Прејди на содржината

Диселдорф

Координати: 51°14′N 6°47′E / 51.233° СГШ; 6.783° ИГД / 51.233; 6.783
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дизелдорф)
Диселдорф
горе: Пристаниште Диселдорф, во долниот ред од лево: Штендехаус Уметничка колекција на Северна Рајна-Вестфалија, Кралска алеја и Градска порта
горе: Пристаниште Диселдорф,
во долниот ред од лево: Штендехаус Уметничка колекција на Северна Рајна-Вестфалија, Кралска алеја и Градска порта
горе: Пристаниште Диселдорф,
во долниот ред од лево: Штендехаус Уметничка колекција на Северна Рајна-Вестфалија, Кралска алеја и Градска порта
Знаме на Диселдорф
Грб на Диселдорф
Диселдорф во рамките на Германија
Диселдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Диселдорф
Округ Урбан округ
Градски единици 10 окрузи, 49 општини
Градоначалник Томас Гаисел (СДП)
Владејачки партии СДП / Die Grünen
Основни податоци
Површина 217 км2
Надм. височина 38 м
Население 631.217 (31 декември 2023)[1]
 - Густина 2.909 жит/км2
 - Градско 1.220.000
 - Метроп. 7.295.000 (Рајна-Рур
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. D
Пошт. бр. 40001-40629
Повик. бр. 0211
Портал www.Duesseldorf.de
Местоположба на град Диселдорф во рамките на округот Урбан округ
Карта
Карта
Координати 51°14′N 6°47′E / 51.233° СГШ; 6.783° ИГД / 51.233; 6.783

Диселдорф (германски: Düsseldorf) — главен град на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и е центар на метрополитенскиот регион Рајна-Рур.

Диселдорф е важен меѓународен бизнис и финансиски центар и е познат по својата мода и саеми[2][3][4]. Се наоѓа централно во рамките на европскиот мегалополис, градот е седиште на Форчн Глобал 500 и неколку берзански компании. Саемот во Диселдорф организира речиси една петтина од сите светски главни саеми[5].

Културно, Диселдорф е познат по својата академија за ликовни уметности (Kunstakademie Düsseldorf, e.g. Јозеф Бојс, Август Маке, Герхард Рихтер, Зигмар Полке и Андреас Гурски), неговото влијание врз почетокот на електронската музика (Kraftwerk) и неговото голема јапонска заедница. Како град на реката Рајна, Диселдорф е упориште на прославите за Рајнскиот карневал. Секоја година во јули повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат најголемиот градски панаѓур на Рајна[6].

Како седми најнаселен град во Германија во градските граници и урбаното население од 1,5 милиони луѓе[7], Диселдорф е еден од петте глобални градови во земјата. Според листите на градови со највисок квалитет на живот Диселдорф е рангиран на шестото место во светот и на првото во Германија.[8][9].

Географија

[уреди | уреди извор]

Физичка географија

[уреди | уреди извор]
Шеталиште долж Рајна

Диселдорф се наоѓа во центарот на сливот на Долна Рајна, на делтата, каде што Дисел се влева во реката Рајна. Градот се наоѓа на источната страна на Рајна, освен округот 4 (Оберкасел, Нидеркасел, Херт и Лерик). Преку Рајна, градот Нојс бил изграден на делтата на реката Ерфт. Диселдорф се наоѓа југозападно од урбаното подрачје Рур, а е во средината на метрополитенскиот регион Рајна-Рур.

Диселдорф е изграден во целост на речен нанос, кал, песок, глина и понекаде и чакал. Највисоката точка на Диселдорф е на врвот на Сандберг во далечниот источен дел на градот (околија Хубелрат) на 165 метри. Најниската точка е во далечниот северен дел на градот во околијата Витлаер, каде што Шварцбах (Црн поток) влегува во Рајна, со просечна надморска височина од 28 метри.

Соседни градови и окрузи

[уреди | уреди извор]

Следниве окрузи и градови се граничат со Диселдорф (со стрелките на часовникот почнувајќи од север): Град Дисбург, Округ Метман (Ратинген, Метман, Еркрат, Хилден, Лангенфелд и Монхајм) и Округ Нојс (Дормаген, Нојс, и Мербуш).

