Мајкл Китон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајкл Китон
Китон на San Diego Comic Con во 2013
Роден(а)Мајкл Џон Даглас
5 септември 1951 (1951-09-05) (68 г.)
Робинсон Тауншип, Пенсилванија, САД
ЖивеалиштеМонтана, САД
ДржавјанствоСАД Американско
Занимање
  • актер
  • комичар
  • режисер
  • продуцент
Активен период1975–сеуште
СопружникКаролин Меквилијамс (в. 1982–90)
ДецаШон Даглас (син)

Мајкл Китон (англиски: Michael Keaton) (5 септември, 1951, Робинсон Тауншип, Пенсилванија, САД) е американски филмски глумец, режисер, продуцент и поранешен комичар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мајкл Китон е роден како Мајкл Џон Даглас во Робинсон Тауншип, во државата Пенсилванија. Неговото семејство има шкотско потекло, а емигрирало во САД во 19 век. Мајкл бил најмладиот од деветте деца, од кои две починале, а најстарито брат бил постар од него за дури 20 години. Во детството, тој живеел на фарма во која на почетокот немало ни водовод, а неговите родители биле сиромашни. Според неговото признание, тој имал прекрасно детство и бил палаво дете. Еден ден, татко му донесол дома половен телевизор во црно-бела техника и така Мајкл го открил светот на филмот. Неговата прва љубов биле вестерн-филмовите, а потоа ги засакал комедиите.[1]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

М. Китон на Канскиот фестивал во 2002 год.

Првата позначајна филмска улога, Китон ја добил во 1983 година, во филмот на Рон Хауард, Ноќна смена. Сепак, светска популарност остварил преку соработката со режисерот Тим Бартон, со кој ги снимил филмовите Битлџус и две продолженија од серијалот за Бетмен. Тој период, Китон го оценил како накјреативниот дел од неговиот живот.[2]

Во 2014 година, Китон се истакнал со улогата во филмот Човекот-птица на режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту, во кој го игра остарениот актер Реган Томсон, кој во минатото бил познат по улогата на суперхеројот „човек-птица“, а сега настапува на Бродвеј, обидувајќи се да врати барем дел од старата слава. За оваа улога, Китон ја добил наградата Златен глобус, а бил номиниран и за наградата Оскар.[3]

М. Китон во Далас, 2004 год.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Пораснав на фарма без водовод, но уживав во детството“, Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 11.
  2. Наташа Спирова, „Пораснав на фарма без водовод, но уживав во детството“, Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 11.
  3. Наташа Спирова, „Пораснав на фарма без водовод, но уживав во детството“, Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]