Рикардо Кварежма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рикардо Кварежма
Ricardo Quaresma (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 26 септември 1983 (1983-09-26) (35 г.)
Роден во Лисабон, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Бешикташ Бешикташ
Број 7
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2003 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 59 (8)
2003-2004 Барселона Барселона 22 (1)
2004-2008 Порто Порто 114 (24)
2008-2010 Интер Интер 24 (1)
2009Челси Челси 4 (0)
2010-2012 Бешикташ Бешикташ 46 (18)
2013 Ал Ахли Ал Ахли 10 (2)
2014-2015 Порто Порто 42 (10)
2015- Бешикташ Бешикташ 100 (12)
Репрезентација
2000 Португалија Португалија 17 5 (2)
2000-2001 Португалија Португалија 19 4 (0)
2002-2006 Португалија Португалија 21 21 (6)
2003- Португалија Португалија 80 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Рикардо Андраде Кварежма Бернардо (роден во Лисабон, 26 септември 1983) е португалски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред на Бешикташ и на португалската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Неговиот прекар е Ciganito (малиот циган), бидејќи неговиот татко е од ромско потекло; мајка му е анголка. Неговиот брат Алфредо и неговиот дедо Артур биле фудбалери. Тој има брат по име Абелардо, кој исто така бил фудбалер.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал на 16 годишна возраст во резервниот тим на Спортинг Лисабон, а потоа бил прекомандуван во првиот тим за сезоната 2001-02 од страна на тренерот Лашло Болони. Во таа сезона, одиграл 28 натпревари и постигнал 3 гола во освојувањето на првенствената титула. Дебито на Кварежма во Примеира лигата дошло во натпреварот на Спортинг против Порто.

Во сезоната 2002-03 бил втор најкористен играч на Спортинг Лисабон: 31 изигран натпревар, вкупно 2216 минути поминати на тернот и 5 постигнати голови. Сезоната за клубот била слаба, завршувајќи на третото место, па почнале да се шират шпекулации околу иднината на Кварежма.

Барселона[уреди | уреди извор]

Во 2004 година бил купен од страна на Барселона за 6 милиони евра плус бесплатен заем на Фабио Рочембак во клубот од Лисабон.[1] Тој одиграл 22 натпревари, 10 како стартер и 11 како замена, постигнувајќи еден гол.

За време на Европското првенство 2004 најавил дека повеќе не сака да игра за Барселона, додека таму е тренер Франк Рајкард.[2] Португалецот бил ставен на трансфер листата и на крајот бил продаден на лутиот ривал на неговиот прв тим Спортинг, екипата на Порто како дел од трансферот на Деко во Барселона.[3]

Порто[уреди | уреди извор]

Кварежма ја започнал својата кариера во Порто со одлични игри, постигнувајќи гол во својот деби натпревар во Суперкупот на УЕФА 2004 (пораз со 2-1 од Валенсија),[4] и бил стрелец на единствениот гол во триумфот на Порто против Бенфика во Суперкупот на Португалија. Тој постигнал пет гола во 32 натпревари од португалскиот шампионат и бил постојан стартер во натпреварите на Порто во Лигата на шампионите. Тој, исто така придонесол за победата на Порто против Онсе Калдас во Интерконтиненталниот куп, реализирајќи еден пенал во пенал-серијата што заврши со резултат 8-7 во корист на Порто.

Кварежма беше жестоко критикуван за време на неговата прва година со Порто заради неговата себичност и обидите често да ја надмудри гостинската одбрана, наместо да направи едноставно додавање. Тој постепено почнал да ги вклучува своите соиграчи во игра, и по својата трета година со Порто, станал миленик на навивачите и клучна компонента на тимот.

Интер[уреди | уреди извор]

Кварежма во Интер

На 1 септември 2008 година, Кварезма потпишал за италијанскиот шампион Интер за кеш плус размена на играч во вкупна сума од 18.600.000 €, во која младиот португалски играч од средниот ред Пеле заминал за Порто.[5]

Тој го одиграл својот прв натпревар за клубот во пријателска средба против Локарно, играјќи како лево крило. Натпреварот завршил 2-2, и Кварежма бил прогласен за човек на натпреварот. Тој бил одлучувачки во својот прв Серија А натпревар против Катанија, по неговиот удар Џузепе Маскара постигнал автогол. Натпреварот завршил 2-1 за Интер.[6] Кварежма, сепак, неуспеал да се избори за место во стратните XI на Интер, а тренерот Жозе Мурињо изјавил:.