Како и остатокот на долната Рајнска Област, Диселдорф има благи зими и умерено топли лета, со просечна годишна температура од 10,5 °C и просечна количина на врнежи од 77 centiметарs (30 ин). Доминантната насока на ветрот е од југ или југоисток со брзина во опсега од 3 до 4 m/s (7–9 mph), со налети од 3,5-4,8 m/s (8–10.7 mph). Ветрот е мирен (дефиниран како под 2 m/s или 4,5 mph) околу 35% од времето, почесто ноќе и во зима[10][11].

Клима на Диселдорф
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 4 5 8 12 17 20 22 22 18 14 8 5 12,9
Просечна температура (°C) 2 3 5 8 13 16 17 17 14 11 6 3 10
Просечна минимална (°C) 0 0 2 5 9 12 13 13 11 8 3 1 6,4
Просечно кол. врнежи (мм) 81,3 55,9 76,2 68,6 73,7 96,5 88,9 76,2 73,7 71,1 83,8 88,9 934,8
Сончеви часови (месечно) 40,5 73,9 103,8 157,4 193,1 188,2 194,3 188,2 136,5 107,5 53,2 36,8 1.473,4
Извор: weather.com[12]; Податоци од Германската временска служба[13]

Историја

[уреди | уреди извор]

Кога Римското Царство ја зајакнувало својата позиција низ Европа, неколку германски племиња ја држеле мочуришната територија надвор од источните брегови на реката Рајна.[14]

Во 7 и 8 век, чудна земјоделска или рибарска населба може да се најде на местото, каде што малата река Дисел се влева во Рајна. Таа била од тие населби, од кои градот Диселдорф се зголемил.

Диселдорф во 1647

Првото пишано спомнување на градот Диселдорф датира од 1135 година (тогаш се нарекува Диселдорп во локалниот Долно-рајнски дијалект). Било кажано дека под царот Фридрих Барбароса малиот град Кајзерсверт, кој се наоѓа северно од Диселдорф, станува добро утврдена истурена позиција, каде што војници чувале будно око на секое движење на Рајна. Кајзерсверт, на крајот, станува предградие на Диселдорф во 1929 година.

Во 1186 година, Диселдорф паѓа под власта на Берг. Главатарите на Берг го преселиле нивното седиште во градот во 1386 година. 14 август 1288 е еден од најважните датуми во историјата на Диселдорф, бидејќи на овој ден му биле доделени Градски привилегии на селото на бреговите на Дисел од страна на суверенот Гроф Адолф Петти на Берг.

Пред тоа објавување, се случула крвава борба за власт помеѓу Келнскиот архиепископ и грофот на Берг, кулминирајќи во Битката на Воринген. Архиепископските келнски сили биле збришани од силите на грофот од Берг, кој бил поддржан од граѓаните и земјоделците на Келн и Диселдорф, отворајќи го патот за добивање на статусот град на Диселдорф, што и денес се памети преку споменикот на Бургплац. Всушност, обичајот на вртење на караван колички се припишува на децата од Диселдорф. Постојат варијации на потеклото[15] на вртечките деца, нот најпозната е приказната. Денес симболот (Der Radschläger[15]) ја претставува приказната и секоја година граѓаните на Диселдорф имаат прослави со одржување на натпревар во вртење.

Историската градска куќа на Диселдорф во стариот град.
Покраинскиот парламент, виден од врвот на Кулата Рајн.

По оваа битка односот помеѓу двата града се влошил, бидејќи тие биле трговски конкуренти. Често се велело, дека помеѓу граѓаните на Келн и Диселдорф постои еден вид на непријателство. Денес, тоа се наоѓа повеќе во хумористична форма (особено во текот на Рајнскиот карневал) и во спортот.

Пазарниот плоштад се појавува на бреговите на Рајна и плоштадот бил заштитен од градските ѕидини од сите четири страни. Во 1380, Диселдорф станал регионален главен град на Војводството Берг. За време на следните векови неколку познати знаменитости биле изградени, вклучувајќи ја и колегиумската црква на Св. Ламберт. Во 1609, војводската линија на Обединети војводста на Јулиј-Клеве-Берг изумрела и после смртоносните борби околу наследувањето, Јулиј и Берг паднале под власта на Вителсбахов гроф на Пфалц-Нојбург, кој го направил Диселдорф неговото главно живеалиште, дури и откако го наследил изборното кнежевство Пфалц, во 1685, со што станал Кнез-изборник на избирачите во Пфалц.

