Нани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Португалија Нани
Shaktar - Fenerbahçe 05 August 2015 CL Q3 8.jpg
Лични податоци
Полно име Луиш Карлош Алмеида да Куња[1]
Роден на 17 ноември 1986
Роден во Праја, Капе Верде
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче Фенербахче
Број 17
Младинска кариера
Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 58 (9)
2007–2015 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 147 (25)
2014–2015 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 27 (7)
2015- Фенербахче Фенербахче 6 (3)
Репрезентација
2006- Португалија Португалија 90 (16)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 јуни 2012

Луиш Карлош Алмеида да Куња или попзнат како Нани (португалски: Luís Carlos Almeida da Cunha) е португалски фудбалер, крило на Фенербахче и на португалската репрезентација.

Најчесто игра на позицијата десно крило, но често е користен и на левата страна.

Кариера[уреди | уреди извор]

Нани е роден на 17 ноември 1986 година во Праја, Капе Верде. Неговото семејство емигрирало во Португалија каде ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за локалниот тим Реал Масама. На 16 годишна возраст тој започнал да тренира со Спортинг Лисабон и Бенфика на одредени денови. На крајот тој му се приклучил на младинскиот состав на Спортинг бидејќи тие му нудат да тренира со нив во пред сезонските подготовки. Во 2005 година, тој го направи своето професионално деби за клубот и го освои португалскиот куп за време на неговата втора сезона со нив. Нани бил прогласен за млад играч на месецот за месец мај 2007 година и неговите настапи со Спортинг кулминирале со транссфер во англискиот клуб Манчестер Јунајтед кој во јули 2007 година за сума од 25,5 милиони € го донел Нани на Олд трафорд. Нани го освои ФА Комјунити Шилд во неговото официјално деби за Манчестер Јунајтед на 5 август 2005 кога бил победен Челси. На оваа титула тој додал трофеи од Премиер лигата и Лигата на шампионите уште во својата дебитантска сезона со црвените ѓаволи. Откако тој се етаблирал како прв избор на крилото на Манчестер Јунајтед успеал да освои и уште две титули во Премиер лигата, Лига купот, ФИФА Клупско Светско првенство, и три ФА Комјунити Шилд наслови.

Нани е исто така репрезентативец на Португалија. Пред да игра на сениорско ниво, тој играше за репрезентацијата до 21-на година. Тој го направи својот сениорски деби во септември 2006 година во пријателски натпревар против Данска и го постигна својот прв репрезентативен погодок во текот на поразот од 4-2 на тој натпревар во Копенхаген. Од своето деби, тој има направено 51 настапи и постигнато 12 гола за Португалија.

Титули[уреди | уреди извор]

Португалија Спортинг[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nani“. ManUtd.com. Manchester United. http://www.manutd.com/en/Players-And-Staff/First-Team/Nani.aspx. конс. 4 декември 2010 г.