Кијану Ривс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Киану Ривс)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кијану Ривс
KeanuReevesLakehouse.jpg
Ривс на премиерата на филмот Езерската куќа, 2006
Роден(а) Кијану Чарлс Ривс
Занимање Глумец
Активен 1985—сѐ уште

Кијану Чарлс Ривс (англиски: Keanu Charles Reeves) (роден на 2 септември 1964) е американско-канадски глумец. Тој е најдобро познат по улогата на Нео во акциониот филм-трилогија, Матрикс и како Тед Логан во Одличната авантура на Бил и Тед и Лажното патување на Бил и Тед.

Други позабележителни улоги е онаа на Скот Фавор во драмата Мојот личен Ајдахо заедно со глумецот Ривер Феникс; како Џони Мнемоник во научно-фантастичниот филм Џони Мнемоник заедно со Долф Лундгрен; како Кевин Ломакс во натприродниот трилер Адвокатот на ѓаволот наспроти Ал Пачино; и улоги во филмовите Брзина и Константин. Тој е и музичар и има свирено во гранџ рок бендот Dogstar за време на 90-те, а од неодамна и во бендот Беки. Според анкета од 2006, тој е вклучен меѓу „Десетте најомилени американски ѕвезди“. На 31 јануари 2005, Ривс доби ѕвезда на Булеварот на славните.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: