Пфорцхајм
Изглед

Пфорцхајм — град со 119.000 жители во Баден-Виртемберг, југозападна Германија, на прагот на Шварцвалд. Зафаќа површина од 98 км2 и се наоѓа помеѓу градовите Штутгарт и Карлсруе, на точката каде се спојуваат реките Енц, Наголд и Вурм. Тоа е границата меѓу Баден и Виртемберг, а градот е сместен во Баден.
Пфорцхајм не припаѓа на ниту една административна област, но во исто време е административен центар на областа Енц која го обиколува градот. Познат е по индустријата за накит и производство на часовници.
За време на Втората светска војна, Пфорцхајм бил бомбардиран неколкупати. Најстрашното било изведено од британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) попладнето на 23 февруари 1945 г.
![]() | Оваа статија за место во Баден-Виртемберг е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|