Растот на Диселдорф бил уште повеќе импресивен под водството на Јохан Вилхелм Втори (1690-1716) во 18-от век, исто така познат на неговите луѓе како Јан Велем. Значително под влијание на неговата жена Ана Марија Луиза де Медичи, вљубена во уметноста дизајнирал важна уметничка галерија со огромен избор на слики и скулптури, кои биле сместени во Штатшлос (градскиот замок).

По смртта на Јан Велем (кој немал деца), успешниот кралски главен град повторно западнал во тешки времиња, особено откако изборниот кнез Карл IV Теодор ја наследил Баварија и го преселил изборниот суд во Минхен. Со него тој ја земал и уметничката збирка, која станала дел од она што е сега Стара пинакотека во Минхен. Уништување и сиромаштија го погодила Диселдорф по Наполеоновите војни. Наполеон го направил Берг големо војводство, а Диселдорф негов главен град. Ј. Х. К. Деваран, водач на отпорот во Золинген на наполеоновите регрутации, бил погубен тука во 1813 година. По поразот на Наполеон, целата Рајнска Област, вклучувајќи го и Берг била дадена на Кралството Прусија во 1815. Парламентот на Рајнската Покраина бил основан подоцна во Диселдорф.

До средината на 19-от век, Диселдорф дожижува преродба благодарение на Индустриската револуција, поради што градот имаше 100.000 жители во 1882, а во 1892 година тоа двојно се зголемило.

Во 1920, Диселдорф станал центар на Генералниот штрајк. На 15 април 1920 година, 45 делегати на Германскиот рударски синдикат биле убиени од страна на Слободниот корпус (Фрајкорите).[16]

Тој бил цел на стратешкото бомбардирање во текот на Втората светска војна, особено во текот на РАФ воздушен поход против индустријата во Рур во 1943 година, кога преку 700 бомбардери биле користени во текот на една ноќ. Нападите продолжиле до доцна во војната. Како дел од походот против германските нафтени објекти, РАФ нападот на 20/21 февруари 1945 на рафинеријата Ренанија Осаг во округот Рајсхолц во Диселдорф го прекинало производството на нафта таму.

Во 1946, Диселдорф станал главен град на новата сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија. Реконструкцијата на градот продолжила во жешко темпо и Диселдорф доживеал економска трансформација, растејќи во богат град на трговијата, администрацијата и услугите, по кои е познат и денес.

Демографија

[уреди | уреди извор]

17% од населението на Диселдорф се странци: вкупно 101,481 луѓе.[17] Најголемите етнички малцински групи се Турците, Грците и Италијанците.[18]

Диселдорф ја има третата по големина еврејска заедница во Германија, со околу 7.600 членови: повеќе од 1% од градското население.

Диселдорф и неговата околина ја имаат и третата најголема јапонска заедница во Европа и најголемата во Германија (околу 11,000 луѓе).

Градоначалници

[уреди | уреди извор]

Диселдорф во моментов (2007) — поделен во десет административни окрузи. Секој округ (Bezirk) има свој избран окружен совет (Bezirksvertretung) и своја окружен градоначалник (Bezirksvorsteher). Окружниот совет има само советодавно власт. Секој округ понатаму е поделен во реони. Има вкупно 49 реони во Диселдорф[19].

Округ 1 (Stadtbezirk 1)
Алтштат, Карлштат, Дерендорф, Голцхајм, Пемпелфорт, Штатмите
Округ 2 (Stadtbezirk 2)
Диселтал, Флингерн-Норд, Флингерн-Зид
Округ 3 (Stadtbezirk 3)
Билк, Флее, Фридрихштат, Хафен, Хам, Обербилк, Унтербилк, Фолмерсверт
Округ 4 (Stadtbezirk 4)
Херт, Лерик, Нидеркасел, Оберкасел
Округ 5 (Stadtbezirk 5)
Ангермунд, Кајзерсверт, Калкум, Лохаузен, Штокум, Витлаер
Округ 6 (Stadtbezirk 6)
Лихтенбројх, Мерзенбројх, Рат, Унтерат
Округ 7 (Stadtbezirk 7)
Гересхајм, Графенберг, Хубелрат, Луденберг
Округ 8 (Stadtbezirk 8)
Елер, Лиренфелд, Унтербах, Фенхаузен
Округ 9 (Stadtbezirk 9)
Бенрат, Хаселс, Химелгајст, Холтхаузен, Итер, Рајсхолц, Урденбах, Верстен
Округ 10 (Stadtbezirk 10)
Гарат, Хелерхоф

