Џими Ејнџел (1 август1899 - 8 декември1956) — американски пилот. Највисоките водопади на светот, Ангелските водопаде се именувани по неговото презиме.[1]
Ејнџел за прв ги забележал водопадите од воздухот во 1933 год. Четири години подоцна слетал на врвот на Ѓаволските Планини, но за време на патувањето го оштетил својот авион и принуден да се врати преку дождовни шуми до најблиското населено место. Ејнџел, кој во Венецуела станал речиси легенда, починал во Панама од повредите добиени во текот на авионската несреќа.