Нелсон Семедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нелсон Семедо
Mex-por-14 (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 16 ноември 1993 (1993-11-16) (25 г.)
Роден во Лисабон, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 2
Младинска кариера
2008-2011 Синтренсе Синтренсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2012 Синтренсе Синтренсе 26 (5)
2012-2016 Бенфика Б Бенфика Б 63 (4)
2012-2013Фатима Фатима 29 (0)
2015-2017 Бенфика Бенфика 43 (2)
2017- Барселона Барселона 39 (1)
Репрезентација
2016 Португалија Португалија 23 1 (0)
2015- Португалија Португалија 8 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Нелсон Кабрал Семедо (16 ноември 1993) е португалски фудбалер, играч од одбраната на Барселона и на португалската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Лисабон, Семедо станал професионалец преку младинскиот систем на Синтренсе, правејќи го своето деби за првиот тим на возраст од 17 години. На 12 јануари 2012 година тој заедно со соиграчот Мануел Лиз потпишале петгодишен договор со португалскиот гигант Бенфика, кој стапил на сила на 1 јули истата година. Првата сезона од договорот со Бенфика ја одрабиотил на позајмица во екипата на Фатима, во третата дивизија.

Семедо се вратил во Бенфика во оф-сезона од 2013 година, и бил регистриран за настап во Б-тимот во Сегунда Лига. Своето деби го направил на 10 август во 0-0 против Трофенсе. По речиси 60 настапи за вториот тим, тој бил наметнат како идна замена за долгогодишниот десен бек Макси Переира. По престојот на Переира, Семедо го продолжил договорот до 2021 година и се приклучил на првиот тим на нивната предсезонска турнеја во Северна Америка во јули 2015 година. На 9 август 2015 година, тој го направил своето деби за првиот тим на Бенфика во поразот со 0-1 од Спортинг Лисабон во Суперкупот на Португалија. Една недела подоцна тој го постигна својот прв гол за нив, против Есторил Праја во победата со 4-0 во Примеира лигата. Откако се востановил во почетните единаесет, Семедо доживеал неуспех во октомври 2015 година, кога тој се здоби со повреда играјќи за националниот тим. Тежината на повредата на неговото десно колено била сериозна поради што му била потребна операција, поради која пропуштил два месеци. Тој се вратил во акција во почетокот на јануари, но не можел да ја репродуцира својата претходна форма и го загубил своето место во стартната постава од Андре Алмеида па ја заврши кампањата играјќи за резервниот тим.

Во сезоната 2016-2017, Семедо ја поврати својата стартна позиција и станал третиот најкористен играч во историската четврта титула во лигата по ред. Тој постигнал еден погодок во лигата во победата со 2-1 на над Арука, и еднаш во Лигата на шампионите во групната фаза против Бешикташ во ремито 3-3. Во финалето на Купот на Португалија, на 28 мај 2017 година, Семедо му асистирал на Едуардо Салвио за вториот гол, а Бенфика го подигнала трофејот откако ја победиле Виторија Гимараеш со 2-1. За неговите настапи во текот на целата сезона, тој ја освои наградата за Пробив на годината од Лига на Португеsа де Футбол Професионал.

На 13 јули 2017 година, Барселона објави договор со Бенфика за потпишување на Семедо, во очекување на медицински тестови. Тој потпиша петгодишен договор следниот ден, при што португалскиот клуб добил 30,5 милиони евра плус уште еден потенцијален 5 милиони евра за секои 50 натпревари за кои се појавил за неговиот нов тим. Тој го имаше своето деби на 16-ти август во вториот натпревар од Суперкупот на Еспања против Реал Мадрид, загуби 0-2 на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Семедо го направи своето деби за Лигата на шампионите за клубот на 13 септември 2017 година, и бил пофален за неговиот настап во победата од 3-0 во групната фаза над Јувентус.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]