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Кралската алеја во Штатмите
Рајнтурм и зградата Гери Дер ноје Цолхоф во Хафен

Диселдорф не е познат само како центар на германското рекламирање и модната индустрија: Во последните неколку години градот на Рајна станува еден од најдобрите телекомуникациски центри во Германија. Има 18 семрежни услужници сместени во главниот град на Северна Рајна-Вестфалија. Со два од четирите големи германски даватели на мобилни честоти, Д2 Водафон и Е-Плус, Диселдорф води на германскиот пазар за мобилни телефони. Исто така, постојат и многу странски трговски центри во Диселдорф како што се НТТ, Ериксон, Сандвик, Нокиа и ГТС. Јуровингс и порано независната ЛТУ Интернешнал, се две авиокомпании, со седишта во градот.[20]

Многу од интернет компаниите во Диселдорф ги имаат своите корени во светот на маркетингот: Постојат 400 рекламни агенции во Диселдорф, меѓу кои три од најголемите во Германија: ББДО Груп, Публицис Груп и Греј Груп. Голем број на филијали на странски агенции можат да се спомнат, како што се Огилви & Матер, Денцу, Хакуходо, Дигитал Дистрикт и ДДБ. Исто така, постојат околу 200 издавачки куќи во Диселдорф.

Во Диселдорф има околу 170 домашни и меѓународни финансиски институции и околу 130 осигурителни агенции и една од најголемите германски берзи. Неколку други поголеми компании имаат свои седишта во градот: Пик & Клопенбург (мода), Л'Ореал Германија (козметика и убавина); Хенкел АГ (марка за широка потрошувачка и индустриски технологии); Е.ОН (енергија); Тисен Круп (металургија); Метро (продажба на големо и мало); Ерго (осигурување); ЛТУ (воздушен сообраќај), Есприт Холдингс (мода, седиште во Ратинген, близу Диселдорф), Когнис (хемикалии, седиште во Монхајм, близу Диселдорф, но главно производството е во Диселдорф).

Дајмлер АГ ги правеше Мерцедес-Бенц Спринтер и Фолксваген Крафтер, лесни комерцијални возила во Диселдорф. Од 1960-тите, има силна врска помеѓу градот и Јапонија. Многу јапонски банки и корпорации ги имаат нивните европски седиште во Диселдорф - толку многу што Диселдорф ја има третата по големина јапонска заедница во Европа, по Лондон и Париз.[21][22]

"Ке", што стои за кралска авенија ("Кенигсалее"), е популарно одредиште за пазарување. Некои од најпознатите продавници за накит, дизајнерски продавници и галерии имаат продавници таму. Ќе има највисоки закупнини за продавници и канцеларии во Германија.[23] Диселдорфскиот саме организира неколку меѓународни конгреси и саеми во текот на годината, особено боот Диселдорф Боат Шоу, друпа Печатење & Медиуми и цдп Фешн Шоу.

Важни весници и списанија како што се Ханделсблат, Рајнише Пост, Виртшафтсвохе, Дојшес Виртшафтсблат и ВДИ-Нахрихтен се издаваат во Диселдорф. Скоро сите од овие изданија се достапни он-лајн на интернет. Познатите филмски компании, како што е најголемото германско кино-претпријатие, Рих-Груп и ТВ-каналите како што се ВДР, ЗДФ и КВЦ се исто така сместени во Диселдорф.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
мрежата на Градската железница на Диселдорф, дел од Феркерсфербунд Рајна-Рур
Аеродром Диселдорф
станица Обербликер Маркт/Варшауер Штрасе на диселдорфското метро

Аеродром Диселдорф, исто така се нарекува аеродром Рајна-Рур, се наоѓа на осум километри од центарот на градот и може лесно да се стигне со воз или со С-железница. Постои и железничка станица за далечни одредишта користена од регионални и домашни служби, која е поврзана со аеродромот од страна на Скај трејн (воздушен воз), автоматски пренесувач на луѓе. Друга железничка станица се наоѓа под терминалната зграда и ги носи линиите на С-железницата (С11) до Главната железничка станица во Диселдорф и до Келн, како и неколку избрани ноќни служби.

