Џорџ Лукас
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Џорџ Лукас (англиски:George Lucas; роден на 14 мај 1944, Модесто, Калифорнија, САД) — американски филмски режисер, сценарист и продуцент. Се прославил преку своите филмови „Војна на ѕвездите“ и преку создавањето на ликот Индијана Џонс. Тој е еден од најнезависните и финансиски најуспешниот режисер на американската филмска индустрија. Има добиено 4 Оскар-награди, а има добиено и други 23 награди и 21 номинации.