КАФ Лига на шампиони
![]() | |
Регион | Африка |
---|---|
Конфедерација | КАФ |
Основана | 1964 (од 1997 во моменталниот формат) |
Број на клубови | 16 (групна фаза) 52 (вкупно) |
Тековен првак | ![]() (2018-2019) |
Најмногу титули | ![]() |
Мрежно место | КАФ Лига на шампиони |
Трофеј | ![]() |
![]() |
КАФ Лигата на шампионите е годишно континентално клупско фудбалско натпреварување управувано од страна на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ). Најдобрите клубови од најдобрите фудбалските лиги во Африка се поканети да учествуваат на ова натпреварување, кој е најважното клупско фудбалско натпреварување на континентот и е еквивалент на УЕФА Лигата на шампионите. Поради спонзорскиот договор со француската компанија Тотал, официјалното име на натпреварувањето е Тотал КАФ Лига на шампиони, или исто така во употреба е и Тотал Лига на шампиони.[1]
Победникот на турнирот стекнува право да учествува на Светското клупско првенство, турнир на кој се натпреваруваат сите клубови шампиони од сите шест континентални конфедерации, а исто така се соочува и со победникот на КАФ Купот на конфедерации во Суперкупот на КАФ следната сезона.
Египетскиот Ал Ахли е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето, освојувајќи го турнирот осум пати. Египетските клубови имаат акумулирано најголем број победи, освојувајќи ја титулата 14 пати. Моментален шампион е мароканската Видад Казабланка, кои ја забележаа својата втора титула во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Ал Ахли во финалето 2017.
Историја
[уреди | уреди извор]Првите години
[уреди | уреди извор]На почетокот, натпреварувањето ги опфаќало сите шампиони на националните лиги на африканските земји кои биле членови на КАФ. Натпреварувањето траело 12 месеци и се играло по купски систем, по кој во секое коло се играле по два натпревари (дома-гости) сè до четвртфиналето, каде екипите играле по еден натпревар на неутрален терен и победникот се пласирал понатаму.
Првиот 'Африкански Куп на шампиони' одигран е во 1964 година, а првата екипа која го освоила трофејот бил камерунскиот Орикс Дуала, кој го победил Стад Малијан од Мали со 2-1 во финалниот натпревар.
Во 1965 година турнир не бил одржан, но организаторите не се откажале од него и повторно е организиран во 1966 година. Сега сите фази на натпреварување се играле по двоен систем ‘домаќин и гостин’, а во финалето играле Реал Бамако од Мали и Стад Абиџан од Брегот на Слоновата Коска. Реал Бамако ја искористил предноста на домашниот терен во првиот натпревар и победил со 3-1, но во реваншот во гости во Абиџан изгубил со 4-1 и останал без титулата која му припаднала на Стад Абиџан.
Во финалето 1967 година се сретнале Асанте Котоко од Гана и TП Мазембе од ДР Конго. Двата натпревари биле завршени со нерешен резултат (1-1 и 2-2). Бидејќи тогаш не важело правилото гол во гости, КАФ предложил да се одигра и трет натпревар, но екипата од Гана го одбила тој предлог поради што титула му припднала на Мазембе, кои и во следната сезона повторно бил шампион.
Во 1970 година во финалето повторно се сретнале Асанте Котоко и Мазембе. Првиот натпревар бил одигран во Гана и завршил со резултат 1-1, но во реваншот на гостински терен Асанте славеле со 2-1 и така ја освоиле титулата која ја испуштиле пред три години.
Во текот на седумдесеттите години доаѓа успон на камерунските фудбалски клубови, кои поставиле основа за успесите на камерунската репрезентација. Од 1971 до 1980 година камерунските екипи освоиле 4 титули Африкански првак: Канон Јаунде трипати (1971, 1978 и 1980) и УС Дуала еднаш 1979. Покрај успесите на екипите од Камерун, во тој период и Хафија Конакри од Гвинеја имала свои златни години, освојувајќи ја титулата шампион трипати (1972, 1975 и 1977).
