моменти од животот, Квај-Гон му кажува на Оби-Ван да го тренира Анакин. Сенаторот Палпатин е избран за нов Врховен Канцелар, Вице-кралот Ганреј е испратен на судење за неговите дела, и Џедај советот му дозволува на Анакин да биде ученик на Оби-Ван.

Наводи[уреди | уреди извор]