По Франкфурт и Минхен, аеродромот во Диселдорф е третиот по големина германски комерцијален аеродром, со 18,6 милиони патници годишно. Аеродромот нуди 180 одредишта на 4 континенти и опслужува 70 авиокомпании. Аеродромската зграда беше делумно уништена од катастрофалниот пожар предизвикан од заварувачки работи во 1996 година, при што загинаа 17 луѓе. Тој беше целосно обновен и изграден воздушниот воз.

Градот е еден од главните центри на железничката мрежа на Дојче Бан (ДБ). Повеќе од 1.000 возови дневно застануваат во Диселдорф. Главната железничка станица во Диселдорф на Конрад-Аденауер-Плац се наоѓа во Диселдорф-Штатмите. Неколку С-железнички линии на Рајна-Рур го поврзуваат Диселдорф со другите градови во Рајна-Рур. Локалниот сообраќај на лесен шински систем на Градската железница, како и автобускиот сообраќај се врши од страна на Рајнбан, во сопственост на градот, кој работи во рамките на ФРР јавниот транспортен систем. Лесниот шински систем исто така ги опслужува и соседните градови и делумно се движе и подземно.

Главната железничка и железнилката станица на аеродромот (Flughafen-Bahnhof) се поврзани со домашните и европските железнички системи со големи брзини (Интерсити/Јуросити, ИЦ/ЕЦ и Интерсити експрес).

Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на аутобани во Германија и Диселдорф директно е достапен преку A3, А44, A46, A52, A57, A59 и A524.

Култура и рекреација

[уреди | уреди извор]

Вљубениот во уметноста изборен кнез Јан Велем и неговата жена Ана Марија Луиза де' Медичи од Тоскана, биле патроните на првите значајни културни активности во Диселдорф во 17-от и 18-от век. Хајнрих Хајне, чиј 200-ти роденден беше прославен во 1997 година, Клара и Роберт Шуман, како и Феликс Менделсон се најпознатите уметници, кои се поврзуваат со градот. Уметнички нагони често биле раѓани во Академијата на фина уметност и имињата на Паул Кле, Јозеф Бојс, Герхард Рихтер, како и Алберт Бирштат се поврзувани со оваа институција (Диселдорфска школа). Културната сцена во Диселдорф се сости од традиционална и авангардна, класична и гламурозна. Светски познатата државна уметничка збирка на Северна Рајна-Вестфалија, мошне успешната Германска опера на Рајна (опера) и Диселдорфскиот театар, уметничкиот дом на Густаф Гриндгенс, се главните елементи на репутацијата на Диселдорф, како центар на фината уметност.

Диселдорф е добро познат по своето Алтбир,[24] пиво кое се преведува како старо, се повикува на поранешната лагер пивска метода на користење на топла ферментиран квасец, како британското бледо Алеш[25]. Со текот на времето Алт-квасецот е прилагоден на пониски температури и Алт-пиварите го чувале пивото по ферментацијата, што доведува до почисто, појасно пиво.

Името "алтбир" првпат се појавило во 19-от век за да се разликува од пивата во Диселдорф од новите светли пива, кои започнала да се појавуваат во Германија[26]. Пиварите во Диселдорф користеле светол слад, кој бил користен за модерните светли пива, но го задржале стариот ("alt") метод на користење топол ферментиран квасец[27].

Првата пиварница, која го користела името Алт била Шумахер, која била отворена во 1838 година[28]. Основачот, Матијас Шумахер, го оставал пивото да созрее во ладни услови во дрвени буриња на подолго време од нормалното и ги удрил темелите на модерниот Алт - со килибарна боја и светол[29]. Резултатот е светло пиво, кое има некоја посна сувост на лагер, но со овошни вкусови исто така[30].

Во моментов, постојат четири пивотеки во Диселдорф, кои точат Алтбир во просториите: Фиксхен, Шумахер, Шлисер и Ириге. Три од четирите се наоѓаат во Стариот град (Altstadt); другата (Шумахер) — сместена помеѓу Стариот град и главната железничка станица (Hauptbahnhof), но исто така одржува своја пивотека во Стариот град, Голденер Кесел (Goldener Kessel), директно од другата страна на улицата од Шлисел.

Секоја произведува посебна, тајна, сезонска "штих" (Sticke)верзија во мали количини, иако имињата се разликуваат: Шлисел го нарекува "Stike", без "c", додека Шумахер го нарекува неговото посебно пиво "Latzenbier", што озналува "капак пиво", можеби поради бурињата во кои се чува на покренати полици[31]. Сезонското пиво на Фиксен е Weihnachtsbier (Божиќно пиво), достапна во шишиња од средината на ноември и се служи во пивотеката на Бадник[32].