Египетска доминација
[уреди | уреди извор]Иако само две екипи од Северна Африка ја освоиле титулата пред 1981 година - Исмаили од Египет во 1969 и МК Алжир од Алжир во 1976 – од тогаш, екипите од оваа регија го преземаат приматот и започнува нивната доминација во натпреварувањето, освојувајќи 22 титули од последните 28 турнири.
Посебно биле доминантни двата египатски фудбалски гиганти од Каиро, Ал Ахли и Замалек. Ал Ахли победил рекордни осум пати: 1982, 1987, 2001, 2005, 2006, 2008, 2012 и 2013; а Замалек има пет титули: 1984, 1986, 1993, 1996 и 2002.
Друга екипа од Северна Африка која исто така имала доста успеси во натпреварувањето е Раџа Казабланка од Мароко, која победила трипати: 1989, 1997 и 1999.
Развој на КАФ Лигата на шампионите
[уреди | уреди извор]Покрај воведување на правилото гол во гости многу малку се менувало во системот на натпреварувањето до 1997 година. Таа година, КАФ започнал да спроведува реформи во натпреварувањето, како што УЕФА го направила истото пет години порано, создадена е групна фаза во почетокот на турнирот и натпреварувањето го менува името во КAФ Лига на шампиони. КАФ исто така претставил и парични награди за учесниците.
Победник је добивал 1.000.000 американски долари а поразениот во финалето 750,000, новата Лига на шампиони станала второ најбогато фудбалско клупско натпреварување во Африка после Јужноафриканската Премиер лига која го наградува победникот со 2.000.000 американски долари.
По новиот формат, Лигата на шампионите се состои од серија прелиминарни рунди сè до фазата последните 16. Во оваа фаза екипите се поделени во 4 групи со по 4 клуба каде играат по двоен систем дома гости од кои првопласираните две екипи од секоја група поминуваат во четвртфиналето. Од четвртфиналето па до самиот крај на натпреварувањето (вклучувајќи го и финалето) се игра по куп систем во два натпревари дома-гости.
Во 2010 година, TП Мазембе од ДР Конго станал првата екипа која по вторпат успеала да ја освои титулата две години по редом. Првпат тоа го сториле во 1967 и 1968, а го повториле во 2009 и 2010.
Во КAФ Лигата на шампионите учествуваат победниците од сите национални лиги кои се членови на КАФ, како и шампионот од претходната година. Од 2004. година право да учествуваат имаат и второпласираните екипи од 12-те најдобро рангирани фудбалски лиги во Африка. После оваа реформа доаѓа до спојување на КАФ Купот (натпреварување во кое учествувале второпласираните екипи од африканските национални првенства) и КАФ Купот на победниците на куповите и создаден е КАФ Купот на конфедерации.