"Тој е голем талент, но радоста што ја имам додека го гледам начинот на кој Ибра работи за и со тимот јас сеуште не сум го видел од Кварежма тој ќе мора да научи, во спротивно тој нема да игра, и јас сум сигурен дека тој ќе се промени и дека ќе стане повеќе тактички дисциплиниран. Тој сака шутирање на топката со надворешната страна на стапалото, но ако мене ме прашувате за него за неколку месеци, ние ќе зборуваме за различен Кварежма".[7][8]

Своето време во Италија не може да го смета за успешно бидејќи не успеал да остави добар впечаток, па дури ја добил златната канта наградата за најлош фудбалер во Серија А за 2008 година.[9]

Позајмицата во Челзи и враќање во Интер[уреди | уреди извор]

На 2 февруари 2009, последниот ден од прелазниот рок во Англија, Кварежма дошол на позајмица во Челзи до крајот на сезоната. [10] Дебито за сините го имал на 7 февруари 2009 против Хал Сити, започнувајќи како стартер и играл до 63-тата минута кога бил заменет со Дидје Дрогба, во натпреварот што завршил без голови (0-0).[11] Кварежма изјавил дека многу подобро се чувствува во Челзи и дека има многу повеќе самодоверба отколку во Интер.[12] Својот последен натпревар за Челзи го одиграл на 21 март кога неговиот тим бил поразен од Тотенхем со 1-0. На крајот од сезоната се вратил во Интер.

Во летото Интер се обидел да го продаде Кварежма,[13] но не наишле на интерес. По пензионирањето на Луис Фиго, Кварежма го превземал неговиот дрес со број 7, а Мурињо најавил дека ќе му даде шанса во новата сезона.[14] Првиот натпревар во сезоната го имал против Бари, влегувајќи како замена за Патрик Виера.[15] По долга серија на отсуство од натпреварите, за прв пат како стартер во сезоната 2009-10 Кварежма играл против Фјорентина,[16] но за време на натпреварот се повредил и бил заменет во 73-тата минута од Мансини. Со доаѓањето во клубот на Горан Пандев испаднал од плановите на Мурињо и уште поретко добивал шанса. До крајот на сезоната само уште еднаш бил стартер за Интер во натпреварот против Ливорно на 24 март 2010.

Бешикташ[уреди | уреди извор]

Кварежма во дресот на Бешикташ.

На 13 јуни 2010 Кварежма му се приклучил на турскиот Бешикташ.[17] Бешикташ платил 7,3 милиона евра за неговиот трансфер, а играчот потпишал тригодишен договор според кој во првата сезона ќе заработи 3,5 милиони а во другите две сезони по 3,75 милиони евра. Својот прв гол го постигнал против Плзењ во Лига Европа.[18] Кварежма бил еден од најважните играчи во освојувањето на турскиот куп во 2011 годинa. Во финалниот натпревар против Истанбул го постигнал првиот гол во 33-тата минута а мечот е завршен со резултат 2-2, за по изведувањето на пенали Бешикташ да победи со 4-3. Кварежма бил прогласен за играч на натпреварот.[19] Во март 2012 клубот го суспендирал заради конфликтот кој го имал со тренерот Карлос Карвалал, откако овој го извадил од игра во натпреварот против Атлетико Мадрид.[20] Кварежама наводно рекол: "Јас ве донесов овде, а вие мислите само на себе. Ако ја не бев тука, [Карвалал] тој не би бил овде. Ти не можеш да ме отстраниш од натпреварот затоа што ти си ништо."

Во декември 2012 е отпуштен од клубот.[21]

Ал Ахли[уреди | уреди извор]

Во јануари 2013 Кварежма потпишал договор со екипата на Ал Ахли од Дубаи.[22] Во мај истата година е отпуштен.[23]

Враќање во Порто[уреди | уреди извор]

По раскинувањето на договорот со Ал Ахли и заминувањето од Дубаи во мај 2013 година бил без клуб цели шест месеци. На изненадување на многумина на 1 јануари 2014 Кварежма се вратил воПорто, клубот во кој ги пружил најдобрите партии во текот на кариерата и каде ги остварил најдобрите резултати како екипни така и индивидуални. Дури 10.000 навивачи на португалскиот гигант го дочекале Кварежма на неговиот прв тренинг по враќањето на Драгао.[24] Како и при својот прв престој во Порто повторно го зел дресот со број 7.

