Тим Хауард
Тим Хауард | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 6 март 1979 | ||
Роден во | Њу Џерси, САД | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 1 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1997–1998 | Норт Џерси Империалс | 16 | (0) |
1998–2003 | МетроСтарс | 88 | (0) |
2003–2007 |
![]() | 45 | (0) |
2006–2007 |
→![]() | 25 | (0) |
2007–2016 |
![]() | 329 | (1) |
2016– |
![]() | 77 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2002-2017 |
![]() | 121 | (0) |
† Учества (Голови). |
Тимоти Метју „Тим“ Хауард (роден на 6 март 1979 година) — американски фудбалер, голман на Колорадо Рапидс и поранешен репрезентативен голман на САД.
Кариера[уреди | уреди извор]
Хауард ја започнал својата кариера во Норт Џерси Империалс пред да се пресели во МетроСтарс во МЛС. Со неговите настапи во многу скоро време го привлекол вниманието на Манчестер Јунајтед, за кој потпиша во 2003 година. Тој уживал релативен успех со нив, освојувајќи го Комјунити Шилд во 2003, а потоа ФА Купот во сезоната 2003-04 како и Лига купот една сезона подоцна. Меѓутоа, со доаѓањето на Едвин ван дер Сар во Јунајтед, Хауард испаднал од почетната постава и во сезоната 2006-2007 заминал на заем во Евертон. Во февруари 2007, година потпишал постојан договор со Евертон и бил нивен незаменлив чувар на мрежата во следните десет години. На 4 јануари 2012 година, Хауард го постигна неговиот прв гол во професионалната кариера против екипата на Болтон. Ова го направило четвртиот голман во Премиер лигата кој успеал да постигне гол.
Хауард првпат ја претставувал својата репрезентација на САД во 2002 година и бил неискористена замена на Светското првенство 2006. Тој подоцна се стабилизира како прв избор и ги започнал сите натпревари на САД на Светското првенство 2010 и Светското првенство 2014 каде што неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето.
Титули[уреди | уреди извор]
Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]
- ФА Куп : 2003-04
- Лига куп : 2005-06
- Комјунити Шилд : 2003
САД[уреди | уреди извор]
- КОНКАКАФ Голд Куп победник: 2007
- КОНКАКАФ Голд Куп вице-шампион: 2011
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Тим Хауард на Soccernet Архивирано на 6 март 2010 г.
- Тим Хауард на soccerway
|