Нехат Беќири
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нехат Беќири | ||
Роден | Нехат Беќири 1 август 1967 Тетово, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Албанец | |
Занимање | сликар |
Нехат Беќири (албански: Nehat Beqiri; р. 1 август 1967 во Тетово) — македонски сликар и универзитетски професор на Тетовскиот универзитет.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Беќири е роден во Тетово на 1 август 1967 година. Дипломирал во 1991 сликарски оддел, во класата на професорот Муслим Малиќи и магистрирал во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во Приштина. Самостојно излагал во Тетово, Скопје, Приштина, Париз и други македонски градови.[2] Создава експресивни фигуративни композиции и дела во духот на новата апстракција.[1] Освен со сликарство, Беќири се занимава и со вајарство, дизајн, илустрации и графики.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Бигла“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 149. (2009). Скопје: МАНУ.
- ↑ „Изложба на Нехат Беќири во Неготино и Дебар“. Контрапункт. Посетено на 2009-10-30.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Тетовецот Нехат Беќири наскоро со изложби во странство - Статија на TV KISS, Тетово