Кени Милер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кени Милер
Лични податоци
Роден на 23 декември 1979(1979-12-23)(44 г.)
Роден во Единбург, Шкотска
Држава Шкотска Шкотска
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ванкувер Вајткепс
Број 7
Младинска кариера
Хибернијан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-2000 Хибернијан 45 (12)
1998-1999Стенхосемијур (позајмен) 11 (8)
2000–2001 Глазов Ренџерс 30 (8)
2001Вулверхемптон (позајмен) 5 (2)
2001-2006 Вулверхемптон 162 (50)
2006-2007 Селтик 33 (7)
2007-2008 Дарби Каунти 30 (4)
2008-2011 Глазгов Ренџерс 81 (49)
2011 Бурсаспор 15 (5)
2011-2012 Кардиф Сити 43 (10)
2012- Ванкувер Вајткепс 13 (2)
Репрезентација
2001- Шкотска 64 (17)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кенет "Кени" Милер (роден на 23 декември 1979) — шкотски фудбалер кој игра како напаѓач за Ванкувер Вајткепс и репрезентацијата на Шкотска. Милер е само еден од пет играчи во повоениот период кој играле и за Ренџерс и за Селтик. Тој е познат како разноврсен и расен напаѓач кој добро игра со глава и може да игра како поддршка за централниот напаѓач или како централен напаѓач.

Милер ја започна својата кариера во Хибернијан пред да премине во Ренџерс, а потоа заигра за тимот од Чемпионшип лигата Вулверхемптон, каде ја освои својата прва награда во кариерата, откако со својот тим победи во финалето на плеј-офот и избори промоција во Премиер лигата. По пет сезони со Вулверхемптон, Милер се врати во Шкотска, потпишувајќи за другата страна на Олд фирм - Селтик. Тој ја завршил својата единствена сезона во Селтик со титули од SPL и Шкотскиот Куп.

По една сезона со Дарби Каунти, тој се вратил во Шкотска да игра за Ренџерс повторно. Милер ја освјува уште еден SPL и шкотски куп наслов и на тоа го придодава шкотскиот Лига Куп во двете целосни сезони со Ренџерс. Тој се пресели во турскиот клуб Бурсаспор во јануари 2011 година, но се врати во Велика Британија подоцна таа година, потпишувајќи за Кардиф Сити.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Хибернијан[уреди | уреди извор]

Милер израснал во Маселбург, а потпишал за локалниот тим Хибернијан на возрст од 17 години. Тој го направил своето деби против Мадервел во сезоната 1997-1998. Тој беше пратен на позајмица во Стенхосемијур, каде беше двоен стрелец на пет натпревари и имаше скор од 10 гола во 11 лигашки и Шкотски Куп натпревари, пред да се врати во Хибернијан и да се стабилизира како редовен играч од почетната постава. Во неговите четири години во клубот тој стана најдобар стрелец на клубот во сезоната 1999-2000 и ја прими наградата за најдобар шкотски млад играч на годината во 2000 година.

Ренџерс[уреди | уреди извор]

Милер потпиша за Ренџерс за сума од 2.000.000 £ на 26 јуни 2000. Тој го направи своето деби во победата од 4-1 над ФБК Каунас на 26 јули за време на натпревар од квалификациите од Лигата на шампионите. Првиот гол на Милер во дресот на Ренџерс дојде на 5 август 2000, во лигашки натпревар нагостувањето кај Килмарнок, забележувајќи го третиот гол зад своето име во победато од 4-2.

Три месеци подоцна, Милер постигна пет гола (што е рекорден број на погодоци кој еден играч ги постигнал на еден натпревар во Шкотската Премиер Лигата) во демолирањето на Сент Мирен со 7-1 на нивен терен. Следните погодоци на Милер беа против Монако и Абердин и стигна до 10 гола само четиринаесет натпревари. Сепак, шансите останаа ограничени потоа и како оваа сезона се приближуваше кон крајот тој постигна само уште еден гол, против Бречин Сити во Шкотски Куп. Милер беше направил вкупно 38 настапи и постигна 11 гола за Ренџерс.

