Марковски округ
| Марковски округ Märkischer Kreis | |||
|---|---|---|---|
| округ | |||
| |||
![]() | |||
| Земја | |||
| Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | ||
| Адм. подр. | Арнсберг | ||
| Седиште | Лиденшајд | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 1,058,95 км2 (0,40.886 ми2) | ||
| Население (31 декември 2023)[1] | |||
| • Вкупно | 408.579 | ||
| • Густина | 390,000/км2 (1,000,000/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Рег. таб. | MK | ||
| Мреж. место | http://www.maerkischer-kreis.de | ||

Марковски округ (германски: Märkischer Kreis) — округ во средишниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија. Се граничи со окрузите Уна, Зост, Горен Зауерланд, Олпе, Обербершкиот округ, Енепе-Рур и градот Хаген. Наречен е по некогашната грофовија Марк која се наоѓала на ова подрачје.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот е создаден во 1975 г. како дел од реформите во окрузите на покраината. Направен е со спојување на поранешните окрузи Лиденшајд и Изерлн, градскиот округ на Изерлон и подрачјето околу Балве (дотогаш во состав на округот Арнсберг).
Географија
[уреди | уреди извор]Во географски поглед, Марковскиот округ го опфаќа северозападниот дел на ридската област Зауерланд, јужно од долината на Рур. Највисоко место е Нордхеле, на надморска височина од 683 м. Поважни реки во округот се Лене и Хене. Иако е претежно шумовит и слабо населен, округот сепак бележи долга индустриска историја поради изобилството на огревно дрво за тополниците за челик, кое се користело сè до воведувањето на јаглен од Рур.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Градови (население) | Општини (население) | |
|---|---|---|
|
|
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
Галерија
[уреди | уреди извор]- Окружната управа во Лиденшајд
- Отсек на окружната управа во Алтена
- Воклумска печка — најстарата целосно зачувана традиционална топилница во Германија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Марковски округ“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- Туристички портал на Марковскиот округ (германски)
| ||||||||
| ||||||||||||
|