Музика и ноќен живот

[уреди | уреди извор]
Сензејшн Вајт 2008 забава за Нова година, Есприт арена

Од 1950-тите "Комедхен" е едно од најпознатите кабареа во Германија. Најпознатиот придонес на Диселдорф на културата на модерната забавна музика е несомнено авангардниот бенд за елетронска музика Kraftwerk. Формиран од неколку музичари од Диселдорф, Kraftwerk се меѓународно познати, како најзначајниот бенд во историјата на повоената германска музика и како пионери во електронската музика[33]. Меѓународно познатиот пауер метал бенд Warlock беше формиран во Диселдорф во 1982. Нивниот фронтмен Доро Пеш, има успешна соло-кариера во Европа и Азија откако групата Warlock пропадна. Панк бендот Ди Тотен Хозен, кој е познат во целиот свет, исто така најпознатите пејачи во Германија Мариус Милер-Вестернхаген и Хајно доаѓаат од Диселдорф. Електронскиот перформанс Д.А.Ф. беше формиран во градот во 1978, како и електронските пионери Ди Крупс во 1980. Експерименталната пост-панк група Ла Диселдорф била именувана по градот, за што имало и судски спор во раните 1980-ти. Во Стариот град (Altstadt) германските и меѓународните туристи излегуваат на главната улица Болкерштрасе, додека локалната сцена (студенти и креативци) ги претпочитаат баровите на Ратингер Штрасе и Курце Штрасе.

Карневал

[уреди | уреди извор]

Еден од најголемите културни настани во Диселдорф е карневалот (исто така познат како "петта сезона"), кој започнува секоја година на 11 ноември во 11.11 претпладне и го достигнува својот врв на Розенмонтаг (розовиот понеделник), кога огромна парада поминува низ улиците на Диселдорф. Карневалот завршува на Ашермитвох (Чиста среда). Диселдорфскиот карневал е дел од традиционалните карневалски прослави во Рајнската Област.

Традиционалните оброци во регионот се Рајнишер Зауербратен (печено говедско, маринирано неколку дена во оцет и зачини) и Небо и земја (Крвавица со преварени јаболки мешано со пире од компири). Во зима луѓето сакаат да јадат Мушелн Рајнишер Арт (школки на рајнски начин). Исто така, посебен оброк: Диселдорфер Зенфростбратен (стекови печени со сенф).

Заедно со францускиот град Дижон, Диселдорф е познат по својот сенф служен во традиционален сад наречен "Мостерпетхе", кој бил прикажан во мртвата природа од страна на Винсент ван Гог во 1884[34].

Диселдорфскиот театар
Диселдорфската концертна сала
  • Аполо (циркус; претстави на кои не е потребно знање од германски)
  • Капитол (мјузикли)
  • Германска опера на Рајна (опера; балет)
  • Диселдорфски театар; театарот започнал со театарски претстави во 1585 година
  • Диселдорфер Марионетен-Театер
  • ЕСПРИТ Арена (место на Евровизија 2011)
  • ФФТ - Форум Фрајес Театер (интимен театар)
  • Кланграум (класична музика од 20-от век)
  • Комедхен (политичко кабаре)
  • Комеди Диселдорф
  • Палата Витгенштајн
  • Пупентеатер на Хелмхолцштрасе (куклен театар)
  • Сала Роберт Шуман
  • Танцхаус НРВ (театар за танц)
  • Тонхале Диселдорф (концертна сала за класична музика, џез, поп, кабаре)
  • Театер на Ке
  • Театер на Лигале
  • Театерателие Такелгарн
  • Театар Флин
  • Театар Глорајх
  • Театар Савоја

Музеи, уметнички и историски институти и други атракции

[уреди | уреди извор]
Уметничка збирка на Северна Рајна-Вестфалија - K20 (Грабеплац)
Уметничка збирка на Северна Рајна-Вестфалија - K21 (Штендехаус)

Паркови и градини

[уреди | уреди извор]
The ИСС-Доме, стадион за хокеј на мраз отворен во 2006
Есприт арена (поранешно ЛТУ)

Фудбалскиот тим Фортуна Диселдорф, германскиот шампион од 1933, германски победник на Купот на победниците од 1979, 1980 и финалист во Европскиот куп на победниците на куповите во 1979, се натпреварува во втората германска лига (2. германска фудбалска Бундеслига). Нивниот нов стадион, Есприт арената, отворена во јануари 2005 и има капацитет од 54.500. Диселдорф е еден од деветте градови на Светското првенство во 1974, а Рохусклуб Диселдорф е домаќин на светскиот тениски куп од 1978 година.

