1. ФК Нирнберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1. ФК Нирнберг
1. FC Nürnberg logo.svg
Целосно име1. Фузбал-клуб Нирнберг Ферајн фир Леибесибунген e.В.
ПрекарDer Club (Клубот)
Die Legende (Легендите)
Основан4 мај 1900; пред 120 години (1900-05-04)
ЛокацијаНирнберг, Германија
СтадионМакс Морлок
Капацитет50,000
ПретседателГерманија Маркус Реслер
Финансиски директорГерманија Нилс Росоу
ТренерГерманија Јенс Келер
Лига2. Бундеслига
2018–19Бундеслига, 18-ти (испаѓање)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
фinco
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

1. ФК Нирнберг (германски: 1. FC Nürnberg; или само Нирнберг) е германски фудбалски клуб од градот Нирнберг, Баварија. Клубот во моментов се натпреварува во Втората Бундеслига, второто ниво на германскиот фудбал.

1. ФК Нирнберг е основан во 1900 година, и првично се натпреварувал во шампионатот на Јужна Германија, во кој ја освоил титулата во 1916 година. Својата прва титула германски шампион ја освоиле во 1920 година. Пред инаугурацијата на Бундеслигата во 1963 година, Нирнберг освоил уште 11 регионални првенства, вклучувајќи ја и Оберлигата Југ формирана во 1945 година, и биле германски шампиони уште седум пати. Клубот ја освоил Бундеслигата еднаш и бил уште четири пати победник на Купот на Германија.

Од 1963 година, својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Макс Морлок, кој има капацитет од 50,000 седечки места. Најчесто играат во бордо дресови и црни шорцеви.

Освен фудбалот, клубот има свој оддели за бокс, ракомет, хокеј, лизгање на мраз, пливање, скијање и тенис.

Историја[уреди | уреди извор]

Од основањето до најсилен клуб во Германија[уреди | уреди извор]

Тимот од 1902 година
Првиот натпревар против Бајерн Минхен во 1901

1. ФК Нирнберг е основан во мај 1900 година од 18 средношколци, како рагби клуб. Меѓутоа, бидејќи за овој спорт се потребни 30 играчи, била донесена одлука во јуни 1901 година во иднина клубот да игра фудбал според правилата на англиската фудбалска асоцијација. На 29 септември 1901 година, во Бамберг против 1. ФК 01 Бамберг, Нирнберг го одиграл првиот официјален натпревар против друг фудбалски клуб и победил со 2-0. На првиот натпревар на домашен терен одигран на стадионот „Дојчервизе“ во Пегниц, екипата на 1. ФК Бамберг повторно им била противник и уште еднаш биле поразени овојпат со убедливи 5-1 на 20 октомври 1901. Првиот пораз во својата клупска историја Нирнберг го претрпел на 6 ноември, кога биле поразени со високи 0-6 од Бајерн Минхен. Од овој момент, играчите, под раководство на нивниот соиграч Фриц Сервас од Берлин, решиле да имааат редовен и сериозен тренинг. Од 1904 година, 1. ФК Нирнберг учествувал во првиот организиран регуларен натпревар во градот и биле едни од основачите на „Безиркслига Нордбајерн“, која била врвна дивизија во Германија до 1909 година.

1. ФК Нирнберг ја завршил првата сезона на првото место. За време на сезоната 1906-1907 Нирнберг стигнал до финалето на првенството, откако во доигрувањето на Источниот округ го победиле МТВ Минхен 1879 со вкупен резултат 8-7 и станале првиот шампион на Баварија. Сепак, во финалето на јужногерманскиот шампионат загубиле од екипата на Фрајбургер, која подоцна станала шампион на Германија. Клубот го повторил успехот станувајќи шампион на Баварија и во следните две сезони, но сепак, тоа не било доволно да постигнат голем успех во целата Германија.

