Декларација за независност на САД

Од Википедија — слободната енциклопедија
Декларацијата за независност

Декларацијата за независност на САД — државотворен документ на САД усвоен од Континенталниот конгрес на 4 јули 1776 година, која прогласила дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја. Декларацијата требало да биде формално објаснение за причините поради кои Конгресот на 2 јули изгласал независност од Велика Британија, после повеќе од една година војување. Националниот празник на САД - Денот на независноста - се слави на 4 јули, денот кога е усвоена оваа Декларација.

Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Франклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман.

Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776.

Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее:

...сите луѓе се создадени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права меѓу кои правото на живот, слобода и потрага по среќата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]