Прејди на содржината

Џек Николсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џек Николсон
Џек Николсон во март 2010.
Роден(а)Џон Џозеф Николсон
Занимањеглумец, режисер, продуцент
Активен1958–денес
СопружникСандра Најт (1962–1968); 1 дете
Nicholson (1976)

Џон Џозеф Николсон (англиски: John Joseph Nicholson, 22 април 1937 , Њујорк, САД[1][2][3]) или попознат како Џек Николсон (Jack Nicholson) е американски филмски глумец, режисер, сценарист и продуцент.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Џек Николсон израснал во семејство со строго католичко воспитување. Жената за која долго време мислел дека му е мајка, всушност му била баба, додека девојката која ја сметал за сестра му била биолошката мајка, која го родила како вонбрачен син. Тогаш, за да го скрие скандалот, баба му ја презела улогата на мајка, вешто криејќи ја вистинската мајка. Дури во 1974 година, еден новинар на „Тајмс“ ја открил семејната тајна, а тогаш мајка му и баба му веќе биле мртви. Уште во училишните денови, Николсон покажувал страст кон глумата при што глумел во неколку средношколски претстави. Кога имал 17 години, тој и сестра му (всушност, неговата биолошка мајка) се преселиле во Холивуд, каде таа заработувала за живот како танчерка и забавувачка. Тој, пак, се одликувал со дарба за цртање и добил работа како аниматор во студиото на МГМ, а таа плата му овозможила повремено да посетува часови по глума. Откако станал славен, Николсон бил познат и по својот немирен дух, по дивите забави и по бројните љубовни авантури. Тој пиел, пушел, се дрогирал и имал пет деца со четири жени. Токму за време на една забава организирана во неговата куќа, режисерот Роман Полански силувал една малолетничка во базенот. Благодарение на своите забави, Николсон се спријателил со соседот Марлон Брандо, а по неговата смрт ја купил неговата куќа, целосно ја урнал и изградил вила во која ја чувал својата збирка на дела од модерната уметност. Во 1994 година, во налет на бес, со палка за голф го искршил својот автомобил. Сепак, наспроти бројниет љубовни врски, Николсоностанал самец.[4]

Филмска кариера

[уреди | уреди извор]

Првата филмска улога на Николсон била во филмот „Плачко-убиец“ (англиски: The Cry Baby Killer). Меѓутоа, неговата филмска кариера се развивала бавно, така што некое време помислувал да се откаже од глумата. Во тој период, се обидел и како сценарист, а добил и споредна улога во мјузиклот „Кога денот е јасен, можеш да гледаш до бескрајот“. Од анонимноста излегол во 1969 година, со улогата на адвокат во филмот „Голи во седлото“ (Еаsy Rider). Имено, за време на снимањето на филмот дошло до тепачка меѓу режисерот Денис Хопер и глумецот Рип Торн поради што Торн бил отпуштен а неговата улога ја презел Николсон. Набрзо се наметнал во низа значајни улоги на типичен антагонист и невротична, бунтовна, неприлагодена и анти-социјална личност. Во 1975 година го добил првиот „Оскар“ за улогата во филмот „Летот над кукавичјото гнездо“. Покрај глумата, Николсон режирал четири филма, напишал пет сценарија и продуцирал пет филма. Тој е најплатениот глумец во историјата на филмот, а истовремено го држи и рекордот со три „Оскари“ и дури 12 номинации за оваа награда.[5]


Филмографија

[уреди | уреди извор]

= Освоени награди

[уреди | уреди извор]
  • Оскар за најдобар главен глумец во филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ , 1975. година.
  • Оскар за најдобар главен глумец во филмот Аs good as it gets, 1997. година.
  • Оскар како најдобар спореден глумец во филмот Terms of Endearment, 1983. година.
  • Златeн глобус во категорија драма, како најдобар главен глумец во филмот „Кинескиот кварт“, 1975. година.
  • Златeн глобус во категорија драма, како најдобар главен глумец во филмот „Лет над кукавичјото гнездо“, 1976. година.
  • Златeн глобус во категорија драма, како најдобар главен глумец во филмот „За Шмит“, 2003. година.
  • Златeн глобус во категорија мјузикл/комедија, како најдобар главен глумец во филмот „Честа на Прициеви“, 1986. година.
  • Златeн глобус во категорија мјузикл или комедија, како најдобар главен глумец во филмот As Good as It Gets, 1986. година.
  • Златен глобус како најдобар спореден глумец во филмот Terms of Endearment, 1984. година.
  • БАФТА за најдобар главен глумец во филмот „Лет над кукавичјето гнездо“, 1976. година.
  • БАФТА за најдобар главен глумец во филмот „Кинескиот кварт“, 1974. година.
  • БАФТА за најдобар главен глумец во филмот „Последниот детаљ“, 1974. година.
  • БАФТА за најдобар спореден глумец во филмот „Црвените“, 1982. година.

Номинации

[уреди | уреди извор]
  • Оскар како најдобар спореден глумец во филмот „Голи во седло“, 1969. година.
  • Оскар како најдобар главен глумец во филмот Five Easy Pieces, 1970. година.
  • Оскар како најдобар главен глумец во филмот „Последниот детаљ“, 1973. година.
  • Оскар како најдобар главен глумец во филмот „Кинескиот кварт“, 1974. година.
  • Оскар како најдобар спореден глумец во филмот „Црвените“, 1981. година.
  • Оскар како најдобар главен глумец во филмот „Честа на Прициеви“, 1985. година.
  • Оскар како најдобар главен глумец во филмот Ironweed, 1987. година.
  • Оскар како најдобар спореден глумец во филмот „Неколку добри луѓе“, 1992. година.
  • Оскар како најдобар главен глумец во филмот „За Шмит“, 2002. година.

Познати глумци со кои соработувал

[уреди | уреди извор]
  1. „Jack Nicholson“. Familysearch.org.
  2. „Jack Nicholson Biography Film Actor (1937–)“. Biography.com. Посетено на August 7, 2015.
  3. Davies, Hunter (February 23, 1993). „INTERVIEW / Great film, Jack, now let's talk about you: Jack Nicholson“. The Independent. London.
  4. Jack Nicholson: Đavolji osmijeh Hollywooda, dokumentarni film (пристапено на 22.6.2026)
  5. Jack Nicholson: Đavolji osmijeh Hollywooda, dokumentarni film (пристапено на 22.6.2026)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]