Вулверхемптон[уреди | уреди извор]

Во септември 2001 година, Милер отиде во Вулверхемптон на три месечен заем, постигнувајќи два погодока во овој период против Гилингам и Волсал. Сепак, по само пет настапи, Милер ја скршил коската при паѓање. Во декември 2001 година, волците обезбедија траен трансфер на Милер за сума од £ 3.000.000, на четири и пол годишен договор.   Во сезоната 2002-03 Милер се врати назад во почетните 11 на волците, но тој успеа да реализира само шест гола во 19 настапи. Сепак, во текот на последните шест месеци од сезоната тој постигна 18 гола во неговите последни 24 настапи на таа кампања, вклучително и погодок во плеј-оф финалето што му помогна на клубот да освои промоција.

Сезоната 2003-04, Милер ја започна во собата за физиотерапија. Тој не беше во состојба да игра сè до октомври кога тој го направи своето деби во елитата на Англија во Премиер лигата. Тој играше во 4-5-1 формација во следните неколку месеци, поставен како десно крило. Ова го доведе до фрустрација Милер, па така единствените негови голови до јануари дојдоа во Лига купот, против Барнли и беше двата против Кидерминстер Хериерс во ФА Купот на 13 јануари. Следната сабота Вулверхемптон го шокираше Манчестер Јунајтед победувајќи го со 1-0, а токму Милер го постигна победничкиот погодок во 65-тата минута. Веќе следната среда тој реализираше погодок во последната минута за да го израмни резултатот против Ливерпул на 1-1, носејќи му бод на својот тим. И покрај тоа што започна уште неколку натпревари во улогата на напаѓач, оние два гола беа единствените на Милер во Премиер лигата и волците на крајот на сезоната испаднаа во понизок ранг.

И покрај испаѓањето тој остана во Вулверхемптон уште две сезони пред да се врати назад во Шкотска.

Селтик[уреди | уреди извор]

Кога договорот на Милер истече на крајот од сезоната, тој направи трансфер во Селтик како слободен агент. Тој потпиша пред-договор во јануари, откако одбил да потпише нов договор со Волците еден месец порано. Милер стана само третиот играч по Втората светска војна кој настапувал на двете страни во Олд Фирм дербито - по Алфи Кон и Морис Џонстон.

Милер го добил дресот со бројот 9 по неговото пристигнување во Селтик. Тој претрпе тежок старт во клубот не успевајќи да постигне погодок во својте први девет натпревари. Тој конечно го постигна својот прв гол и тоа против Олд Фирм соперниците и неговите поранешни работодавци, Ренџерс на Селтик Парк во септември 2006 година. Тој продолжил да постигнува голови во следниот натпревар на Селтик во победата од 1-0 во Лигата на Шампионите против Копенхаген, реализирајќи удар од пенал и постигна два гола во победата од 3-0 над Бенфика. Постигнувајќи погодоци во кампањата 2006-07 во Лигата на шампионите, Милер стана првиот играч кој успеал да постигне гол во ова натпреварување и за двата соперници Ренџерс и Селтик. Сепак, тој ја заврши сезоната со само четири лигашки голови. Тој исто така играше во финалето на шкотскиот куп 2007, пред да биде заменет поради повреда. Тој го постигна својот прв гол во неговото прво појавување во Шкотската Премиер лига за сезона 2007-08 во победата од 4-1 над Фолкерк и на својата колекција додал уште два гола во следната недела со против Абердин. Тој постигна вкупно 11 гола во 46 настапи за клубот.

Дерби Каунти[уреди | уреди извор]

Милер потпишал три годишен договор со новиот член на англиската Премиер лигата, Дарби Каунти на 31 август 2007 година за необјавена сума, а подоцна потврдена од менаџерот на клубот Пол Џуел дека е блиску до 2.25 милиони фунти.

Милер започнал добро во неговиот нов клуб, постигнувајќи погодоци во неговите први два натпревари дома, вклучувајќи го и победеносниот на неговото лигашко деби за Овните против Њукасл Јунајтед во победата од 1-0 на 17 септември. Сепак, по овој почетен успех Милер постигнал само уште два гола во неговите следни 28 првенствени натпревари. За жал, тука не му се погодил ниту клубот откако Дарби бил вистински аутсајдер и залепен за дното во најголемиот дел од сезоната, а споменатата победа над Њукасл била и единствената за клубот во Премиер лигата за оваа сезона, завршувајќи со само 11 бода во 38 кола.

