Прејди на содржината

Индијана Џонс: Последната крстоносна војна

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“ (англиски: Indiana Jones and the Last Crusade) — филм на режисерот Стивен Спилберг (Steven Spielberg) од 1989 година. Автор на сценариото е Џефри Боум, засновано на приказната на Џорџ Лукас (George Lucas) и Мен Мејес (Menn Meyes). Главните улоги ги играат: Харисон Форд (Harrison Ford), Шон Конери (Sean Connery), Денхолм Елиот (Denholm Elliott), Алисон Дуди (Alison Doodey), Џон Рис-Дејвис (John Rhys-Davies), Џулијан Гловер (Julian Glover), Ривер Феникс (River Phoenix) и Роберт Едисон (Robert Eddison). Филмот имал три номинации за наградата „Оскар“ (оригинална музика, звук и монтажа на звучни ефекти), а победил во третата категорија.[1] [2]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во 1912 година, во Јута, за време на излетот со извидниците, ученикот Индијана Џонс (го игра Феникс) среќава копачи на изгубено богатство и им го зема крстот што го пронашле. Подоцна, во 1938 година, Индијана (го игра Форд), како професор по археологија, го враќа во музејот крстот и заминува во нова мисија: богатиот колекционер Волтер Донован (го игра Гловер) го ангажира да го пронајде светиот грал. Притоа, тој му кажува на Индијана дека во потрагата по Светиот грал исчезнал археологот д-р Хенри Џонс (го игра Конери), неговиот татко. Затоа, тој заминува во потрага по Светиот грал при што се среќава со нацистите, кои знаат дека Светиот грал носи голема моќ која им е неопходна за војната за која се подготвуваат...