Муса Демири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Муса Адем Демири
Musa Demiri
ДржаваUshtria Clirimtare Kombetare.jpg ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Муса Адем Демири (албански: Musa Demiri; Србица, Кичевско, 25 август 1955) е криминалец, екстремист и поранешен командант на паравоената ОНА во Македонија и според европски списоци - терорист[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Демири е роден на 25 август 1955 година во кичевското село Србица. За време на воениот конфликт во Македонија од 2001 година, тој како емигрант во Швајцарија, добива функција како командант и доаѓа во Македонија. Македонските власти по него имаат распишано потерница поради бомбашки напади. Меѓу другото, тој се товари и за поттикнување на активностите на ОНА со кој тој раководел самостојно во одделни сектори, но и по налог на претпоставените. Се товари и за вршење и присилна мобилизација на албанското население во редовите на ОНА[2].Тој се смета за терорист и е ставен на црната листа на ЕУ од 16 јули 2001[1], додека подоцна е ставен и на македонската од 24 јули 2001[3]. Демири е познат е по прекарот „Алибаба", а сопственик е на ресторанот „Алибаба" на патот за Стража, Кичево. Имено, ресторанот „Алибаба", како и хотелот „Лиридона" се главни свртилишта на лобито на албанската непријателска емиграција во Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Европска црна листа“ (македонски). конс. 2010-12-25. 
  2. Ахмети, Велиу и Острени се гонат за геноцид и за воени злосторства“, Дневник (посет. 25 декември 2010 г). (на македонски)
  3. „македонска црна листа“ (македонски). конс. 2010-12-25.