Клубот е основан на 5 јануари 1911 година како Каср Ел Нел, и првично бил предводен од белгискиот адвокат Жорж Марзбах. Подоцна клубот уште неколкупати го променил своето име во Ел Мохталат во 1913 година, па во Клуб на Кралот Фарук во 1941 година, за конечно да го добие денешно име Замалек СК во 1952 година.
Замалек е моментално без стадион, па својте домашни натпревари моментално ги игра на Меѓународниот стадион во Каиро. Боите на клубот се белата и црвената. Домашниот дрес се состои од бела маичка со две хоризонтални црвени ленти и бели шорцеви.