Други спортови во Диселдорф се хокеј на мраз (ДЕГ Метро Старс, порано ДЕФ - Диселдорфер Ајслауф Гемајншафт, кој игра во новиот ИСС-Доме) и американски фудбал. Диселдорф Пантер се најуспешиот тим во Германија со шест домашни шампионски трофеи и Јуробол 1995. Во прилог на јуниор-програмата, тој е најуспешниот млада фудбалска програма во Германија со тринаесет домашни шампионски титули. Рајн Фајр Диселдорф беше воспоставен тим во НФЛ Европа и победи на Ворлд бол двапати во 1998 и во 2000. Диселдорф има успешна рагби унија (Диселдорф Драгонс), кои играат во регионалнаталига и постојано завршува на првите три места. Пинг-понгот е исто така игран (Борусија Диселдорф - најуспешниот тим во Германија со Тимо Бол), како и ракомет (ХСГ Диселдорф), кошарка (Диселдорф Џајантс), бејзбол (Диселдорф Сенаторс) и танцот (Рот-Вајс Диселдорф).

Образование

[уреди | уреди извор]

Универзитет Хајнрих Хајне-Диселдорф се наоѓа во јужниот дел на градот. Има околу 20.000 студенти и широк спектар на насоки во природните науки, математиката, информатиката, филозофијата, општествените науки, уметностите, јазиците, медицината, фармацијата, економијата и правото.

Други академски институции се:

Познати згради

[уреди | уреди извор]
Колориум на пристаништетот Диселдорф од страна на архитектот Вил Алсоп
Нојер Цолхоф на Мединхафен од страна на архитектот Франк Гери
  • Рајнтурм (ТВ-кула) градска знаменитост (1982: 234 метри, од 2004: 240,5 метри), светлата на кои се формира светски најголемиот дигитален часовник.
  • Зградата Гери во Диселдорф Мединхафен .
  • Колориум, 18-катна кула дизајнирана од Алсоп и партнерите, исто така во Диселдорф Мединхафен
  • Бенратер Шлос (палата Бенрат).
  • Куќата на Вилхем Маркс од 1922/24: висока 12 ката, таа била првата германска висока зграда.
  • Шталхоф од 1906, административен центар на германската челична економија до 1945.
  • Штумхаус од 1925, уште една рана германска висока зграда.
  • Гересхајм Базилика[35].
  • Св. Свитберт Базилика[36].
  • Кула ДРВ, 120 метри висока кула изградена во 1978.
  • ГАП 15, 85 метри висока зграда изградена во 2005, близу Кралската алеја.
  • Кула-АРАГ, 131 метар висока, таа е една од највисоките канцелариски згради во Диселдорф; дизајнирана од Норман Фостер.
  • Осум мостови ја преминуваат реката Рајна во Диселдорф; тие, исто така, се и градски знаменитости.
  • Источната кула на Рајсхолц Рајн Кросинг, кула за електрична енергија под чии темели оди железницата.

