Фабијан Џонсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
САД Фабијан Џонсон
Fabian Johnson.jpg
Лични податоци
Роден на 11 декември 1987 (1987-12-11) (32 г.)
Роден во Минхен, Германија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција лев бек, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах
Број 19
Младинска кариера
Минхен 1860 Минхен 1860
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Минхен 1860 Минхен 1860 II 42 (0)
2006-2009 Минхен 1860 Минхен 1860 90 (4)
2009-2011 Волфсбург Волфсбург 16 (1)
2011-2014 Хофенхајм Хофенхајм 77 (5)
2014- Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах 21 (1)
Репрезентација
2005-2006 Германија Германија 19 10 (0)
2006-2007 Германија Германија 20 4 (0)
2010-2011 Германија Германија 21 6 (0)
2011- САД САД 29 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 февруари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 февруари 2012

Фабијан Џонсон (роден на 11 декември 1987 година) е американски фудбалер роден во Германија, играч од средниот ред на Борусија Менхенгладбах и на американската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Минхен Џонсон во почетокот на својата кариера играл на повеќе позиции. Од 1991 до 1996, тој играл во младинските екипи на клубот Спортфреунде Минхен. Во 1996 година, Џонсон дошол во екипата на Минхен 1860, каде што поминал низ сите младински категории се до категоријата под 23 години, односно Минхен 1860 II. На 11 декември 2004 година, тој го одиграл својот натпревар за вториот тим на Минхен 1860 во Регионалната лига - Југ. До 2007 година, тој одиграл 43 натпревари за вториот тим на лавовите.

Својот прв професионален настап, Џонсон го имал на 19 март 2006 година во 2. Бундеслига, кога тој влегол во игра во последните моменти од натпреварот против Падерборн 07. До крајот на сезоната 2005-2006 сезона, тој влегувал во игра како замена уште во три други натпревари. Пред почетокот на сезоната 2006-2007 значајно за Џонсон било назначувањето на Валтер Шахнер за нов тренер на Минхен 1860. До 2009 година, тој направил 90 лигашки настапи за клубот, при што постигнал и четири гола. Покрај тоа, тој одиграл и шест натпревари во Купот на Германија во кој исто така успеал да постигне еден погодок.

Во летото на 2009 година, Џонсон се преселил во Првата Бундеслига, потпишувајќи за Волфсбург. Како дефанзивен играч, тој во почетокот имал потешкотии да се избори за место во стартната постава на волците покрај поискусните играчи како Марсел Шефер или Заша Ритер. На 12 септември 2009 (во 5-тото коло), тој го направил своето деби за Волфсбург (воедно и во Бундеслигата) во поразот на домашен терен со 2-3 од Бајер Леверкузен, влегувајќи како замена за Кристијан Гентнер во 76-тата минута [1] Вкупно до крајот на сезоната, тој бил вклучен во игра само на десет натпревари. Следната сезона била многу полоша за Џонсон и тој одиграл само шест првенствени натпревари, од кои на три се појавил како замена и тоа во последните минути од натпреварите.

На 3 јуни 2011 година, Џонсон објавил дека го напушта Волфсбург и е пред трансфер во екипата на Хофенхајм.[2] Џонсон дебитирал за Хофенхајм на 6 август 2011, во поразот на неговиот клуб од Хановер со 2-1. Неговиот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 28 јануари 2012, на Сигнал-Идуна Парк, во поразот од Борусија Дортмунд со 3-1.

На 24 февруари 2014, неколку месеци пред истекот на неговиот договор со Хофенхајм, Џонсон потврдил дека се договорил со екипата на Борусија Менхенгладбах да им се приклучи како слободен играч во текот на летото 2014. На 24 август 2014 година, тој го имал својот прв настап во лигата за Борусија Менхенгладбах, влегувајќи како замена во 72-рата минута од натпреварот на домашен терен против Штутгарт.[3] На 13 септември 2014 година, тој го направил својот прв старт во лигата во победата на домашен терен со 4-1 над Шалке 04.[4] На 3 ноември 2015, тој го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите во неговата кариера, во ремито 1-1 на домашен терен против Јувентус.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Иако е роден во Германија, Џонсон се одлучил да ја претставува репрезентацијата на САД. Своето деби го направил на 11 ноември 2011, во поразот со 1-0 од Франција во пријателски натпревар.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]