Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег
„Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег (Indiana Jones: Raiders of the Lost Ark)“ | |
---|---|
Режисер | Стивен Спилберг |
Продуцент | Франк Маршал, Џорџ Лукас |
Сценарист | Приказна: Џорџ Лукас Филип Кофман Сценарио: Лоренс Касдан |
Главни улоги | Харисон Форд Карен Ален Пол Фримен Џон Рис-Дејвис Роналд Леци |
Жанр | авантура |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 12 јуни 1981 |
Времетраење | 115 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 20 000 000 долари |
Бруто заработка | 384 140 454 долари |
„Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (англиски: Indiana Jones: Raiders of the Lost Ark) — американски авантуристички филм на Стивен Спилберг од 1981 година, снимен по сценариото на Џорџ Лукас (кој е продуцент на филмот) и Филип Кауфман. Во главната улога се појавува Харисон Форд во улога на археологот и авантуристот Индијана Џонс. Меѓу глумците кои се пријавиле за улогата Индијана Џонс биле и Тим Матесон, Питер Којот и Том Селек. Најпосле бил избран Селек, но тој бил недостапен поради обврските во телевизиската серија Magnum, PI. Спилберг го наговорил Лукас да го ангаржира Форд, бидејќи продуцентите Франк Маршал и Кетлин Кенеди биле импресионирани од неговата изведба во улогата Хан Сол во филмот „Империјата го возвраќа ударот“.
Премиерата на филмот се одржала на 12 јуни 1981 година. Филмот, снимен со буџет од 20 милиони долари, доживеал огромен успех, а со леснотија дошол на првото место во најуспешните филмови во годината, со заработка од 384 милиони долари. Во 1982 година бил номиниран за „Оскари“ во осум категории, вклучувајќи ја и номинацијата за најдобар филм, а освоил четири (најдобар звук, монтажа, визуелни ефекти и сценографија). Филмот постигнал голем успех меѓу публиката и критиката, па се снимија уште два продолженија: „Индијана Џонс и храмот на проклетството“ и „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“. Четвртиот дел на филмот, „Индијана Џонс: Кралството на Кристалниот череп“ својата премиера ја доживеа на 22 мај 2008 година.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Младиот археолог и стручњак за окултните појави, Индијана Џонс (го игра Форд) е повикан да го пронајде Заветниот ковчег во кој се чуваат десетте божји заповеди. Меѓутоа, ковчегот го браат и агентите на Хитлер, како и стариот непријател на Индијана Џонс, Рене Белок (го игра Фримен). Во потрагата по ковчегот, на Индијана Џонс му помагаат старите познаници Мерион (ја игра Ален) и Салах (го игра Рис-Дејвис) при што сите заедно доживуваат бројни авантури од Непал до Каиро...[1]
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумци | Ликови |
---|---|
Харисон Форд | Индијана Џонс |
Карен Ален | Марион Ревенвуд |
Пол Фримен | Рене Белок |
Џон Рис-Дејвис | Салах |
Денхолм Елиот | Маркус Броди |
Роналд Леци | Арнолд Тохт |
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|
- Американски филмови
- Авантуристички филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1981 година
- Филмови на Paramount Pictures
- Филмови на Стивен Спилберг
- Филмови со Харисон Форд
- Филмови со Карен Ален
- Филмови со Пол Фримен
- Филмови со Џон Рис-Дејвис
- Филмови со Денхолм Елиот
- Филмови со Роналд Леци
- Филмови за Индијана Џонс