Убави девојки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Убави девојки е американски филм (романтична комедија) од 1996 година, во режија на Тед Дем. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Мет Дилон, Лорен Холи, Тимоти Хатон, Натали Портман, Рози О'Донел, Марта Плимптон, Мајкл Рапапорт, Мира Сорвино и Ума Турман.

Содржина[уреди | уреди извор]

Вили Конвеј е џез-пијанист од Њујорк, кој се враќа во својот роден град во Масачусетс, по повод годишнината од матурата. Тој има голема желба да го види старото друштво, но истовремено, сака да побегне од своите работни и лични проблеми. Кариерата му оди толку лошо, што тој размислува да стане продавач, а не е сигурен ниту во тоа, дали сака да се ожени со својата долгогодишна девојка, адвокатката Трејси.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Стари пријатели со нови љубовни дилеми“, Антена, број 849, 3.10.2014, стр. 3.
  2. „Убави девојки“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр. 24.