Кинескиот кварт (филм од 1974)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Кинескиот кварт“
Chinatown1poster.jpg
Режисер Роман Полански
Продуцент Роберт Еванс
Сценарист Роберт Таун
Настапуваат Џек Николсон
Феј Данавеј
Џон Хустон
Пери Лопез
Џон Хилермен
Музика Џери Голдсмит
Кинематографија Џон А. Алонзо
Монтажа Сем О'Стин
Студио Paramount-Penthouse
Long Road Productions
Robert Evans Company
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиера јуни 20 1974 (1974-06-20)
Времетраење 131 минути
Држава  САД
Јазик Англиски
Буџет $6 милиони
Бруто заработка $29.2 милиони

Кинески кварт (англиски: Chinatown) - американски филм од 1974 година, во режија на Роман Полански, според сценариото на Роберт Таун. Главните улоги ги играат: Џек Николсон, Феј Данавеј, Џон Хјустон и Пери Лопез. Притоа, во режијата на некои секвенци од филмот учествувал и славниот режисер Џон Хјустон кој, исто така, глуми во филмот. „Кинескиот кварт“ бил номиниран за наградата „Оскар“ во дури 11 категории, но победил во само една (за најдобро сценарио). Во 1990 година, Џек Николсон го режирал продолжението на овој филм, со наслов The Two Jakes.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива кон крајот на 1930-тите, во Лос Анџелес, каде градскиот совет треба да донесе одлука за изградба на брана, со цел да се обезбеди вода за градот. Една жена, која се претставува како госпоѓа Малвеј го најмува приватниот детектив Џејк Гитис (го игра Николсон) за да открие дали нејзиниот сопруг, богат локален бизнисмен господин Малвеј, се гледа со друга жена. Меѓутоа, се појавува и друга жена (ја игра Данавеј) која, исто така, се претставува како госпоѓа Малвеј и од Џејк бара да го заборави случајот и дека ќе му следи тужба. Џејк дознава дека втората жена е вистинската сопруга на Малвеј. Набргу, Малвеј е најден мртов, а официјалното објаснување е дека случајно се удавил. Меѓутоа, Џејк не верува во таа приказна и почнува самостојно да го истражува случајот. Во едно такво истражување, на Џејк му го засекуваат носот. Сепак, тој открива многу интересни и заплеткани нешта: градскиот водовод ја пренасочува водата надвор од градот; непознати луѓе, користејќи туѓи имиња, купиле голема површина земја надвор од градот, Малвеј порано бил сопственик на водата од која се снабдувала Лос Анџелес, заедно со господинот Крос (го игра Хјустон); сопругата на Малвеј му е ќерка на Крос, итн. За време на истрагата, госпоѓата Малвеј не е искрена кон Џејк и тој почнува да се сомнева дека таа го убила сопругот, затоа што имал љубовница. Сепак, тој доаѓа до шокантно откритие: убиецот на Малвеј е Крос, кој го купил имотот каде треба да се насочува водата од новата брана; во минатото, Крос ја силувал својата ќерка и таа родила девојче кое се вика Катерина; затоа, Крос сака да го пронајде девојчето, но госпоѓата Малвеј сака да побегне со неа во Мексико. На крајот на филмот, госпоѓата Малвеј и нејзината ќерка се кријат во Кинескиот кварт, но таму доаѓа господинот Крос, со полицијата, која цело време ја заташкува истрагата за убиството на Малвеј. Крос си ја бара својата внука, а госпоѓата Малвеј пука во него. Додека се обидува да побегне, полицијата ја убива госпоѓата Малвеј, а Крос си ја зема внуката.[2]

Улоги[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]