Такаки Каџита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Такаки Каџита
梶田 隆章
Takaaki Kajita 5171-2015.jpg
Роден 9 март 1959 (1959-03-09) (воз. 58 г.)
Установи Институт за истражување на космичко зрачење, Токиски универзитет
Образование Сајтамски универзиет (дипл.)
Токиски универзитет (маг., докт.)
Ментори Масатоши Кошиба
Поважни награди Награда „Асахи“ (1988)
Награда „Бруно Роси“ (1989)
Нишинина спомен-награда (1999)
Панофскиева награда (2002)
Награда на Јапонската академија (2012)
Нобелова награда за физика (2015)
Сопружник Мичико

Такаки Каџита (јапонски: 梶田 隆章; р. 9 март 1959) — јапонски физичар, познат по неговите опити со неутрина во опсерваторијата „Камиока“ при Институт за истражување на космичко зрачење и нејзиниот наследник, неутринската опсерваторија „Супер-Камиоканде“ кај Хида, Јапонија. Во 2015 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со канадскиот физичар Артур Мекдоналд.


Кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во 1959 г. Хигашимацујама во префектурата Сајтама, средна Јапонија.[1]

Дипломирал на Сајтамскиот универзитет во 1981 г. Докторските студии ги завршил во 1986 г. на Токискиот универзитет.[2], а од 1988 г. работи во Институтот за истражување на космичко зрачење при Токискиот универзитет, каде во 1992 г. станал асистент, а во 1999 г. професор.[3]

Во 1999 г. Каџита е назначен за директор на Центарот за космички неутрина при Институтот за истражување на космичко зрачење (ICRR). Денес работи на Кавлиевиот институт за физика и математика на вселената во Токио и како директор на ICRR.[4]

Во 1998 г. екипата на Каџита во „Супер-Камиоканде“ дошла до откритие дека, кога космичките зраци Земјината атмосфера, исходните неутрина меѓусебно се менуваат по варијанти пред да стигнат до апаратурата.[2][5] Со овој наод, Каџита го докажал постоењето на неутринска осцилација и дека неутрината имаат маса. Во 2015 г. за ова ја добил Нобеловата награда за физика заедно со канадскиот физичар Артур Мекдоналд, чија Неутринска опсерваторија Садбери дошла до слично откритие.[5] Работата на овие двајца научници го разрешиле долгогодишниото прашање зошто до Земјата стигнува само една третина од неутрината, со тоа покажувајќи ја слабоста на стандардниот модел, каде неутрината важат за безмасени.[5] На конференцијата по повод наградата, Каџита шеговито им се заблагодарил на неутрината, а и на космичките зраци кои ги произведуват.[6]

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1989 — Награда „Бруно Роси“ заедно со другите членови на „Камиоканде“.
  • 2002 — Панофскиева награда
  • 1987 — Награда „Асахи“ заедно со другите членови на „Камиоканде“, и уште еднаш во 1999 г. заедно со другите членови на „Супер-Камиоканде“.
  • 1999 — Нишинина спомен-награда
  • 2013 — Награда „Јулиус Вес“
  • 2015 — Нобелова награда за физика заедно со Артур Мекдоналд за откриваањето на неутринските осцилации, со која се покажува дека неутрината имаат маса.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Takaaki Kajita - Facts“. Нобелова задолжбина. 6 октомври 2015. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/2015/kajita-facts.html. конс. 6 октомври 2015 г. 
  2. 2,0 2,1 „Japan’s Takaaki Kajita shares Nobel in physics“. Japan Times. 6 октомври 2015. http://www.japantimes.co.jp/news/2015/10/06/national/jjapans-takaaki-kajita-shares-nobel-prize-in-physics/. конс. 7 октомври 2015 г. 
  3. „2015 Nobel Prize in Physics: Canadian Arthur B. McDonald shares win with Japan's Takaaki Kajita“. CBC News. 6 октомври 2015. http://www.cbc.ca/news/technology/nobel-prize-physics-2015-1.3258178. конс. 6 октомври 2015 г. 
  4. „About ICRR“. Institute for Cosmic Ray Research, University of Tokyo. http://www.icrr.u-tokyo.ac.jp/about/greeting_eng.html. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Randerson, James and Ian Sample (6 октомври 2015). „Kajita and McDonald win Nobel physics prize for work on neutrinos“. The Guardian. http://www.theguardian.com/science/2015/oct/06/kajita-and-mcdonald-win-nobel-physics-prize-for-work-on-neutrinos. конс. 6 октомври 2015 г. 
  6. Overbye, Dennis (6 октомври 2015). „Takaaki Kajita and Arthur McDonald Share Nobel in Physics for Work on Neutrinos“. New York Times. http://www.nytimes.com/2015/10/07/science/nobel-prize-physics-takaaki-kajita-arthur-b-mcdonald.html. конс. 6 октомври 2015 г. 
  7. „The Nobel Prize in Physics 2015“. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/2015/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]