Киаран Кларк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ирска Киаран Кларк
FIFA WC-qualification 2014 - Austria vs Ireland 2013-09-10 - Ciaran Clark 04.JPG
Лични податоци
Роден на 26 септември 1989 (1989-09-26) (воз. 27 г.)
Роден во Лондон, Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција централен одбранбен, лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Астон Вила Астон Вила
Број 6
Младинска кариера
Астон Вила Астон Вила
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009– Астон Вила Астон Вила 91 (5)
Репрезентација
2011-  Ирска 9 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Киаран Кларк (роден на 26 Септември 1989 година во Хароу, Англија) е фудбалер од Република Ирска кој игра во Премиер лигата за екипата на Астон Вила и репрезентацијата на Република Ирска. Кларк природно е играч од одбраната и игра како централен дефанзивец, но исто така, може да работи и како дефанзивен играч од средниот ред и како лев бек.

Кларк бил капитен на Англија во селекциите под-18 и под-19 години, но во октомври 2010 година ја искажал својата амбиција да игра за Република Ирска. Тој беше повикан во националниот тим на Ирците еден месец подоцна на пријателскиот натпревар против Норвешка, и го направи своето целосно деби против Велс на 8 февруари, 2011 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Астон Вила[уреди | уреди извор]

Почетокот на кариерата[уреди | уреди извор]

Иако роден во Лондон и растел во Сенди, Кларк дошол на Вила Парк преку младинската школа на Астон Вила на возраст од единаесет години. Тој бил капитен на У-18 тимот на академијата за време на кампањата на 2007-08 во резервната лига, моминско лига на академијата наслов. Нему му беше даден сениорски тимски број за сезоната 2008-09 и сенашол на клупата за резерви на Вила за натпревар од Купот на УЕФА нагостувањето кај ЦСКА Москва, но остана неискористена замена.

Сезоната 2009-10[уреди | уреди извор]

Кларк беше вклучен во предсезонските подготвителни натпревари на Вила за сезоната 2009-2010. На 30 август 2009 година, тој го направи своето деби во Премиер лигата во победата со 2-0 над Фулам. По повредата на Картис Дејвис, тогаш деветнаесет-годишниот Киаран Кларк беше именуван во стартната постава на Вила, како партнер на Карлос Куељар во центарот на одбраната. Тој помогна за чиста мрежа на клубот и речиси го одбележа своето деби со погодок, но неговиот удар со глава беше за малку непрецизен. Иако во тимот се прави ново сериозно партнерство од новите засилувања Џејмс Колинс и Ричард Дан и Кларк во главно е на клупата, тој сепак за побрз период од очекувано успеал да се пробие во првиот тим на Астон Вила во рок од само година дена. Во ноември 2009 година тој потпишал нов договор со тимот до 2012 година. Втор настап на Кларк во дресот на Астон Вила дојде на Вила Парк во победата на домашната екипа над Брајтон и Хов Албион со 3-2 во ФА Купот.

2010-11 сезона[уреди | уреди извор]

Кларк ги започна првите два лигашки натпревари на Астон Вила во сезоната 2010-11 сезона: против Вест Хем Јунајтед, како партнер на Ричард Дан и ја зачувуваат својата мрежа чиста, за потоа против Њукасл Јунајтед да бидат целосно разбиени со 6 гола во нивната мрежа. Кларк, исто така, беше во почетниот тим на Жерар Улие и во првиот натпревар како нов менаџер на Вила, против Блекбурн Роверс во Лига купот. Тој потоа го почна натпреварот против локалните ривали Бирмингем Сити играјќи во средниот ред и продолжи да ја има истата улога и против Фулам и Блекпул поради кризата со повреди од овој дел од теренот на клубот. На 27 ноември 2010 година, Кларк ги постигна своите први два гола за клубот во поразот со 4-2 од Арсенал дома. На 2 јануари 2011 тој постигна израмнувачки погодок во 91 минута против Челзи на 2 јануари 2011 година за да му донесе бод на својот тим.

2011-12 сезона[уреди | уреди извор]

Кларк го постигна својот прв погодок во сезоната во натпревар од ФА Купот против Бристол Роверс на 29 јануари 2011 година, со фантастичен соло продор. Тој одигра 15 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, најчесто како лев бек и постигна еден погодок на 6 мај 2012 носејќи му водство на својот тим од 1-0 против Тотенхем во натпревар што заврши 1-1.

2012-13 сезона[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2012-13 Кларк е прв избор во централниот дел на одбраната на новиот менаџер на Астон Вила, Пол Ламберт. Тој беше стратер во првите два меча во сезоната во Премиер лигата, но беше исклучен во второто коло на 25 август 2012 година за направен професионален фаул над Никица Јелавиќ во натпреварот против Евертон. Тој се врати во стартниот тим на Вила, по одлежувањето на суспензијата од еден натпревар, на 3 септември 2012 година нагстувањето кај Њукасл Јунајтед. Тој беше и стрелец во овој натпревар во 22 минута за накрајот натпреварот да заврши 1-1. Кларк беше стартер и во следните 4 натпревари на тимот.

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Астон Вила[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]