Статуа на слободата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Статуата на слободата)
Прејди на: содржини, барај
Кип на слободата

Статуата на слободата (англиски : Liberty Enlightening the World, или попозната уште и како Statue of Liberty) е споменик кој се наоѓа на пристаништето во Њујорк. Статуава била еден вид подарок од Франција за Америка кон крајот на 19. век во знак на пријателство меѓу двете држави и подарок за стоте години независност на Соединетите Американски Држави.

Скулптурот на статуата бил Фредерик Огист Бартолди, а Густав Ајфел, конструкторот на Ајфеловата кула, го создал проектот за внатрешноста на статуата.

Статуата е висока 46,5 м и е поставена на платформата (55,5 м) на Островот на Слободата кон реката Хадсон. На главата на женската фигура има седум шилци, кои ги симболизираат седумте континенти. Жената во десната рака држи факел (од 1927 година, американското знаме), а во другата рака - Декларацијата за независност од 1776 година.