Константин (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Константин (англиски: Constantine) е американско-германски филм од 2005 година, во режија на Френсис Лоренс. Главните улоги ги толкуваат: Кијану Ривс, Рејчел Вајз и Тилда Свинтон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Џон Константин (го игра Ривс) го поминал патот до пеколот и назад. Тој е роден со посебна дарба да распознава полуангели и демони кои живеат на Земјата во човечки облик. Како млад, тој извршил самоубиство и знае дека по смртта ќе оди во пеколот. Воскреснат против својата волја, Константин е вратен во светот на живите и скита низ Земјата, надевајќи се дека поради своите добри дела ќе оди во рајот. Нему му приоѓа детективот Ангела Додсон (ја игра Вајз) која бара помош од него за да докаже дека смртта на нејзината сестра-близначка не било самоубиство. Истражувајќи ја нејзината смрт, тој дознава дека демоните сакаат да навлезат во човечкиот свет и во борбата против нив, тој директно се соочува со Сатаната.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 21.
  2. Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 16.