Во 1910 година, Јужногерманската фудбалска асоцијација ја реорганизирала фудбалската структура и основала четири лиги: Север (Хесен), Запад (Пфалц), Југ (денешен Баден-Виртембург) и Исток (Баварија). Во овој период Нирнберг се сретнал со други силни противници и морал да се навикне дека нема да биде прв по автоматизам. Наместо тоа, локалниот ривал Фирт како трикратен шампион по ред во Источниот округ од 1912 до 1914 година го надминал Нирнберг по бројот на титули во оваа лига. Тие имале модерен стадион и биле најголемиот спортски клуб со 3.000 членови. Затоа, 1. ФК Нирнберг инвестирал во нов фудбалски стадион. На 24 август 1913 година, клубот ги отворил своите спортски терени во предградието на Нирнберг, Зерзабелшоф, а главниот стадион на кои клубот ги играл својте домашни натпревари се викал Забо (кратенка за Зерзабелшоф). Овој стадион собирал 8.000 гледачи.

По избувнувањето на Првата светска војна, немало завршни турнири во Германскиот шампионат. Така, освојувањето на Јужногерманското првенство во сезоната 1915-1916, во кое во финалето 1. ФК Нирнберг го победил Пфалц Лудвигшафен со 4-1, значела најголемата титулата која клубот можел да ја освои во тоа време. Подоцна играчите како Густав Барк, Антон Куглер, Карл Ригел и Хајнер Трагер придонеле за постигнување на таканаречениот „железен фудбал“. Тимот го повторил овој успех и две години подоцна.

Златните дваесетти години[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Првата светска војна, Нирнберг ја започнал најуспешната деценија во својата клупска историја. Се започнало со гостинскиот настап кај еден од најсилните унгарски клубови МТК Будимпешта на 22 јули 1919 година. По овој натпревар, Нирнберг го засилиле двајца најдобри играчи на МТК: левиот крилен играч Петер Шабо и напаѓачот Алфред Шафер. Доаѓањето на Шафер ја усовршило веќе добрата игра на Нирнберг со неговата унгарска софистицираност. Клубот го освоил Купот на Јужна Германија во 1919 година и доминирал во својата лига со гол-разлика 115:6 во 18 одиграни натпревари. Сепак, после освојувањето на првенството на Јужна Германија во 1920 година, Алфред Шафер го напуштил клубот. Но, дури и без Шафер, Нирнберг не можешел да биде запрен во финалето за германскиот шампионат во 1920 година. Без да примат гол тие стигнале до финалето против Фирт и ја освоиле првата шампионска титула победувајќи со 2-0 со головите на Луитполд Поп и Петер Шабо.

Овој успех бил повторен и во следната година. Нирнберг се засилил со играчот на Фирт Ханс Сутор и ангажирал професионален тренер за последната рунда од првенството во унгарецот Изидор Кјуршнер.

Бои, амблеми и дресови[уреди | уреди извор]

Бои[уреди | уреди извор]

Себастијан Керк во традиционалната опрема на Нирнберг.

Боите на 1. ФК Нирнберг се бордо (темноцрвена) и бела. Традиционалниот прв дрес на клубот е во бордо боја иако низ историјата тие играле и во црвени дресови, а бојата на шорцевите е црна. Резервниот дрес низ историјата бил најчесто во бела боја, надополнет со различни контури во црвена боја. Во последните две сезони клубот користел и трет дрес кој бил во сива боја со црни или сиви шорцеви.

Амблеми[уреди | уреди извор]

Во својата клупската историја клубот променил неколку амблеми, кои не се разликувале многу еден од друг. Првиот амблем бил воведен во 1900 година и претставувал круг со бела боја рамка кој бил исполнет со црвена позадина во која со бели букви пишува 1. FCN. Следните амблеми не се разликувале многу: сите ја имаат истата структура, круг со црвена позадина во кој со бели букви пишува 1. FCN и се разликувале само по фонтот на буквите и црвената боја која се менувала од посветли во потемни нијанси и обратно.

Денешниот амблем е исто така круг во кој пишува со бели букви 1. FCN, но наместо црвена има бордо позадина.

Дресови[уреди | уреди извор]

2006-07
Дома
2008-09
Дома
2008-10
Гости
2009-10
Дома
2010-11
Дома
2010-12
Гости
2011-12
Дома
2012-16
Дома
2012-16
Гости
2016-18
Дома
2016-18
Гости
2018-19
Дома
2018-19
Гости
2018-19
Трет дрес
2019-20
Дома
2019-20
Гости
2019-20
Трет дрес

Стадион[уреди | уреди извор]

Стадионот Макс Морлок во август 2006.