Познати места

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Диселдорф е збратимен со:[37]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
  2. „Communla Administration of Düsseldorf, 28 of July 2008“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-25. Посетено на 2010-04-16.
  3. „Immobilien Zeitung: ''Mehr Räume für die große Modenschau'' vom 28. August 2008, 1st of March 2009“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-18. Посетено на 2010-04-16.
  4. 'Cushman & Wakefield - European Cities Monitor' (PDF). Посетено на 2011-06-04.
  5. 'Messe Düsseldorf Annual Report' (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-13. Посетено на 2011-06-04.
  6. 2010 survey by Jones Lang LaSalle (германски)
  7. 1,525,029 inhabitants for the Düsseldorf Larger Urban Zone
  8. „Mercer's 2009 Quality of Living survey highlights - Global“. Mercer. 2009-04-28. Посетено на 2009-07-07.
  9. Woolsey, Matt (2009-04-28). „World's 20 Best Places To Live“. Forbes.com.
  10. Bezirksregierung Düsseldorf - Luftreinhalteplan (2004) PDF
  11. Klimaatlas - NRW (1989): Der Minister für Umwelt, Raumordnung und Landwirtschaft des Landes Nordrhein-Westfalens, Düsseldorf.
  12. „Информации за времето во Диселдорф“. Архивирано од изворникот на 2012-10-23.
  13. „Ausgabe der Klimadaten: Monatswerte“.
  14. Weidenhaupt, Hugo: Kleine Geschichte der Stadt Düsseldorf, Triltsch-Verlag, Düsseldorf 1979, ISBN 3-7998-0000-X, (only in German)
  15. 15,0 15,1 http://de.wikipedia.org/wiki/Düsseldorfer_Radschläger
  16. The German Revolution 1917-1923, by Pierre Broué, Ian H. Birchall, Brian Pearce, p278
  17. „Statistisches Bundesamt Deutschland - Neue Daten zur Migration in Deutschland verfügbar“. Destatis.de. 2008-10-20. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2011-04-08.
  18. „Landeshauptstadt Düsseldorf - Bevölkerung nach Nationalität“ (PDF). Duesseldorf.de. 2009-12-31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-01-26. Посетено на 2010-12-29.
  19. „Landeshauptstadt Düsseldorf - Aus den Stadtteilen“. Duesseldorf.de. Архивирано од изворникот на 2013-01-16. Посетено на 2009-05-05.
  20. "Kontakt." LTU International. Посетено на 21 June 2009.
  21. „Japanese Düsseldorf - Düsseldorf Travel Guide - VirtualTourist.com“. VirtualTourist.com. 2003-02-11. Архивирано од изворникот на 2008-09-19. Посетено на 2009-05-05.
  22. „Japantag in Düsseldorf: Welcome“. Japantag-duesseldorf-nrw.de. Архивирано од изворникот на 2012-02-17. Посетено на 2009-05-05.
  23. http://web.archive.org/web/20070809144413/http://comfort-gmbh.de/pressemitteilungen/21.03.2007.pdf PDF (91.4 KB)
  24. studio orange. „Altbier“. Brauer-bund.de. Архивирано од изворникот на 2007-04-29. Посетено на 2009-05-05.
  25. „Michael Jackson's Beer Hunter - Copper-bottom ales halt lager tide in Germany“. Beerhunter.com. Посетено на 2009-07-08.
  26. „Altbier“. Germanbeerinstitute.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-13. Посетено на 2009-07-08.
  27. „Altbier“. Allaboutbeer.com. 2003-03-01. Архивирано од изворникот на 2009-05-29. Посетено на 2009-07-08.
  28. „Düsseldorf Breweries“. Europeanbeerguide.net. Посетено на 2009-07-08.
  29. Prost! The Story of German Beer, Horst D. Dornbusch, Brewers Publications, 1997, pp 109 - 110. ISBN 0-937381-55-1
  30. „Düsseldorf Pub Guide: the best beer bars, pubs and brewpubs“. Europeanbeerguide.net. Посетено на 2009-07-08.
  31. Horst Dornbusch, Altbier. Boulder, CO: Brewers Publications
  32. Fuchschen web page on Weihnachtsbier, visited 2007.04.26
  33. The Guardian, 2003-07-24, accessed 2010-10-31, Desperately seeking Kraftwerk, "Kraftwerk were so far ahead of their time that the rest of the world has spent 25 years inventing new musical genres in an attempt to catch up. Another famouse Synth-pop band to come from the city was Propaganda. House, techno, hip-hop, trip-hop, synthpop, trance, electroclash: Kraftwerk's influence looms over all of them. It's difficult to imagine what rock and pop music would sound like today if Kraftwerk had never existed"
  34. „Düsseldorf Altstadt: Van Gogh, Stilleben mit ABB-Senf“. Duesseldorf-altstadt.blogspot.com. 2007-01-25. Посетено на 2009-05-05.
  35. „Gerresheim Basilica“. Архивирано од изворникот на 2012-02-17. Посетено на 2011-06-01.
  36. „St. Suitbertus Basilica“. Архивирано од изворникот на 2012-06-18. Посетено на 2011-06-01.
  37. 37,0 37,1 37,2 37,3 37,4 37,5 37,6 „Збратимени градови“. www.amazingdusseldorf.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на 2009-10-29.
  38. „Twin City acitivities“. Haifa Municipality. Архивирано од изворникот 2007-10-09. Посетено на 2008-02-14.
  39. „Miasta partnerskie Warszawy“. um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2008-08-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]