Вупертал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вупертал
Поглед на Вупертал од северната ридска падина
Поглед на Вупертал од северната ридска падина
Поглед на Вупертал од северната ридска падина
Грб на Вупертал
Вупертал во рамките на Германија
Вупертал
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Диселдорф
Округ Урбан округ
Надградоначалник Петер Јунг (CDU)
Владејачки партии ДХССДП
Основни податоци
Површина 168,41 км2
Надм. височина 100−350 м
Население 355.004 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 2.108 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. W
Пошт. бр. 42001-42399
Повик. бр. 0202
Портал wuppertal.de
Координати 51°16′0″N 7°11′0″E / 51.26667° СГШ; 7.18333° ИГД / 51.26667; 7.18333Координати: 51°16′0″N 7°11′0″E / 51.26667° СГШ; 7.18333° ИГД / 51.26667; 7.18333

Вупертал (гер. Wuppertal) — град во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Поседува регионална шифра (AGS) 5124000, NUTS (DEA1A) и LOCODE (DE WUP) код. Тој е стопански, индустриски, културен и универзитетски центар на својот регион. Градот лежи на брегот на реката Вупер.

Се наоѓа јужно од Руската област, во географскиот регио Рајна-Рур, околу 30км источно од Деселдорф, 40км североисточно од Келн, и 23 километри југоисточно од Есен.

Градот има 356,000 жители, по што е седумнаесетти најголем германски град, а седми по големина во Северна Рајна-Вестфалија.

Географски и демографски податоци[уреди | уреди извор]

Положбата на градот во регинот Рајна-Вестфалија

Градот се наоѓа на надморска височина од 101 до 350 метри. Површината на општината изнесува 168,4 км2. Во самиот град според проценките од 2010 година живееле 351,050 жители. Просечната густина на населението изнесува 2,085 жители на км2.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Висечката железница во Вупертал

Во Вупертал се наоѓаат преку 4.500 објекти под заштита на државата. Поголемиот дел е од периодот на класицизмот, арт нуво и баухауса.

Родната куќа на Фридрих Енгелс денес е еден од градските музеи.

Играчкиот театар во Вупертал, под раководство на Пин Бауш е истакната културна институција, која настапувала низ целиот свет.

Од 1901 година, во градот постоела висечка железничка линија (Wuppertaler Schwebebahn). Таа е поставена 8 метри над градските улици и 12 метри над реката Вупер.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)