Спонзори
[уреди | уреди извор]Период | Спонзор | Име на турнирот |
---|---|---|
2004-2008 | ![]() |
МТН КАФ Лига на шампиони |
2009-2016 | ![]() |
Оринџ CAF Champions League |
2016-2023 | ![]() |
Тотал КАФ Лига на шампиони |
Парични награди
[уреди | уреди извор]Конечен пласман |
Парична награда |
---|---|
Шампион | US$2.5 милиони |
Вицешампион | US$1.25 милиони |
Полуфиналист | US$0.8 милиони |
Четвртфиналист | US$0.65 милиони |
Трет во групната фаза | US$0.55 милиони |
Четврт во групната фаза | US$0.55 милиони |
Финалиња
[уреди | уреди извор]Африкански Куп на шампиони (1964—1997)
[уреди | уреди извор]Година | Домаќин | Резултат | Гостин | Стадион | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|
1964 Детали |
![]() |
2 - 1 | ![]() |
Стадион Акра, Акра | |
1966 Детали |
![]() |
3 - 1 | ![]() |
Мунисипал, Бамако | |
![]() |
4 - 1 | ![]() |
Феликс Уфује-Буањи, Абиџан | ||
![]() | |||||
1967 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Кумаси, Кумаси | |
![]() |
2 - 2 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | ||
![]() |
н/o | ![]() |
Стадион Омниспорт Јаунде, Јаунде | ||
![]() | |||||
1968 Детали |
![]() |
5 - 0 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | |
![]() |
4 - 1 | ![]() |
Стадион Генерал Ејадема, Ломе | ||
![]() | |||||
1969 Детали |
![]() |
2 - 2 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | |
![]() |
3 - 1 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
![]() | |||||
1970 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Кумаси, Кумаси | |
![]() |
1 - 2 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | ||
![]() | |||||
1971 Детали |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Стадион Кумаси, Кумаси | |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Воен стадион Гаруа, Јаунде | ||
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Воен стадион Гаруа, Јаунде | ||
![]() | |||||
1972 Детали |
![]() |
4 - 2 | ![]() |
Стадион 28 септември, Конакри | |
![]() |
2 - 3 | ![]() |
Стадион Накивубо, Кампала | ||
![]() | |||||
1973 Детали |
![]() |
4 - 2 | ![]() |
Стадион Кумаси, Кумаси | |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | ||
![]() | |||||
1974 Детали |
![]() |
4 - 2 | ![]() |
Стадион на Револуцијата, Бразавил | |
![]() |
1 - 2 | ![]() |
Стадион Ел Махала, Махала ел Кубра | ||
![]() | |||||
1975 Детали |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион 28 септември, Конакри | |
![]() |
1 - 2 | ![]() |
Национален стадион во Лагос, Лагос | ||
![]() | |||||
1976 Детали |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Стадион 28 септември, Конакри | |
![]() |
3 - 0 (пенали: 4 - 1) |
![]() |
Стадион 5 јули 1962, Алжир | ||
![]() | |||||
1977 Детали |
![]() |
0 - 1 | ![]() |
Спортски стадион во Акра, Акра | |
![]() |
3 - 2 | ![]() |
Стадион 28 септември, Конакри | ||
![]() | |||||
1978 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион 28 септември, Конакри | |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Стадион Омниспорт, Јаунде | ||
![]() | |||||
1979 Детали |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Спортски стадион во Акра, Акра | |
![]() |
1 - 0 (пенали: 5 - 3) |
![]() |
Стадион Омниспорт, Јаунде | ||
![]() | |||||
1980 Детали |
![]() |
2 - 2 | ![]() |
Воен стадион Гаруа, Јаунде | |
![]() |
0 - 3 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | ||
![]() | |||||
1981 Детали |
![]() |
4 - 0 | ![]() |
Стадион 1 ноември 1954, Тизи Узу | |
![]() |
0 - 1 | ![]() |
Стадион 20 мај, Киншаса | ||
![]() | |||||
1982 Детали |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Спортски стадион во Кумаси, Кумаси | ||
![]() | |||||
1983 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
1 – 0 | ![]() |
Спортски стадион во Кумаси, Кумаси | ||
![]() | |||||
1984 Детали |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
0 - 1 | ![]() |
Национален стадион во Лагос, Лагос | ||
![]() | |||||
1985 Детали |
![]() |
