Рајан Шотон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајан Шотон
Ryan Shotton
Лични податоци
Роден на 30 октомври 1988 (1988-10-30) (30 г.)
Роден во Стоук на Трент, Англија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Стоук Сити
Број 30
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007- Стоук Сити 6 (1)
2007-2008Алтринхам (позајмен) 34 (5)
2008-2009Транмере Роверс (позајмен) 33 (5)
2009-2010Барнсли (позајмен) 30 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Рајан Колин Шотон (англиски: Ryan Colin Shotton) е англиски фудбалер кој во моментов настапува за тимот на Стоук Сити во Англиската Премиер лига. Тој истотака е препознатлив по долгите уфрлања на топката од аут нешто што го наследил од својот соиграч од Стоук Сити Рори Делап.Во Стоук Шотон и ја започнал својата професионална кариера. На почетокот од кариерата играл како напаѓач (игра и денес,но по потреба), но подоцна кога бил позајмен на Алтринхам почнал да игра како централен одбранбен фудбалер, а подоцна и како десен бек. Тој бил избран за играч на годината во тимот таа сезона. Во својот матичен клуб се враќа пред почетокот на сезоната 2010-2011, а својот прв меч за Стоук Сити го одиграл на 8 јануари против Кардиф Сити во третата рунда на Фа Купот. Своето деби за Стоук во Премиер лигата го имал на 30 април 2010 против Блекпул кога влезе во игра во 56-тата минута како замена за Енди Вилкинсон. Првиот лигашки гол за "грнчарите" го постигна на 28 август 2011 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион во 90-тата минута за победа на Стоук од 0:1.