Роберто Ферари (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберто Ферари
Ферари на Тур де Франс 2013
Лични податоци
Цело имеРоберто Ферари
Роден9 март 1983 (1983-03-09) (36 г.)
Гавардо,  Италија
Висина1,73 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Професионални клубови
2006–2007
2008–2009
2010
2011–2012
2013-
Тим Тенакс
ЛРП Бракес-Балан
Де Роса-Стак Пластик
Андрони Џокатоли
Лампре-Мерида
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2012)
Последна промена
14 мај 2019

Роберто Ферари (италијански: Roberto Ferrari; р. 9 март 1983 во Гавардо) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[1]

Претходно, во 2011 и 2012 возел за професионалната континентална екипа Андрони Џокатоли-Сидермек.[2].

Кариера[уреди | уреди извор]

По третата етапа на Џиро д’Италија 2012 во Хорсенс, Данска, Ферари бил казнет со префрлување од 10. на 192. место, откако судиите на трката одлучиле дека тој бил одговорен за несреќата, која го собори светскиот првак Марк Кевендиш и лидерот во трката Тејлор Фини, откако се преместил од левата кон десната страна на патот во последните метри.[3] По несреќата изјавил дека „Јас не се грижев што се случува зад мене“. Тој не доби јавно одобрување со оваа изјава.[4] Подоцна, Ферари ја освоил етапата 11 – најдолгата етапа на трка – во спритерска завршница во Монтекатини Терме.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. ГП Чита ди Фелино
1. Трофео Чита ди Бреша
2007
12. ГП Коста делји Етруки
2008
1. Пролог Тур Ивоарин де ла По
4. ГП Коста делји Етруки
2009
1. Меморијал Марко Пантани
4. ГП Денен
2010
1. ГП ди Лугано
1. Џиро дел Фриули
1. Етапа 5 Трка Бриксија
2011
Тур де Сан Луис
1. Етапа 1
1. Етапа 3
2. ГП Коста делји Етруки
2012
1. Рут Адели
1. Флеш д’Емерод
1. Етапа 5, Трка околу Тајван
1. Етапа 11 Џиро д’Италија
2013
2. Копа Берноки
2015
3. Гран Премио Бруно Бегели
2016
3. Гран Премио ди Лугано

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 143 147 150 144 133 132 150
Jersey yellow.svg Тур 157 138
Jersey red.svg Вуелта 145

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UAE Team Emirates“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 6 јануари 2019. конс. 6 јануари 2019. 
  2. „Андрони Џокатоли (AND) - ITA“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 14 јануари 2012. 
  3. Судиите го казнија Ферари за опасниот спринт на Џиро“, VeloNews.com, 7 мај 2012 (посет. 8 мај 2012 г).
  4. Бен Аткинс. „Roberto Ferrari defiant after causing Giro sprint crash“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 7 мај 2012 (посет. 1 ноември 2012 г).
  5. Роберто Ферари го избегна падот и дошол до победа на најдолгата етапа на Џиро д’Италија“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 16 мај 2012 (посет. 16 мај 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]