5 - 2 | ![]() |
Стадион Принц Мулај Абделах, Рабат | |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Мобуту стадион, Лубумбаши | ||
![]() | |||||
1986 Детали |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
2 - 0 (пенали: 2 - 4) |
![]() |
Стадион Феликс Уфује-Буањи, Абиџан | ||
![]() | |||||
1987 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Ал Хилал, Омдурман | |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
![]() | |||||
1988 Детали |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Либерти стадион, Ибадан | |
![]() |
4 - 0 | ![]() |
Стадион Мухамед Хамлауи, Константин | 45,000 | |
![]() | |||||
1989 Детали |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион Мухамед V, Казабланка | 50,000 |
![]() |
1 - 0 (пенали: 2 - 4) |
![]() |
Стадион 19 јуни 1965, Оран | 40,000 | |
![]() | |||||
1990 Детали |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион 5 јули 1962, Алжир | 70,000 |
![]() |
1 - 0 (пенали: 2 - 4) |
![]() |
Индепанданс стадион, Лусака | 35,000 | |
![]() | |||||
1991 Детали |
![]() |
6 - 2 | ![]() |
Стадион Ел Мензах, Тунис | 40,000 |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Накивубо, Кампала | 25,000 | |
![]() | |||||
1992 Детали |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Стадион Муhамед V, Казабланка | |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Ал Хилал, Омдурман | ||
![]() | |||||
1993 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Спортски стадион во Кумаси, Кумаси | |
![]() |
0 - 0 (пенали: 7 - 6) |
![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
![]() | |||||
1994 Детали |
![]() |
0 - 0 |
![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
3 - 1 | ![]() |
Стадион Ел Мензах, Тунис | ||
![]() | |||||
1995 Детали |
![]() |
2 - 2 | ![]() |
ФНБ стадион, Јоханезбург | |
![]() |
0 - 1 | ![]() |
Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан | ||
![]() | |||||
1996 Детали |
![]() |
2 - 1 | ![]() |
Стадион Лекан Салами, Ибадан | |
![]() |
2 - 1 (пенали: 5 - 4) |
![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
![]() |
КАФ Лига на шампиони (од 1997 година)
[уреди | уреди извор]Година | Домаќин | Резултат | Гостин | Стадион | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|
1997 Детали |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион Лен Клеј, Обаси | 20,000 |
![]() |
1 - 0 (пенали: 5 - 4) |
![]() |
Стадион Мухамед V, Казабланка | 85,000 | |
![]() | |||||
1998 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Национален спортски стадион, Хараре | 45,000 |
![]() |
4 - 2 | ![]() |
Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан | 50,000 | |
1999 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Пер-Жего, Казабланка | |
![]() |
0 - 0 (пенали: 3 - 4) |
![]() |
Стадион Ел Мензах, Тунис | 50,000 | |
![]() | |||||
2000 Детали |
![]() |
1 - 2 | ![]() |
Стадион Ел Мензах, Тунис | 30,000 |
![]() |
3 - 1 | ![]() |
Спортски стадион во Акра, Акра | 45,000 | |
![]() | |||||
2001 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Лофтус Версфелд, Преторија | 5,000 |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | 80,000 | |
![]() | |||||
2002 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Мухамед V, Казабланка | |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
![]() | |||||
2003 Детали |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Ењимба Интернешнл стадион, Аба | |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Исмаилија стадион, Исмаилија | ||
![]() | |||||
2004 Детали |
![]() |
2 - 1 | ![]() |
Стадион Олимпик д Сус, Сус | |
![]() |
2 – 1 (пенали: 5 - 3) |
![]() |
Ењимба Интернационал стадион, Аба | ||
![]() | |||||
2005 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Олимпик д Сус, Сус | 20,000 |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Стадион на Војната академија, Каиро | 35,000 | |
![]() | |||||
2006 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
0 - 1 | ![]() |