Враќање во Бешикташ[уреди | уреди извор]

На 21 јули 2015, Кварежма се вратил во турскиот Бешикташ потпишувајќи договор на две години со можност за плус уште една.[25][26] Во својата прва сезона одиграл 26 натпревари и постигнал 4 гола, а на крајот на сезоната со клубот го освоил турското првенство.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Кварежма со репрезентацијата до 17 години го освоил Европското првенство 2000 година. Своето деби во сениорската репрезентација го имал во јуни 2003, во пријателски натпревар против Боливија. [27]

Заради повреда морал је да ги пропушти Европско првенство за играчи до 21 година 2004, Евро 2004 и Олимписките игри 2004.[28] Не играл ниту на Светското првенство 2006, но затоа настапил на Европското првенство 2008, каде неговата репрезентација била елиминирана во четвртфиналето.

Заради лошата форма не бил повикан на Светското првенство 2010, но повторно настапувал на Европското првенство 2012 каде со својата репрезентација стигнал до полуфиналето.

Кварежма не се нашол во составот меѓу 23-тите играчи на Португалија ниту за следното Светско првенсгво во 2014. Затоа пак бил повикан за Европското првенство 2016 во Франција каде Португалците неочекувано стигнале до титулата; тој постигнал еден гол на турнирот, меѓутоа решавачки за победата над Хрватска во осминафиналето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barca seal Quaresma swoop“, Sky Sports, 18 јули 2003 (посет. 3 февруари 2010 г).
  2. Quaresma in Barca quit threat“, „Sky Sports“ (посет. 24 април 2013 г).
  3. "Facto relevante" (PDF). FC Porto (in Portuguese). 6 July 2004.
  4. „2004: Baraja brings joy to Valencia“. UEFA. конс. 21 May 2014. 
  5. „Quaresma completes Inter switch“. Internazionale. 1 September 2008. 
  6. "Quaresma goal against Catania" (video). YouTube. Retrieved 24 April 2013.
  7. „Mourinho: A deserved Victory“. Inter Milan. 22 October 2008. 
  8. „Mourinho fires warning to Quaresma“. Portugoal. 20 October 2008. 
  9. „Quaresma wins Bidone d'Oro“. ESPN Soccernet. 12 December 2008. конс. 9 September 2012. 
  10. „Quaresma signs on loan“. Chelsea F.C. 2. 2. 2009. конс. 13. 12. 2013. 
  11. Chelsea 0–0 Hull“, „BBC Sport“, 7. 2. 2009. (посет. 13. 12. 2013 г).
  12. „The Thursday Interview: Ricardo Quaresma“. Chelsea FC. 26. 3. 2009. конс. 13. 12. 2013. 
  13. "Ricardo Quaresma vows to win over Inter fans". Goal.com. 7. 9. 2009.
  14. "Jose Mourinho To Give Ricardo Quaresma Second Inter Chance". Goal.com. 10. 7. 2009. Retrieved 13. 12. 2013.
  15. „Stuttering start for Mourinho as Inter held by Bari“. Portugoal.net. 23. 8. 2009. конс. 13. 12. 2013.. 
  16. SportMediaset.it (уред.). „Quaresma, infortunio col giallo“. конс. 08-12-2009.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  17. „Quaresma moves from Inter Milan to Besiktas“. espnfc.com. 13. 6. 2010. конс. 13. 12. 2013.. 
  18. Eagles advance to playoffs after beating Czech side“, „Today's Zaman“, 7. 8. 2010. (посет. 13. 12. 2013. г).
  19. "49.Ziraat Türkiye Kupası'nda şampiyon Beşiktaş" TFF. 11. 5. 2011. Retrieved 13. 12. 2013.
  20. „Quaresma suspended indefinitely by Besiktas“. Goal.com. 11. 3. 2012. конс. 13. 12. 2013.. 
  21. „Quaresma released by Besiktas“. ESPN FC. 20. 12. 2012. конс. 13. 12. 2013.. 
  22. Al Ahli recruit Quaresma keen to start work“, „The National“, 9. 1. 2013.
  23. Mohammad Yousuf and Ricardo Quaresma end stints with Al Ahli“, 29. 5. 2013. (посет. 13. 12. 2013 г).
  24. Ricardo Quaresma : É nesta casa que me sinto feliz“, „fcporto.pt“, 1. 1. 2014.
  25. Ricardo Quaresma (Porto) de retour à Besiktas lequipe
  26. Football: Porto's winger Quaresma to return to Besiktas aa.com.tr
  27. „Ricardo Quaresma“. eu-football.info. конс. 13. 12. 2013.. 
  28. „Ricardo Quaresma profile: 10 things you need to know about Chelsea's new signing“. Мirrorfootball.co.uk. конс. 13. 12. 2013.. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]