По помалку од седум месеци во клубот и по испаѓањето на Дарби, Милер изразил желба да си замине - а неговото можно следно одредиште било враќање во Ренџерс иако менаџерот на Овните Џуел инсистирал тој да остане.

Ренџерс[уреди | уреди извор]

Кени Милер со соиграчот Стивен Нејсмит во ноември 2010

Сумата од 2.000.000 фунти претставувала договор помеѓу Ренџерс и Дарби кој му овозможи на Милер да се врати назад на Иброкс стадионот. Договорот беше завршен на 13 јуни. Враќањето на Милер на Иброкс значи дека тој е единствениот играч во модерната ера кој успеал да се врати назад во Ренџерс откако играл за Олд Фирм соперникот Селтик, и само втор во историјата, по Том Данбар во 1890-тите.

Интересно, Милер го направи своето второ деби во вториот престој во клубот повторно во квалификациите за Лигата на шампионите и повторно против литванскиот шампион ФБК Каунас, против кој дебитираше во дресот на Ренџерс и пред 8 години. Натпреварот се одигра на 30 јули 2008 година, а Ренџерс иако беше домаќин на тој натпревар неуспеа да го пробие бедемот на гостите па натпреварот заврши без голови 0-0. Подоцна во реваншот, Милер и неговите колеги од тимот беа поразени со пресврт (2-1, водеа 1-0) и Ренџерс ја заврши својата сезона во Европа уште на почетокот на август. На својот прв гол Милер чекаше до Олд Фирм дербито во кое постигна два за победа на Ренџерс со 2-4 на гости на 31 август. Потоа следеа уште два гола против неговите поранешни работодавци Хибернијан во еден месец подоцна. Милер играше и во финалето на шкотскиот Лига куп во март 2009 година, но Ренџерс го загуби натпреварот со 2:0 од Селтик по екстра времето. Сепак, тој се закити со лигашкиот победнички медал со Ренџерс и тоа на последниот ден од сезоната, а потоа го освои и Шкотскиот куп.

Милер имаше повреда пред почеток на сезоната 2009-10, но го доби признанието играч на натпреварот по уште еден блескав перформанс во првото Олд Фирм дерби за сезоната, постигнувајќи ги двата гола за Ренџерс и водејќи ги во пресврт-победа од 0-1 до 2-1. Во март 2010 година, тој го постигна победничкиот гол во финалето на Лига Купот против Сент Мирен, и тоа откако Ренџерс остана само со девет луѓе на теренот.

Милер го доби дресот со бројот 9 по замнувањето на Крис Бојд во Мидлзборо. Тој го постигна својот втор хет-трик за Ренџерс против Хибернијан на 22 Август 2010 година; неговиот прв беше кога тој постигна пет гола против Сент Мирен во ноември 2000. Во овој период Милер тврди дека се наоѓа во "формата на неговата кариера" по постигнувањето на десет гола во првите шест натпревари во лигата во сезоната 2010-11. Тој станува ноќна мора за својот некогашен клуб, а сега лут соперник Селтик, против кого беше двоен стрелец уште еднаш овојпат во првото Олд Фирм дерби во сезоната 2010-11.

Милер постигна 22 гола до почетокот на јануари, кога Ренџерс ја прифатил понудата од £ 700,000 од Бирмингем Сити од страна на нивниот менаџер Алекс МекЛиш кој работеше со Милер и претходно на неколкупати, а и на стартот на кариерата на Милер во Хибернијан. Сепак, пониската понуда од турскиот клуб Бурсаспор подоцна беше прифатена, и Милер се сели во клубот на кој претходно му даде гол во дресот на Ренџерс порано таа сезона во Лигата на Шампионите. И покрај заминувањето од Ренџерс во текот на средината на сезоната, тој ја заврши сезоната како најдобар стрелец во SPL.

Бурсаспор[уреди | уреди извор]

На 21 јануари 2011 година, Милер официјално потпиша за Бурсаспор. Тој го направи своето деби за турскиот тим два дена подоцна во натпревар без погодоци со Конијаспор, а се појави во игра како замена во последните 25 минути на местото на Пабло Батаља.

Титули[уреди | уреди извор]

Шкотска Селтик[уреди | уреди извор]

Шкотска Ренџерс[уреди | уреди извор]

Велс Кардиф[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]