Стадион 14 јануари, Радес | 65,000 | |
![]() | |||||
2007 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Олимпик д Сус, Сус | |
![]() |
1 - 3 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
![]() | |||||
2008 Детали |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
![]() |
2 - 2 | ![]() |
Стадион Румде Аџија, Гаруа | ||
![]() | |||||
2009 Детали |
![]() |
2 - 1 | ![]() |
Стадион Дан Ањијам, Овери | |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион Фредерик Кибаса Малиба, Лубумбаши | ||
![]() | |||||
2010 Детали |
![]() |
5 - 0 | ![]() |
Стадион Фредерик Кибаса Малиба, Лубумбаши | 50,000 |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион 14 јануари, Радес | 65,000 | |
![]() | |||||
2011 Детали |
![]() |
0 - 0 | ![]() |
Стадион Мухамед V, Казабланка | 70,000 |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион 14 јануари, Радес | 65,000 | |
![]() | |||||
2012 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Борг Ел Араб стадион, Александрија | 25,000 |
![]() |
1 - 2 | ![]() |
Стадион Олимпик д Радес, Радес | 31,000 | |
![]() | |||||
2013 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Орландо, Совето | 40,000 |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Стадион Араб Контрактор, Каиро | 20,000 | |
![]() | |||||
2014 Детали |
![]() |
2 - 2 | ![]() |
Стадион Тата Рафаел, Киншаса | 40,000 |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Мустафа Чакер, Блида | 35,000 | |
![]() | |||||
2015 Детали |
![]() |
1 - 2 | ![]() |
Стадион Омар Хадафи, Алжир | 15,000 |
![]() |
2 - 0 | ![]() |
Стадион ТП Мазембе, Лубумбаши | 35,000 | |
![]() | |||||
2016 Детали |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Стадион Лукас Морипе, Атериџвил | 30,000 |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион Борг Ел Араб, Александрија | 70,000 | |
![]() | |||||
2017 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Борг Ел Араб, Александрија | 60,000 |
![]() |
1 - 0 | ![]() |
Стадион Мохамед V, Казабланка | 65,000 | |
![]() | |||||
2018 Детали |
![]() |
3 - 1 | ![]() |
Стадион Борг Ел Араб, Александрија | 60,000 |
![]() |
3 - 0 | ![]() |
Стадион Олимпик д Радес, Радес | 60,000 | |
![]() | |||||
2018-2019 Детали |
![]() |
1 - 1 | ![]() |
Стадион Мохамед V, Казабланка | 50,000 |
![]() |
Напуштено[note 1] | ![]() |
Стадион Олимпик д Радес, Радес | 60,000 | |
![]() | |||||
2019-2020 Детали |
![]() |
2 - 1 | ![]() |
Интернационален стадион во Каиро, Каиро, Египет | 0 (поради пандемија на коронавирус) |
се играл само еден натпревар |
Рекорди и статистика
[уреди | уреди извор]Успешност по клубови
[уреди | уреди извор]- ↑ Вклучувајќи и ТП Енглберт
- ↑ Вклучувајќи и ЈЕ Тизи-Узу
- ↑ Вклучувајќи и Ивуанјанву Национале
- ↑ Вклучувајќи и Обуаси Голдфилдс
Успешност по држави
[уреди | уреди извор]Држава | Титули | Вицешампиони |
---|---|---|
![]() |
14 | 7 |
![]() |
6 | 6 |
![]() |
6 | 2 |
![]() |
5 | 2 |
![]() |
5 | 1 |
![]() |
4 | 7 |
![]() |
3 | 8 |
![]() |
3 | 2 |
![]() |
2 | 5 |
![]() |
2 | 2 |
![]() |
2 | 2 |
![]() |
1 | 0 |
![]() |
0 | 2 |
![]() |
0 | 2 |
![]() |
0 | 2 |
![]() |
0 | 1 |
![]() |
0 | 1 |
![]() |
0 | 1 |
Нотес
[уреди | уреди извор]- ↑ Во 59-тата минута, Валид Ел Карти постигнал гол за Видад Казабланка кој последователно бил поништен заради сигнализација за офсајд од страна на линискиот судија. Поради дефект на VAR системот, прегледот на одлуката не можел да се спроведе. Верувајќи дека голот е валиден, Видад Казабланка протестирале против одлуката и натпреварот бил прекинат. По запирањето на натпреварот во 80-тата минута, истиот бил прогласен за загубен од Видад Казабланка и му била доделена победа на Есперанс Тунис, со што тие ја обезбедиле титулата во КАФ Лигата на шампионите.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„КАФ Лига на шампиони“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Official MTN CAF Champions League website Архивирано на 9 ноември 2006 г.