Премиер лига на Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Премиер лига на Египет
Egyptian Premier League logo.png
ЗемјаЕгипет Египет
КонфедерацијаКАФ
Основана1948
Број на клубови18
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воВтора Дивизија на Египет
(втора лига)
Домашен купКуп на Египет
Актуелен шампионАл Ахли Ал Ахли (39-та титула)
(2016–17)
Најмногу титулиАл Ахли Ал Ахли (39)
Вебсајтwww.efa.eg
Премиер лига на Египет 2017-2018

Премиер лига на Египет е професионална лига на египетските фудбалски клубови и претставува највисоко ниво на египетскиот лигашки фудбал. Лигата е составена од 18 клубови кој меѓу себе се натпреваруваат во 34 лигашки кола по системот секој против секого во два натпревари еден на домашен терен и еден во гости.

Актуелен шампион е Ал Ахли, а тоа воедно е и екипата со најголем број на титули вкупно 39.

Формат на натпреварување и спонзорство[уреди | уреди извор]

Натпреварување[уреди | уреди извор]

Во Премиер лигата на Египет се натпреваруваат 18 клубови. Сезоната трае од август до мај. Во текот на сезоната, секој клуб игра двапати со другите клубови, еднаш на нивниот домашен стадион и еднаш на оние на нивните противници, што вкупно прави 34 натпревари. Екипите добиваат три бода за победа и еден бод за нерешено. Не се доделуваат бодови за пораз. Тимовите се рангираат според вкупниот број освоени бодови, потоа директните соочувања, потоа гол-разликата, и на крајот по бројот на постигнати голови. На крајот од секоја сезона, клубот со најмногу бодови е крунисан за шампион. Ако бодовите се еднакви, директните соочувања, гол-разликата, и бројот на постигнати голови го одредуваат победникот. Трите екипи кој се најниско рангирани испаѓаат во Втората лига, а првите три екипи од трите групи во втората лигата, заедно, добиваат промоција на нивното место.

Спонзорство[уреди | уреди извор]

  • 2005–2007: Водафон Премиер лига на Египет.
  • 2007–2011: Етисалат Премиер лига на Египет.
  • 2011–2014: Водафон Премиер лига на Египет.
  • 2014–денес: Презентејшн Премиер лига на Египет.

Екипи[уреди | уреди извор]

Екипи во сезоната 2017-2018[уреди | уреди извор]

Шампиони[уреди | уреди извор]

  • 2010-2011 Ал Ахли Ал Ахли (36)
  • 2011-2012 Не е завршено поради трагичните настани на Стадионот во Порт Саид
  • 2012-2013 Не е завршено поради политички настани
  • 2013-2014 Ал Ахли Ал Ахли (37)
  • 2014-2015 Замалек Замалек (12)
  • 2015-2016 Ал Ахли Ал Ахли (38)
  • 2016-2017 Ал Ахли Ал Ахли (39)

Титули по клубови[уреди | уреди извор]

Екипа Титули Години
Ал Ахли Ал Ахли
39
1948–1949, 1949–1950, 1950–1951, 1952–1953, 1953–1954, 1955–1956, 1956–1957, 1957–1958, 1958–1959, 1960–1961, 1961–1962, 1974–1975, 1975–1976, 1976–1977, 1978–1979, 1979–1980, 1980–1981, 1981–1982, 1984–1985, 1985–1986, 1986–1987, 1988–1989, 1993–1994, 1994–1995, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998, 1998–1999, 1999–2000, 2004–2005, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2013–2014, 2015–2016, 2016–2017
Замалек Замалек
12
1959–1960, 1963–1964, 1964–1965, 1977–1978, 1983–1984, 1987–1988, 1991–1992, 1992–1993, 2000–2001, 2002–2003, 2003–2004, 2014–2015
Исмаили Исмаили
3
1966–1967, 1990–1991, 2001–2002
Терсана Терсана
1
1962-1963
Газл Ел-Махала Газл Ел-Махала
1
1972–1973
600px bordered White HEX-FF0000.svg Ел Олимпи
1
1965–1966
Ел Мокавлон Ел Мокавлон
1
1982–1983

Двојна круна[уреди | уреди извор]

Следните тимови ја освоиле двојната круна, односно го освоиле шампионатот и Купот на Египет во истата сезона:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]