Својте домашни натпревари Нирнберг ги игра на стадионот Макс Морлок, кој е во сопственост на општината. Овој стадионот претставува на дом на клубот од 1963 година,[1] и во моментов има капацитет од 50,000 гледачи по неодамнешната експанзија на стадионот која била направена за време на зимската пауза во сезоната 2009–2010.[2] Претходно Нирнберг ги играл своите натпревари на стадионот Забо (кратенка за Зерзабелшоф, областа во која се наоѓал теренот).

Стадионот на кој денес игра клубот е изграден во 1928 година и бил познат и како Стадион дер Хитлер-Јуџенд од 1933 до 1945 година. Првично, тој бил со капацитет од 40,000 гледачи, а потоа бил проширен во 1965 година на 65.000 и последователно бил домаќин на Финалето на Купот на победниците на куповите во 1967 година помеѓу Бајерн Минхен и Ренџерс, во кое германците победиле со 1-0. Објектот бил реновиран непосредно пред Светското првенство 1974, а со второто неодамнешно реновирање капацитетот му бил намалаен на 45,000 седечки места, но затоа пак се нашол меѓу стадионите домаќини на Светското првенство 2006, на кое на него се одиграле пет натпревари.

Инаку овој стадион бил познат како Франкенштадион до 2012 година, а потоа го носел комерцијалното име „Грундиг стадион“ според договорот со локалната компанија. Поголемиот дел од навивачите се залагале за преименување на стадионот по клупската легенда Макс Морлок. Така, името било конечно променето во Стадион Макс Морлок во 2017 година.

Клубот во моментов е во преговори околу можноста за изградба на нов стадион, кој треба да биде завршен до 2020 година. Нарачана била физибилити студија и веќе бил остварен контакт со потенцијални партнери.[3] Новиот стадион ќе има единствено фудбалска намена и би требало да биде изграден на местото на Франкенштадион со капацитет од 50,000 гледачи.[4] Сепак, клубот сè уште нема објавено никакви официјални планови за новиот стадион.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Германија ГМ Патрик Клант
3 Грција ОД Константинос Мавропанос
4 Данска ОД Асгер Соренсен
5 Германија СР Јоханес Гаис
6 Германија ОД Тим Хандверкер
7 Германија НП Феликс Лохкемпер
8 Австрија СР Никола Доведан
9 Шведска НП Микаел Ишак
10 Германија СР Себастијан Керк
11 Словачка НП Адам Зрелак
14 Швајцарија НП Михаел Фрај
15 Германија ОД Фабијан Нирнбергер
16 Словенија СР Адам Гнезда Черин
17 Германија СР Робин Хак
Бр. Позиција Играч
18 Германија СР Хано Беренс Captain sports.svg
19 Германија ОД Филип Хајсе
21 Германија ГМ Феликс Дорнебуш
22 Германија ОД Енрико Валентини
23 Германија НП Фабијан Шлеусенер
24 Холандија НП Вирџи Мисиџан
25 Германија ОД Оливер Зорг
26 Германија ГМ Кристијан Матенија
28 Германија ОД Лукас Мил
29 Германија СР Патрик Ерас
30 Австрија ГМ Андреас Луксе
33 Австрија ОД Георг Марграјтер
34 Германија ГМ Бенедикт Вилерт
40 Португалија СР Јури Медеирос

Тренери[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

1919–1920, 1920–1921, 1923–1924, 1924–1925, 1926–1927, 1935–1936, 1947–1948, 1960–1961, 1967–1968
Второ место (3) : 1934, 1937, 1961–1962
1980, 1985, 2001, 2004
1935, 1939, 1961–1962, 2006–2007
Финалист (2) : 1940, 1981–1982

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „From 'Municipal Stadium' to the easyCredit Stadium“. Архивирано од изворникот на 23 ноември 2010. Посетено на 18 септември 2010.
  2. „Nürnbergs neue Nordkurve ist fertig“ (германски). 21 January 2010. Посетено на 30 August 2019.
  3. „Club: Neues Stadion bis 2020?“. stadionwelt.de. Посетено на 10 September 2019.
  4. „Club will 2015 Pläne für neue Arena vorlegen“. Архивирано од изворникот на 22 October 2011. Посетено на 10 September 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]